Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Сентябрь
2021

Новости за 26.09.2021

Борел - Ја следиме ситуацијата во северниот дел на Косово, провокациите се неприфатливи

SlobodnaEvropa.mk 

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел изјави дека продолжува внимателно да ја следи ситуацијата на северот на Косово и им порача на двете страни дека сите дополнителни провокации или еднострани и некоординирани дејствија се „неприфатливи“. „Србија и Косово мора безусловно да ја деескалираат ситуацијата на терен со итно повлекување на специјалните полициски единици и отстранување на блокадите на патиштата“, изјави Борел во соопштението на Европската служба за надворешни работи. Читать дальше...

Нови 336 случаи на коронавирус, 17 починати

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатото деноноќие се регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, а 17 луѓе почина, информира Министерството за здравство. Направени биле 3.425 тестирања. Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 169, Велес и Струмица по 21, Куманово 17, Охрид и Кавадарци по 15, Битола 14, Штип 13, Кочани 11, Свети Николе 10, Прилеп 6, Тетово 4, Кичево, Гевгелија и Крива Паланка по 3, Виница, Кратово и Македонски Брод по 2 и Струга, Радовиш, Дебар, Берово и Демир Хисар по еден нов случај. Зошто... Читать дальше...

Седми ден протести во северно Косово, надлетуваат српски воени авиони, војската ја зголеми борбената готовност

SlobodnaEvropa.mk 

Протестот на косовските Срби, незадоволни од распоредувањето на специјалните полициски сили на административните премини Јариње и Брњак и одлуката на Приштина да ги замени српските регистарски таблички, трае седми ден по ред. Ниту припадниците на специјалната полиција, ниту граѓаните собрани на протестот не се откажуваат од своите позиции. Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ синоќа од Њујорк порача дека Белград е подготвен за дијалог, но очигледно дека Приштина не е. Таа апелираше до меѓународната... Читать дальше...

Филипче - Од утре почнува вакцинацијата со трета доза против ковид-19 за одредени категории граѓани

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓаните над 60 години, здравствените работници и лица со имунолошки болести со потврда од утре ќе можат да примат трета доза вакцина против ковид-19, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека процесот на скрининг во училиштата ќе почне најверојатно за две недели. Од октомври нова мерка со која ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани „Граѓаните над 60 години согласно временскиот период после примената втора доза на вакцина ќе добијат порака да се вакцинираат... Читать дальше...

Во Берене беше устоличен српскиот епископ Методиј

SlobodnaEvropa.mk 

Епископот будимљанско-никшиќки на СПЦ денеска беше устоличен во манастирот Ѓурѓеви ступови кај Беране, на церемонија која ја предводеше патријархот на Српската православна црква Порфириј во присуство на црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, членови на неговата влада, пратеници од владејачкото мнозинство и голем број граѓани. Устоличен Јоаникиј на Цетиње во тензични услови Церемонијата и литургијата која и претходеше беа обележани со масовно кршење на епидемиолошките мерки од страна на највисоките претставници на власта... Читать дальше...

МНР на Албанија: Србија да ги повлече вооружените сили од косовска граница

SlobodnaEvropa.mk 

Албанското Министерство за надворешни работи реагираше во врска со случувањата на северот на Косово, „изразувајќи загриженост за однесувањето на Србија“. „Министерството за Европа и надворешни работи на Република Албанија е многу загрижено поради ескалацијата на ситуацијата на северот на Република Косово и најостро ги осудува вандалските дејствија на некои лица. Ништо не ја оправдува употребата на насилство, оштетување на јавниот имот и непочитување на законот. Министерството за Европа и надворешни... Читать дальше...

Албанија - Утре почнува учебната година, наставниот кадар мора да има сертификат или негативен тест

SlobodnaEvropa.mk 

Во Албанија утре почнува новата 2021/2022 учебна година, а со самото тоа стапува во сила одлуката на Комитетот на експерти за справување со пандемијата, според која наставниот кадар мора да поседува сертификат за вакцинација или негативен тест, што треба да го прават еднаш неделно. Неделков – Потребни се пократки часови и подолги одмори во време на пандемијата „Утре стапува во сила наредбата за презентирање на потврдата за вакцинација од страна на образовниот кадар во сите училишта во земјата, додека од 11 октомври тоа важи за студентите.

Парламентарни избори за наследник на Меркел во Германија

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска во Германија се одржуваат избори за нов парламент, односно Бундестаг, кој треба да ја определи иднината на земјата, но и на Европа. Анкетите покажуваат тесна трка за наследник на канцеларката Ангела Меркел која се пензионира по 16 години на власт. Нејзината коалиција ЦДУ/ЦСУ заостанува зад социјалдемократите (СДП), кои се помал партнер во актуелната влада. Последните анкети покажуваат дека разликата меѓу нив е само неколку процентни поени, но сепак во маргината на грешка, а многу гласачи се неопределени. Читать дальше...



Четири Палестинци убиени во судирите со израелските војници на Западниот Брег

SlobodnaEvropa.mk 

Израелските војници убиле најмалку четири Палестинци рано утринава во оружените судири за време на апсењата во окупираниот Западен Брег. Како што наведе израелската војска, целта била апсење припадници на Хамас на пет локации. Тројца вооружени Палестинци биле убиени во селото Бидо кај Рамала, а еден кај Џенин, јавуваат палестинските медиуми. Израелски авиони нападнаа цели на Хамас по протестите на границата Палестинците наводно отвориле оган кон израелски војници во селото Буркин, каде... Читать дальше...

Ердоган сигнализира подготвеност да купи повеќе руски ракетни системи

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган сигнализира дека размислува за купување повеќе софистицирани руски противвоздушни ракетни системи, потег што дополнително ќе го налути Вашингтон. Турција, која е членка на НАТО, беше исфрлена од програмата за борбените авиони Ф-35, а турски претставници во одбраната без санкционирани откако Анкара го купи рускиот систем С-400 во 2019 година. Ердоган: Работев добро со Буш, Обама и Трамп, но не и со Бајден САД велат дека користењето на руски систем во НАТО претставува опасност за авионите Ф-35. Читать дальше...

Најмалку тројца загинати и повеќе повредени во железничка несреќа во САД

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе се повредени денеска кога воз излета од шините во американската сојузна држава Монтана, објави железничката компанија Амтрак. Седум од десетте вагони од композицијата излетале од шините околу 16 часот по локално време, односно околу полноќ по европско време во близина на местото Џоплин на северот на Монтана, наведува компанијата. Бројот на жртви од судирот на возови во Пакистан надмина 60 Во возот кој сообраќал од Сиетл до Чикаго имало 146 патници и 16 вработени. Читать дальше...

Наутро свежо, во текот на денот сончево и топло

SlobodnaEvropa.mk 

Утрово времето е свежо, а преку ден ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната од 27 до 32 степени. Климатските промени ги намалија приносите и ги зголемија цените на производите Во Скопје времето ќе биде сончево и топло. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 31 степен. Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Читать дальше...

Неделков – Потребни се пократки часови и подолги одмори во време на пандемијата

SlobodnaEvropa.mk 

Носењето маски цел ден е штетно и за учениците и за наставниците. Затоа предлагаме да се скратат часовите на 30 минути, а да се зголемат одморите за сите да може да излезат во училишниот двор и да ги наполнат белите дробови со свеж воздух, вели претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура Јаким Неделков во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Неделков - Не може минималната плата да расте, а другите плати да стојат

SlobodnaEvropa.mk 

Според закон, со зголемување на минималната плата треба да се зголемат и останатите плати за работни места со различен коефициент на сложеност. Сега во градинките имаме седум работни позиции што земаат иста плата, што е спротивно на закон, вели претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура Јаким Неделков во неделното интервју на Радио Слободна Европа.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *