Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Июнь
2021

Новости за 28.06.2021

Пронајдена десетта жртва во урнатините од зградата во Флорида

SlobodnaEvropa.mk 

Спасувачите ја извлекоа десеттата жртва, пет дена откако се сруши зграда од 12 ката во близина на Мајами, во американската држава Флорида.  Спасувачките служби користат кранови, кучиња и инфрацрвени снимки додека пребаруваат какви било знаци на живот меѓу урнатините, надевајќи се дека под бетонот е можно да се формирани воздушни џебови кои може да ги одржи луѓето во живот. „Ние ќе продолжиме да работиме за да ги исцрпиме сите можни опции за пребарување“, рече градоначалничката на округот Мајами Даниела Левин Кава, пренесува Ројтерс. Читать дальше...

Мицкоски - Македонија треба да го продолжи патот кон ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Македонија треба да го продолжи својот пат кон ЕУ, изјави денеска во Брисел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со директорката за Западна Европа, Западен Балкан и Турција во службата за надворешно политички работи на ЕУ Анџелина Ајхорст. Мицкоски побара поддршка за државата и со Ајхорст се согласија дека местото на Македонија е во ЕУ. „Зборувавме за неправдата која што е нанесена на македонскиот народ, на македонската нација и на македонската држава и неможноста да ги почнеме долго очекуваните преговори со Европската унија“... Читать дальше...

Мешањето на вакцините Фајзер и Астра Зенека дава добра заштита

SlobodnaEvropa.mk 

Мешањето на вакцините каде што доза на Фајзер се дава четири недели по примање на вакцината Астра Зенека, ќе произведе подобар имунолошки одговор отколку давање на нова доза на Астра Зенека, објавено е денеска во студијата на Оксфорд, јавува Ројтерс.  Студија наречена „Com-COV“ го споредува распоредот на мешани дози на Фајзер и Астра Зенека и откри дека во која било комбинација вакцините создаваат висока концентрација на антитела против протеинот на коронавирусот.  Податоците ја поддржуваат одлуката... Читать дальше...

Битолските трговци со надеж чекаат да се подигне рампата на Меџитлија

SlobodnaEvropa.mk 

Битолските трговци едвај ги чекаат грчките купувачи, по најавата дека ќе се отвори граничниот премин со Грција кај Битола. Тие очекуваат дека прометот ќе им се зголеми за 20 отсто. Границата е затворена повеќе од една година поради пандемијата, а најавите се дека рампата може да се крене на 1 јули.

Состанок на Чанак и Курти за исчезнатите лица во Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот на Косово Албин Курти денеска во Приштина се состана со лидерот на Социјалдемократската лига на Војводина, Ненад Чанак, со кого разговараше за исчезнатите лица за време на војната на Косово. Курти и Чанак се согласија официјален Белград да ги отвори архивите и да ги обезбеди сите потребни информации за масовните гробници за кои има сомневања дека се на територијата на Србија. Ненад Чанак има поинаков став за прашањето на Косово од другите српски претставници, односно ја признава независноста на Косово. Читать дальше...

Даниловски - Сите вакцини штитат од тешки симптоми на Ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Досегашните искуства со делта варијантата на коронавирусот во Израел и во Велика Британија покажуваат дека 95 отсто од сите заболени се во категорија на невакцинирани или вакцинирани со една доза, изјави денеска д-р Драган Даниловски на трибина насловена „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“. „И вакцинираните со две дози не се дефинитивно сто проценти заштитени во заразување, видовме информација од Уругвај дека стапката на заштита од Фајзер е 78 отсто во стекнување на вирусот, но има 22 проценти ризик да се зарази и со две дози вакцина... Читать дальше...

Филипче - Во август е можно прогласување крај на епидемијата

SlobodnaEvropa.mk 

Ако продолжи трендот на сегашната епидемиолошка состојба во државата со мал број на пациенти кои се лекуваат во болниците, може да се случи во август или на почетокот на септември да се прогласи крај на епидемијата, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на трибина насловена „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“. „Нашите капацитети се сега спремни. Сега ако се случи некакво влошување точно знаеме кој систем ќе го активираме во делот на ротација на лекарите, на медицинските сестри... Читать дальше...

Програми, а не црни кампањи

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓаните се поделени во своите размислувања дали на локалните избори ќе гласаат за личност или партија. За некои пресуден е кандидатот и неговите квалитети, други пак признаваат дека им е важна партијата. Но, повеќето велат дека се уморни од црните кампањи и од партиските нереализирани ветувања



ЕВРОПОЛ: Загриженост на Балканот од повратниците од конфликтните зони

SlobodnaEvropa.mk 

Во 2020 година, терористичките организации се обидоа да ја искористат глобалната пандемија за ширење пропаганда на омраза, се наведува во извештајот на Агенција за спроведување на законот на Европската унија - ЕВРОПОЛ за состојбата и трендовите на тероризмот во Европа. Мелиха Кешмер

Што сме „златни рипки“? - Ваши коментари за бугарските барања

SlobodnaEvropa.mk 

Интервјуто со министерот Бујар Османи за барањата на Бугарија предизвикало многу коментари од читателите на РСЕ. Еден од нив гласи: Што сме, „златна рипка“? Па сѐ некои желби да исполнуваме?“. Читателите коментирале и за убиствата на плажа во Албанија и втората парада на Гордоста во Скопје.

Забелешки за новиот закон за инспекциски надзор во животната средина

SlobodnaEvropa.mk 

Во подготовка е нов Предлог-закон за инспекциски надзор во животната средина изработен од надлежното министерство. Верзијата на законот е објавена за коментари, но граѓански организации засега имаат низа забелешки. Тие велат дека со законот инспекторите ќе се претворат во бирократи.

Во Брисел самит на претседателите на парламентите на Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателите на парламентите на Србија, Албанија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија и претседателот на Собранието на Косово ќе се состанат денеска во Брисел, на иницијатива на претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли. Како што е соопштено од ЕП, на овој втор самит на претседателите на парламентите на Западен Балкан, тие ќе разговараат со Сасоли за клучната улога на парламентите во процесот на проширување на ЕУ во „пост-ковид ерата“. Европскиот парламент го одобри сертификатот за патување пред летната сезона По тој повод... Читать дальше...

Времето денеска: сончево и топло

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Дневната температура ќе биде од 28 до 39 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 37 степени.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *