Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Февраль
2022

Новости за 01.02.2022

Путин: Безбедносните гаранции игнорирани од САД и НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин повторно тврди дека загриженоста на неговата земја за безбедноста била игнорирана од страна на Соединетите Држави и НАТО во услови на интензивни дипломатски напори за намалување на тензиите околу Украина. Говорејќи во Москва, Путин рече дека Кремљ „внимателно ги анализира писмените одговори добиени од Соединетите Држави и НАТО“, но додаде дека „веќе е јасно дека фундаменталните руски грижи на крајот биле игнорирани“. Ова е прва позначајна изјава на Путин по... Читать дальше...

Со ковид заразени 2000 лица, починати 23 пациенти, пријавени уште 12 смртни случаи

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 5.779 тестови, а регистрирани се 2000 нови случаи на Ковид-19. Од вкупниот број на позитивни има 267 реинфекции. Оздравени се 806 лица, а починати се 23 пациенти: 6 починати лица од Скопје (35г, 62г, 64г, 70г, 75г, и 83г), по 3 починати лица од Битола (71г, 73г и 90г), и Струмица (63г, 78г и 82г), 2 починати лица од Свети Николе (59г и 62г) и по едно починато лице од Велес (64г)... Читать дальше...

ОМО Илинден Пирин: Изјавата на Радев е лага и клевета и срамна за сите

SlobodnaEvropa.mk 

Од здружението на Македонците во Бугарија „ОМО Илинден Пирин“ денеска реагираат на изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев, која како што посочуваат е неодговорна.  „Неговата изјава е лага и клевета и како таква е срамна за сите, а особено за претседателот бидејќи срамот паѓа на сите граѓани. Нашата партија никогаш не пропагирала сепаратистички идеи. Досега ниту една македонска организација или Македонец во Бугарија не е обвинет, суден или осуден за сепаратистички дејствија. Лагата за сепаратизам... Читать дальше...

Радев: Избрзана беше посетата на Петков на С.Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека посетата на премиерот Кирил Петков на Република Северна Македонија била избрзана и може погрешно да се протолкува. Секоја избрзана акција на бугарската влада, секој позитивен прелиминарен сигнал може погрешно да се протолкува како некакви отстапки од бугарска страна, изјави Радев. Петков посетата на Скопје ја оцени како „огромен успех“ Тој посочи дека за бугарската дипломатија е важно целосно да го реализира својот професионален капацитет, да не верува на надворешната експертиза... Читать дальше...

Блинкен побара од Лавров итно повлекување на војниците долж украинската граница

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен повика на „итна“ деескалација и повлекување на руските војници од областите во близина на украинската граница. Во соопштението на Стејт департментот објавено по денешниот разговор на Блинкен со неговиот руски колега Сергеј Лавров, се наведува дека највисокиот американски дипломат дополнително ја повторил посветеноста на Вашингтон за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и правото на сите земји да ја одредат сопствената надворешна политика и сојузи. Читать дальше...

Нови ковид протоколи за влез во Германија и Шпанија

SlobodnaEvropa.mk 

Донесени се нови ковид протоколи за влез во Германија и Шпанија, информираат од Министерството за надворешни работи согласно препораките од Европската комисија.  Оние што ќе сакаат да влезат во Германија ќе мора да имаат сертификат за вакцина со две дози од призната вакцина од ЕМА/Германија со важност од девет месеци наместо досегашните 12 месеци. Сертификатот за вакцинација со три дози призната вакцина од Германија засега ќе имаат неограничена важност. Од МНР посочуваат дека патниците при влез... Читать дальше...

Зеленски ги повика Украинците да останат смирени додека се бара решение

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Володимир Зеленски ги повика Украинците да останат смирени и обединети додека владата и лидерите ширум светот прават напори да ја спречат можната инвазија на Русија, која распореди десетици илјади војници долж границата. Говорејќи денеска во парламентот, Зеленски рече дека „никој не одлучува за судбината на Украина зад нашиот грб“, додавајќи дека се надева дека наскоро ќе биде одлучено за датумот на следниот состанок на групата на Нормандискиот формат - која ги вклучува Украина, Русија... Читать дальше...

Тетовскиот градоначалник Касами е позитивен на Ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на БЕСА и градоначалник на Тетово, Биљал Касами е позитивен на Ковид-19. Ова го соопшти преку својот официјален Фејсбук профил, каде порача сите да се грижат за своето здравје. „Сакам да ве информирам дека по резултатите добиени од тестирањето, сум позитивен на Ковид-19. Врз основа на препораките на Министерството за здравство, ќе ги почитувам препораките против КОВИД со самоизолирање. Во овој период моите должности како градоначалник на Тетово ќе ги извршувам од дома. Ве повикувам сите... Читать дальше...



Маричиќ и Османи утре во работна посета на Париз

SlobodnaEvropa.mk 

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе престојуваат во работна посета на Париз. Маричиќ- напорите на Макрон се искрени, но да не лицитираме со датуми Тие ќе остварат средба со Клеман Бон, државен секретар за европски прашања во Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција, како и со Изабел Думон, дипломатскиот советник за Континентална Европа и Турција на Претседателот на Франција, Емануел Макрон. Читать дальше...

Рускиот суд го отфрли барањето на Навални да му го тргне статусот „терорист“

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот суд го отфрли барањето на затворениот опозициски политичар Алексеј Навални да го поништи неговиот статус на „терорист и екстремист“. Претставници на Федералната казнена служба на сослушувањето рекоа дека Навални бил означен со овој статус затоа што „извршил административни прекршувања на законите и прописите, основал организација која била препознаена како екстремистичка и затоа што против него е покрената кривична постапка за екстремизам“. Русија го стави Навални на листата на „терористи“... Читать дальше...

Петличковски: Вакцинацијата и третата доза клучни за заштита од инфекција

SlobodnaEvropa.mk 

Единствен начин да се намали бројот на реинфекции останува вакцинацијата против Ковид-19, вклучително и третата доза за која има многу студии кои укажуваат дека заштитата од инфекција пораснува над 80 проценти, изјави новиот претседател на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски. Тој додаде дека омикронот може да го избегне имунитетот од прележување на делта варијантата, но и имунитетот постигнат со вакцина ако таа е примена пред подолго време. За време на прес-конференцијата на... Читать дальше...

Реториката на бугарските историчари ја отежнува работата на комисијата

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на државата Стево Пендаровски смета дека реториката што се слуша од бугарските членови на Заедничката комисија за историски и образовни прашања ќе ја отежнува нејзината работа. „Она што мислам дека ја отежнува и ќе ја отежнува работата на Историската комисија и ќе ги обременува вкупните билатерални односи независно што направивме вкупно пет комисии, освен Историската, е реториката која се слуша од време навреме од членови на Историската комисија од Софија, кои на дневна основа се... Читать дальше...

Косовската опозиција: Договор со Србија без загрозување на суверенитетот

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на косовските опозициски партии велат дека конечниот договор со Србија за нормализирање на односите меѓу двете страни треба да биде постигнат без да се загрози суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово. Ова се заклучоците на опозициските партии по средбите со специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар и специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак. Лајчак и Ескобар се во Косово од 31-ви јануари за да ги охрабрат... Читать дальше...

Совет за безбедност- дома стабилно, за кризата Русија - Украина направени подготовки

SlobodnaEvropa.mk 

На средбата на Советот за безбедност заклучено е дека нема индиции за загрозување на територијалниот интегритет на земјата, а за украинско-руската криза направени се подготовки. Претседателот изрази зачуденост од реакцијата на бугарското МНР за неговата средба со Македонците од Бугарија.

СБ: Безбедносната состојба во земјата е стабилна

SlobodnaEvropa.mk 

Безбедносната состојба во земјата е стабилна и засега нема индиции кои би укажувале дека би можело да дојде до загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Северна Македонија, информираше по денешната 14-та Седница на советот за безбедност, претседателот Стево Пендаровски. Во однос на тензиите на украинско-руската граница, Пендаровски изјави дека Северна Македонија како земја членка на НАТО ги направила сите неопходни подготовки за можните сценарија во зависност од тоа како ќе се одвиваат настаните во овој регион... Читать дальше...

„Џоломарите“ - прва фотоприказна за бегнишкиот пагански ритуал

SlobodnaEvropa.mk 

„Џоломарите“ е насловена двојазичната монографија што како издание„Арс Либрис“ беше промовирана деновиве. Автори на објавата се Сашко Илов, Цветанка Темкова Илова и Гоце Давидов, а во неа фокусот е традиционалниот пагански ритуал што за Василица се одржува во селото Бегниште, Кавадаречко.

Пич: Силно ја поддржуваме евроинтеграцијата на Северна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Обединетото кралство силно ја поддржува евроатланската интеграција на земјите од Западен Балкан вклучително и на Северна Македонија и го охрабрува решавањето на прашањата меѓу Северна Македонија и Бугарија, порачува во видео порака специјалниот пратеник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, надлежен за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич по неговите средби со претставниците на државниот врв во Скопје. „Целта за пристапување кон ЕУ е суверен избор на Северна Македонија и важен стимул за реформите. Читать дальше...

Петличковски претседател, Мехмедовиќ портпарол на Комисијата за заразни болести

SlobodnaEvropa.mk 

Доктор Александар Петличковски е нов претседател на Комисијата за заразни болести, потврдуваат за МИА од Министерството за здравство. Тој е директор на Институт за имунологија, каде се вршат тестирања, анализи и истражувања поврзани со реакцијата на анти-тела на оздравените, како и за соевите на коронавирусот. „Цел на комисијата ќе биде артикулитрање на научните податоци и нивно применување на нашите околности. Ќе се држиме исклучиво до научните докази и целта е нив да ги направиме прифатливи за околностите кај нас “... Читать дальше...

На годишнината од пучот, протести ширум Мјанмар

SlobodnaEvropa.mk 

Демонстрантите во Мјанмар денеска започнаа „штрајк“ ширум земјата за да ја одбележат годишнината од воениот удар на генералот. Армијата ја презеде власта со државен удар на 1 февруари минатата година, откако на изборите, партијата на Аунг Сан Су Ќи, Националната лига за демократија, освои големо мнозинство, а пооцна воената хунта изборите ги прогласи за неважечки. Војската на Мјанмар започнува напади и рации врз демонстрантите и цивилите низ целата земја за да ги запре нивните активности. Демонстрантите... Читать дальше...

Данска ги укина повеќето ковид мерки

SlobodnaEvropa.mk 

Данска стана една од првите земји од Европската Унија која ги укина повеќето рестриктивни мерки бидејќи скандинавската земја повеќе не го смета ковид 19 за „критична болест за општеството“. Причината за тоа е што иако варијантата омикрон е во пораст во Данска, таа не претставува големо оптоварување за здравствениот систем и земјата има висока стапка на вакцинација, велат властите. Данска има повеќе од 50.000 случаи на ден во просек во последните недели, додека бројот на луѓе во болничките оддели за интензивна нега е намален. Читать дальше...

Ховениер: САД и Косово го поддржуваат суверенитетот на Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, изјави дека Соединетите Држави и Косово го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, истакнувајќи дека дејствијата на Русија претставуваат закана не само за Украина, туку и за Европа и меѓународниот поредок. Во неговиот авторски текст, објавен на официјалната веб-страница на амбасадата, Ховениер наведува дека САД, заедно со своите сојузници и партнери, ќе и помогнат на Украина во нејзините напори да се одбрани од натамошна руска агресија. Читать дальше...

Со повеќе отсуства и под ковид протоколи почна второто полугодие

SlobodnaEvropa.mk 

Со две недели одложување денеска учениците повторно се вратија во училишните клупи. Сепак рекордните бројки заразени со омикрон, оставија дел од наставниците и учениците дома. Во меѓувреме, останува дилемата дали да се учи во училница или преку компјутер.

Прв состанок на македонско-бугарската работна група за економија

SlobodnaEvropa.mk 

Привлекување инвестиции, структурирање финансиски инструменти, поддршка на старт-апи и на компании од двете земји, соработка на полето на иновациите, заеднички проекти пред евопските фондови и програми, како и зголемување на трговската размена, се темите на денешниот прв состанок на македонско-бугарската Работна група за економија, трговија и иновации што се одржува во Скопје. Работната група ја предводат министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за иновации и раст на Република Бугарија, Даниел Лорер. Читать дальше...

Усвоена резолуција за состојбата со човековите права во Јапонија

SlobodnaEvropa.mk 

Пратениците на јапонскиот парламент усвоија резолуција во која укажува на „сериозната ситуација со човековите права“ во Кина и ја повикаа владата на премиерот Фумио Кушида да преземе чекори за смирување на ситуацијата. Во резолуцијата, која беше усвоена во долниот дом на јапонскиот парламент, се наведува дека меѓународната заедница е загрижена за прашања како што се притворот и кршењето на верските слободи во регионот на Ксинџијанг, Тибет и Хонг Конг. „Прашањето на човековите права не може да биде само внатрешно... Читать дальше...

Украинците во цивилна одбрана и со екстремно десничарски групи

SlobodnaEvropa.mk 

Украинците се свртуваат кон обука за цивилна одбрана, бидејќи тапаните за можна нова руска инвазија стануваат се погласни. Некои од приватните паравоени групи кои вршат обуки имаат сомнителна историја. Мајк Екел





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *