Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Июнь
2021

Новости за 25.06.2021

Претседателот на Авганистан Гани во Вашингтон

SlobodnaEvropa.mk 

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани е во посета на Вашингтон во време кога талибанските милитанти напредуваат низ целата земја, што предизвикува страв дека владините сили ќе бидат брзо совладани откако меѓународните сили предводени од САД ќе го завршат повлекувањето најдоцна до 11 септември. Предвидено е американскиот претседател Џо Бајден денеска да се состане со Гани, како дел од посетата за која Белата куќа рече дека „ќе го потенцира трајното партнерство меѓу Соединетите држави и Авганистан, додека трае военото повлекување“. Читать дальше...

Изрекување на казната за поранешниот полицаец за убиството на Џорџ Флојд

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот американски полицаец Дерек Шовин денеска треба да биде осуден за убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд, убиство што предизвика масовни демонстрации и расправии за расни прашања. 45 годишниот Шовин пред два месеца беше осуден по три точки за убиство. Судијата Питер Кејхил ќе ја изрече казната во судницата во градот Минеаполис, Минесота, каде што се случи злосторството во мај 2020 година. Според законот во Минесота, Шовин ќе биде осуден само за најтешкото обвинение за убиство од втор степен... Читать дальше...

Амбасадорот на САД се врати во Москва

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот амбасадор Џон Саливан се врати во Москва, два месеца по напуштањето на функцијата поради влошувањето на односите меѓу САД и Русија. Саливан беше повикан на консултации во април, а Соединетите држави и Русија најавија меѓусебни санкции и дипломатски протерувања. Во интервју за Интерфакс, Саливан рече дека двете земји ќе комуницираат за низа прашања. „Треба да соработуваме таму каде што е од наш заеднички интерес и каде што имаме несогласувања важно е да имаме отворен и искрен дијалог“, рече Саливан. Читать дальше...

Орбан критикуван од ЕУ за контроверзниот унгарски закон за ЛГБТ

SlobodnaEvropa.mk 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и група лидери од Европската унија се судрија околу новиот закон со кој се забранува споделување на ЛГБТ содржини со малолетници. Пред дводневниот самит што започнува на 24 јуни, лидерите од 17 од 27-те членки на блокот потпишаа писмо со кое жалат за каква било форма на дискриминација заснована врз сексуална ориентација, велејќи дека „почитувањето и толеранцијата се во основата на европскиот проект“. Предложените законски измени, кои сепак мора да бидат одобрени од претседателот на Унгарија... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *