Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Сентябрь
2021

Новости за 19.09.2021

Починати 23 пациенти и нови 365 случаи на коронавирус

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминативе 24 часа регистрирани се 365 нови случаи на ковид 19 од вкупно 4.015 тестирања . Најголем дел од новозаразените се од Скопје – вкупно 183, потоа од Охрид 24 и Штип 20. Во изминатово деноноќие се евидентирани 23 починати лица од кои 8 починати лица од Скопје . Најмладиот починат имал 45 години додека најстариот што починал од последици од коронавирус имал 95 години. Вкупната бројка на ковид - 19 дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 186.914 бројката на оздравени пациенти е 167.402... Читать дальше...

Четворица астронаути туристи се вратија на Земјата

SlobodnaEvropa.mk 

Четворицата астронаути туристи кои беа на тридневен лет во земјината орбита со капсулата на компанијата Спејс Икс безбедно се спуштија во водите на Атлантскиот океан во близина на Флорида. Ова е прв лет во историјата целосно со екипаж составен од цивили. Успешното лансирање и враќањето назад на земјата се сметаат за нови чекори во серијата сериозно платени патувања и претставуваат уште една пресвртница во комерцијализацијата на ваквиов тип на туризам, 60 години по првиот лет на човекот во вселената. Читать дальше...

Ципрас: Мицотакис да ги ратификува меморандумите, а С.Македонија да го спроведе својот дел од договорот

SlobodnaEvropa.mk 

Мицотакис не се охрабрува да ги донесе за ратификација во Парламентот трите меморандуми со Северна Македонија, бидејќи се плаши да не ја загуби пратеничката група, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас за време на традиционалната прес-конференција во Солун, во рамки на Меѓународниот саем, коментирајќи дека сето ова е во корист на Турција, јави дописничката на МИА од Атина. „Едниот се однесува на одбрана на воздушниот простор на Северна Македонија од грчки воени авиони, а другите се договори со економска содржина... Читать дальше...

До 15 часот попишани над еден милион граѓани

SlobodnaEvropa.mk 

Над еден милион граѓани се попишани денеска до 15 часот, информираат од Државниот завод за статистика. „До 15 часот, денеска попишани се 1.000.034 лица. Попишувањето оди во најдобар ред и согласно планираниот интензитет“, информираат од ДЗС. Граѓаните кои имаат дилеми и нејаснотии во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис и на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk. Попис сега, резултати во јануари Пописот на населението... Читать дальше...

Во Пакистан убиен полицаец кој обезбедувал тим за вакцинација против полио

SlobodnaEvropa.mk 

Непознати напаѓачи синоќа убиле полицаец кој го обезбедувал тимот за вакцинацијата против полио во северозападен Пакистан каде што во тек е петдневна кампања за имунизација, соопшти денеска пакистанската полиција. Нападот се случил во село во областа Кохат, околу 75 километри јужно од Пешавар, главниот град на провинцијата Кибер Пактунква. Во Пакистан стартува нова кампања за вакцинација против полио Членовите на тимот за вакцинација не се повредени, а засега никој не ја презема одговорноста за нападот. Читать дальше...

Османи патува за САД, ќе учествува на Генералното собрание на ОН

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, претстојната недела ќе патува во Соединетите Американски Држави, каде ќе учествува на Генералната дебата на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. Во рамки на посетата, како што информираат од Министерството за надворешни работи, предвидени се средби и со високите претставници на администрацијата на САД и посебен настан за воспоставување дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Филипини. Во рамки на Генералното собрание, Османи... Читать дальше...

Весковски ги демантира обвинувањата од ВМРО-ДПНМЕ, бара јавно извинување, во спротивно ќе тужи

SlobodnaEvropa.mk 

Директорот на јавното претпријатие Водовод и канализација Душко Весковски реагира на изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски нарекувајќи ги „смешни и трагикомични клевети“ дадени пред почеток на престојната изборна кампања за локалните избори. „Јас, како генерален директор на ЈП Водовод и канализација Скопје, категорично тврдам дека целата постапка за реконструкција на водоводната и канализациона мрежа на улица Варшавска е спроведена согласно законските прописи, градежните стандарди и нормативи“... Читать дальше...

Напад врз возило со талибанци во источен Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Експлозија чија цел било возило на талибанците во источниот авганистански град Џалалабад се случила денеска, јавуваат локалните медиуми. Експлозијата се случи еден откако најмалку тројца беа убиени во серија експлозии во истата област. Според првичните извештаи, четири лица, меѓу кои и едно дете се убиени во последниот напад. Очевидци велат дека има неодреден број повредени талибански борци кои биле однесени во болница по експлозијата. Бил оштетен и далновод, што како што јавуваат локалните медиуми, предизвикало да нема струја во областа. Читать дальше...



Макрон телефонски ќе разговара со Бајден

SlobodnaEvropa.mk 

Францускиот претседател Емануел Макрон телефонски ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден во следниве неколку дена за дипломатската криза меѓу двата сојузници, рече денеска портпаролот на владата на Франција Габриел Атал, a пренесува агенцијата Ројтерс. „Франција ќе бара разјаснување за откажувањето на нарачката на подморници од страна Австралија, а во корист на трилатералниот безбедносен договор со Соединетите Американски Држави и Британија“, рече Атал за телевизијата БМФ ТВ. Франција... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Шилегов и Весковски за местење тендер

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и директорот на Водовод и канализациja, сега и кандидат за градоначалник на Карпош Душко Весковски, дека местеле тендер за фирма блиска на СДСМ. Портпаролот на опозициската партија Димче Арсовски на прес конференција рече дека Весковски, секоја година како директор склучувал рамковна спогодба за изведување на работи и реконструкција, доградба и замена на водоводни мрежи. Арсовски вели дека минатата година била потпишана рамковна спогодба врз основ на тендер со пет фирми... Читать дальше...

Во Вашингтон собир за поддршка на обвинетите за упадот во Капитол Хил

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку стотици демонстранти излегоа на 18 септември во Вашингтон на собирот за поддршка на обвинетите за насилниот упад во американскиот Капитол Хил на шести јануари 2021 година. Собирот се одржуваше со бројно полициско обезбедување, а шефот на полицијата рече дека нема шанси властите да дозволат повторување на она што се случуваше на шести јануари кога насобраните влегоа во зградата. И покрај ангажираноста на целата локална полиција, полицискиот шеф Том Мангер побара асистенција и од националната... Читать дальше...

Завод за статистика: попишани вкупно 951.151 лице

SlobodnaEvropa.mk 

Вкупно 951.151 лице, 297.089 домаќинства и 402.768 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.370 лица. ЕК - Очекуваме од сите да учествуваат конструктивно во пописот Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на петти септември ќе трае до 30 септември. Последниот попис во земјава се спроведе во 2002 година.

МЗ: со хебла отворена таблата за струја во модуларната ковид болница во Прилеп

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство денеска информира дека општата болница во Прилеп синоќа до Министерството за внатрешни работи пријавила случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија во модуларната ковид болница во тој град. „Обезбедувањето на болницата забележило дека таблата од надворешната страна на болницата е отворена со хебла и го известиле електричарот од болницата, а веднаш била повикана и полиција. Струјата во модуларната болница е во функција, бидејќи надворешната табла не... Читать дальше...

Морисон: Австралија имаше сериозни загрижувања за француските подморници

SlobodnaEvropa.mk 

Австралискиот премиер Скот Морисон денеска изјави дека го разбира разочарувањето на Франција што неговата земја го откажа договорот за купување конвенционални подморници во корист на сојузот со Соединетите Американски Држави и Велика Британија, но нагласи дека тие првенствено треба да ги штитат своите интереси. „Франција треба да знае дека Австралија имаше длабоки и сериозни загрижувања дека поморската флота произведена во Франција не ги исполнува австралиските потреби“, рече Морисон. Франција... Читать дальше...

ГЕРБ повторно на прво место на анкетите во Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Според анкетата на бугарската агенција Тренд, ГЕРБ се врати на првото место во довербата меѓу избирачите со сериозна предност пред конкурентите за второто место, а новата политичка формација околу претходните технички министри Кирил Петров и Асен Василев засега има поддршка од девет отсто од гласачите. Како што јави дописникот на МИА од Софија, анкетата за претстојните избори што во Бугарија, покажува дека прво место би била ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, со 24,4 отсто,  втори ќе бидат „Има таков народ“ (ИТН) со 17,5 отсто... Читать дальше...

Последен ден избори во Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Русите денеска гласаат на последниот ден од трите предвидени за парламентарни избори. Тие поминуваат со наводи за широко распространети нерегуларности и ново сузбивање на движењето на затворениот опозициски политичар Алексеј Навални. Владејачката партија Единствена Русија се очекува да ги освои парламентарните избори откако власта ги замолче гласните критичари и независните медиуми. Втор ден избори во Русија, забелешки за нерегуларности Но, партијата која го поддржува претседателот Владимир... Читать дальше...

Парада на гордоста во Белград под мотото „Љубовта е закон“

SlobodnaEvropa.mk 

Под мотото „Љубовта е закон“ вчера во главниот град на Србија Белград се одржа Парада на гордоста. Целта на парадата е ЛГБТИ заедницата во Србија да ги покрене во јавноста прашањата за насилството и дискриминацијата, а едно од главните барања на овогодинешниот настан е усвојување на законот за истополови заедници. Барањата на парадата беа прочитани пред зградата на владата и на парламентот. "Од Собранието бараме пратениците да дигнат рака и да го усвојат законот, а од претседателот бараме да го... Читать дальше...

Времето денеска облачно со локален пороен дожд

SlobodnaEvropa.mk 

Времето претпладне во земјава ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи претежно во планинските региони. Попладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во југозападните делови ветерот ќе биде западен и повремено со засилен интензитет. Утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 21 до 34 степени. Во Скопје, облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 30 степени. Читать дальше...

Русковска - Наскоро обвинение за Рашковски

SlobodnaEvropa.mk 

Истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски е во завршна фаза, вели шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во интервју за РСЕ. Се истражува како може Рашковски да си дозволи гаранција од околу 500 илјади евра за замена на мерката притвор во домашен притвор, а во истрагата влегува и прашањето од каде му парите на Рашковски за хациенда во Побожје. Русковска вели дека и случајот Империја е во завршна фаза, а најавува и дека... Читать дальше...

Русковска нема да се кандидира за уште еден мандат

SlobodnaEvropa.mk 

Според новиот Закон за Јавно обвинителство единствено шефот за гонење на организиран криминал и корупција се избира на непосредни избори, така што немам намера воопшто да конкурирам, односно да водам кампања за мој реизбор, вели обвинителката Вилма Русковска. Со неа разговараме и за истрагата околу пожарото во Тетово,случајот Рашковски и други





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *