Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Июнь
2021

Новости за 24.06.2021

(Не)соодветна стратегија во спорот со Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарските мотиви за блокадата на Македонија во ЕУ се нејасни, но за постигнување на подобри резултати потребно е државата да ја промени стратегијата, вели поранешниот амбасадор Мухамед Халили. Поранешениот дипломат, Благој Зашов пак, смета дека Македонија во моментов не може поинаку да постапи, главно поради бугарската привремена влада.

Долгот на Црна Гора кон Кина и кредибилитетот на ЕУ на Балканот

SlobodnaEvropa.mk 

Црна Гора е близу до договор со една европска финансиска околу заемот од милијарда долари од кинеската Експорт импорт банка. Долгот може да ги комплицира надежите на Црна Гора за влез во Унијата. Срѓан Јанковиќ, Рид Стендиш и Ѓераќина Тухина

Локалните избори ќе се распишат во средината на летово

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието Талат Џафери на крајот на јули или почетокот на август ќе ги распише локалните избори што треба да се одржат во втората половина на октомври изјави денеска на редовната средба со новинари. Точниот датум за распишување на локалните избори зависи од информациите кога завршуваат мандатите на градоначалниците. Тој предупреди дека доколку изборите би се одржале на 17 октомври, тогаш изборната кампања би можела да се поклопи неколку дена со пописот на населението, што завршува на 30 септември. Читать дальше...

Малку фирми добиваат многу општински тендери

SlobodnaEvropa.mk 

За општините немаше зима во пандемиската година. За јавни набавки биле потрошени 129 милиони евра. Датабазата на Центар за граѓанска покажува дека малку фирми со години добиваат многу општински тендери.

Со два авиона викендов пристигнуваат кинеските вакцини „Синовак“ во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Во два авиона по 250 илјади дози в недела во Скопје ќе пристигнат кинеските вакцини против ковид-19 од фирмата „Синовак“, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека утре се очекува и пратката од американската компанија „Фајзер “од 100 илјади вакцини кои доаѓаат во земјава преку ковакс механизмот. Тие во употреба ќе бидат пуштени на почетокот од идната недела. „Верувам дека во понеделник и вторник ќе бидат пуштени во употреба“ изјави Филипче. Се спремаат протоколите... Читать дальше...

Унгарскиот анти-ЛГБТ закон и односите со Русија клучни теми на Самитот на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на Европската Унија денеска на Самитот ќе дискутираат за новата стратегија за односите со Русија, за контроверзниот унгарски закон со кој се забранува „промоција на хомофобија“ на малолетници. Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека унгарскиот закон „јасно ги дискриминира луѓето врз основа на сексуална ориентација. Таа додаде дека извршната власт на ЕУ размислува за какви правни активности да преземе поради прекршување на основните европски вредности. ... Читать дальше...

Нов бран ковид-19 може да ја заврши порано туристичката сезона во Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Не е исклучен нов бран на заразени со ковид-19 во текот на летото доколку се влоши ситуацијата со вирусот, вели министерот за здравство на Бугарија, Стојчо Кацаров. Тој посочува дека бугарските граѓани не треба да бидат уверени дека Бугарија има ниски стапки на ширење на коронавирус. Коцаров вели дека нов бран може да ја врати Бугарија на својата пролетна позиција и да ја заврши туристичката сезона. „Не постои целосна контрола врз ширењето на вирусот и инфекцијата. Ние веќе го регистриравме појавувањето на индискиот вид во Бугарија. Читать дальше...

Што се знаеме за Делта варијантата на Ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Индискиот сој на коронавирус, наречен Делта се прошири низ целиот свет. Од СЗО велат дека има поголема преносливост, но и дека вакцините се ефикасни. Во Македонија има два случаи на индискиот сој, а колективен имунитет се очекува на крајот од летово.



Во Грција укинато задолжителното носење маски на отворено

SlobodnaEvropa.mk 

Од денеска изутрината во Грција е укината мерката за задолжително носење маска на отворено. Препораката е маските, сепак, да се носат на места каде, иако се на отворено, има турканици. Во затворен простор препораката за задолжително носење и натаму важи. Од понеделник, 28 јуни, се укинува и полицискиот час, а на масите во угостителски објекти ќе биде дозволено да седат до 10 лица. Две третини од Грците ќе се вакцинираат против ковид-19 „Подобрена е епидемиолошката слика во земјата“, изјави членката... Читать дальше...

Франција и Германија предлагаат самит на ЕУ со Путин

SlobodnaEvropa.mk 

Франција и Германија предлагаат самит на Европската унија со рускиот претседател Владимир Путин во обид за подобрување на односите, јавува новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на дипломатски извори. Тоа би бил прв таков состанок од 2014 година и ќе следи по средбата на американскиот претседател Џо Бајден со Путин во Женева на почетокот на овој месец. Овој предлог, според оценките, ја одразува загриженоста во Париз и Берлин дека пристапот на ЕУ кон Русија во последните години е главно насочен кон санкции врз Москва. Читать дальше...

Блинкен: САД немаат подобар пријател од Германија

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен вчера во Берлин изјави дека Соединетите држави немаат „подобар пријател“ од Германија. „Сметам дека е фер да се каже дека САД немаат подобар партнер и подобар пријател во светот од Германија“, рече Блинкен на прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел. Новинската агенција Франс Прес проценува дека ваквата изјава отстапува од традиционалната позиција на Соединетите држави, кои Британија обично ја сметаат за најблизок партнер. Читать дальше...

Денеска и утре Македонија во портоколова фаза

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска и утре целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова фаза, соопштија од Министерството за здравство по најава од Управата за хидрометеоролошки работи. Согласно Акцискиот план за превентирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, потребно е да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, како што се: ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, вклучувајќи ги бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Читать дальше...

Во Брисел почнува самитот на Европската унија

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на ЕУ денеска и утре ќе се состанат во Брисел за да разговараат за ковид-19, економското закрепнување, миграцијата и надворешните односи, вклучително и за односите со Турција и Русија. Самитот за С. Македонија претставува уште една теоретска можност за старт на преговорите во јуни. Во вторникот на Советот за општи работи на Унијата што се одржа во Луксембург Бугарија уште еднаш стави блокада на усвојувањето на преговарачката рамка за отпочнување на преговорите за пристапување на С. Македонија во ЕУ. Читать дальше...

Времето денеска: сончево и многу топло

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Дневната температура ќе биде од 31 до 41 степен. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 40 степени.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *