Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Февраль
2022

Новости за 19.02.2022

Украински функционери го посетија фронтот, се најдоа под артилериски напад

SlobodnaEvropa.mk 

Високи украински претставници, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Денис Монастирски, се најдоа под ракетен напад за време на обиколката на фронтот со проруските сепаратисти во источна Украина. Претставниците побегнале во скривница, пред да ја напуштат областа. Новинар од украинската редакција на Радио Слободна Европа, кој беше со украинските претставници кога се случил нападот, јави дека гранати паднале на 300 метри од локацијата што ја посетиле украинските претставници и новинарите. Претходно... Читать дальше...

Нови 838 заразени со ковид и вкупно 22 починати

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа регистрирани се 838 нови случаи на ковид - 19 од направени 4.078 тестови, соопшти Министерството за здравство. Регистрирани се 20 починати лица во текот на изминатите 24 часа. Починатите се на возраст од 64 до 85 години и сите починале во болнички услови. Дополнително од Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се две починати лица од Скопје, на возраст од 77 и 86 години. Кај сите починати лица се регистрирани болести. Повеќе од половина од новозаразените се од Скопје... Читать дальше...

МНР повика македонските државјани итно да ја напуштат Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за надворешни работи упатува апел до државјаните на Северна Македонија кои се уште се наоѓаат во Украина итно да ја напуштат поради можност од воена ескалација. На оние пак кои во претстојниот период планирале посета на Украина, МНР им препорачува да избегнуваат патувања во земјата. МНР го упатува апелот поради сериозно влошената безбедносна ситуација во и околу Украина. Османи – Амбасадата засега останува, Македонците да ја напуштат Украина „Министерството за надворешни работи... Читать дальше...

Зеленски - Украина ќе се брани со или без поддршка од партнерите

SlobodnaEvropa.mk 

Украина ќе ја брани својата земја со поддршка на партнерите или без неа, рече денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски на безбедносната конференција во Минхен. Тој рече дека членките на НАТО треба да бидат искрени околу тоа дали ја сакаат Украина како членка. Зеленски се приклучи на повиците на западните лидери за деескалација на тензиите. Неговите коментари дојдоа по состанокот на маргините на конференцијата со американската потпретседателка Камала Харис, која на конференцијата... Читать дальше...

Остин - Руската војска е „подготвена да ја нападне“ Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Руската војска е „подготвена да ја нападне“ Украина, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин. Тој сепак изрази надеж дека рускиот претседател Владимир Путин ќе се повлече од работ на војна. Остин за време на денешната посета на Литванија вети дека Вашингтон ќе застане заедно со своите сојузници, балтичките земји. Неговата посета доаѓа во време на зголемени стравувања во регионот од руска инвазија на Украина. Русија негира дека планира какви било напади. „Сакам сите во Литванија... Читать дальше...

Шолц - Сега е момент на вистината за договор за иранската нукеларна програма

SlobodnaEvropa.mk 

Германскиот канцелар Олаф Шолц го повика Иран да не ги расипува тековните разговори насочени кон спасување на договорот за нуклеарната програма постигнат во 2015 година. „Иранското раководство сега има избор: сега е моментот на вистината“, рече денеска Шолц во обраќањето на Минхенската безбедносна конференција. Тој вели дека по десетмесечните разговори во Виена, сега сите елементи за завршување на преговорите се на маса. Сепак, тој предупреди дека за светските сили е „неприфатливо“ ако Иран... Читать дальше...

„Стандард и Пурс“ – Денарот и банкарскиот систем се стабилни

SlobodnaEvropa.mk 

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ-со стабилен изглед. Стабилниот изглед, како што се наведува во извештајот на кредитната Агенција, ги рефлектира очекувањата дека силните изгледи за економски раст на нашата држава ќе ги поддржат напорите на Владата за буџетска консолидација и ќе овозможат стабилизирање на државниот долг на среден рок. Од Агенцијата соопштија дека кредитниот рејтинг ББ-со стабилен изглед нашата држава го има од 2013 година... Читать дальше...

Ковид мерки по резултатите од серолошката анализа

SlobodnaEvropa.mk 

Носењето на нови препораки и мерки за ковид ќе следуваат по серолошкиот скрининг кој ќе овозможи да се добие јасна слика за општата состојба на населението, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали. Тој вели дека се намалува пикот на четвртиот бран и дека епидемиолошката состојба благо се подобрува. Министерот Сали и заменик министерот Владимир Рендевски денеска ги посетија здравствените тимови на пунктот за серолошки скрининг во Битола, а се сретнаа и со граѓани. „Ние посакуваме позитивни... Читать дальше...



Уапсен хрватскиот министер за градежништво Хорват

SlobodnaEvropa.mk 

Во Хрватска е уапсен министерот за градежништво, просторно планирање и државен имот Дарко Хорват. Полицијата во соработка со УСКОК утрово изврши претрес во куќата на министерот во рамки на истрага злоупотреба на службената должност и овластувања. Попладнево Хорват треба да биде сослушан. За хрватската телевизија Н1 веста за апсењето ја потврди адвокатот на Хорват, Владимир Терешак. Според неофицијални информации на медиумот, под истрага може да се најдат и потпретседателот на хрватската влада... Читать дальше...

Полицаец случајно убил колега во Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Припадник на косовската полиција е убиен синоќа во несреќен случај во село во близина на Приштина, откако бил погоден од случаен истрел од пиштол од страна на негов колега, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што соопшти полицијата, несреќата се случила околу полноќ, на приватна седенка во селото Златар. Смртта на полицаецот ја констатирале лекарите во Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, додека државен обвинител го овластил Полицискиот инспекторат на Косово да ги преземе сите потребни дејствија за расветлување на случајот. Читать дальше...

Западот повика Русија да не се подготвува за војна, Москва спроведува воени вежби

SlobodnaEvropa.mk 

На безбедносната конференција во Минхен, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика Русија да престане да се подготвува за војна. Потпретседателката на САД, Камала Харис, рече дека секоја натамошна инвазија на Украина од страна на Русија ќе биде проследена со зајакнување на источното крило на НАТО. Проруските сепаратисти во источна Украина наредија воена мобилизација на населението. Додека западните лидери апелираат, Русија започна стратешка воена вежба.

Петар Стојанов - Бугарија со две години задоцнување почна да дискутира на темата Северна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот претседател на Бугарија, Петар Стојанов за БНТ ги коментираше односите меѓу Бугарија и Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Стојанов, Бугарија многу доцна – пред две години се сетила да разговара на темата Северна Македонија. Бугарија, за жал, како што вели Стојанов, низ годините не била особено добар пример. Стојанов е дециден дека Македонија и Албанија имаат да изодат долг пат кон Европската унија, а Бугарија е далеку од тоа да биде пречка за Македонија на нејзиниот пат кон Европа. Читать дальше...

МНР ќе ги проверува сите именувања на амбасадори од 2006 година

SlobodnaEvropa.mk 

Во Министерството за надворешни работи(МНР) формирана е работна група, која ќе ги проверува сите именувања и упатувања на амбасадори и генерални конзули од 2006 година до денес и ќе подготви компаративна анализа, соопштуваат од Министерството. Целта на анализата, како што посочија од Министерството, е да се проверат сите детали и околности под кои се упатувани амбасадори и конзули, како и квалитетот на кандидатите кои како први лица во Дипломатско-конзуларните претставништва. ДКП-ата ја претставуваат земјата во странство. Читать дальше...

Проруските сепаратисти во источна Украина наредија воена мобилизација на населението

SlobodnaEvropa.mk 

Сепаратистичките лидери во источна Украина, поддржани од Русија, наредија целосна воена мобилизација поради зголемените стравови од воена инвазија. Денис Пушилин и Леонид Пасечник, де факто лидерите на регионите Доњецк и Луганск, окупирани од сепаратистите, денеска објавија посебни изјави во кои најавија целосна мобилизација на војската и ги повикаа резервистите да се појават во воените канцеларии. Мажите на возраст од 18 до 55 години веќе не смеат да ја напуштат областа. Овој чекор доаѓа во време... Читать дальше...

Столтенберг ја повика Русија да престане да се подготвува за војна

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика Русија „да престане да се подготвува за војна“ и да бара дипломатско решение за кризата што ја создаде на границата со Украина. Столтенберг денеска имаше обраќање на конференцијата за безбедност во Минхен. Неговите коментари доаѓаат на еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден рече дека е „убеден“ дека рускиот претседател Владимир Путин донел одлука за инвазија. Бајден убеден дека Путин донел одлука за напад врз Украина во следните... Читать дальше...

Се уште се трага по исчезнатите по пожарот на траектот во близина на Крф

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска продолжува потрагата по 12 лица, исчезнати по вчерашниот пожар на траектот што пловеше од Грција кон Италија. По пожарот се спасени 280 патници и членови на екипажот, јави дописничката на МИА од Атина. Бројот на исчезнати од 11 се зголеми на 12 лица откако вчера беа пронајдени и спасени двајцата патници, кои со часови останаа заглавени во траектот, но по нивната идентификација произлезе дека еден од нив, веројатно мигрант, нелегално патувал и не бил на официјалната листа со патници. Траектот... Читать дальше...

Бајден убеден дека Путин донел одлука за напад врз Украина во следните денови

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа рече дека е „убеден“ оти рускиот претседател Владимир Путин донел одлука да ја нападне Украина во наредната недела, но рече дека се уште се надева дека може да се постигне дипломатско решение. „Од овој момент, убеден сум дека тој ја донел одлуката за инвазија на Украина“, рече Бајден на прес-конференција во Белата куќа на 18 февруари, откако претходно имал 45-минутната конференција со неговите европски колеги. Тој разговарал со лидерите на Франција... Читать дальше...

Зеленски оди на конференцијата во Минхен и покрај стравувањата од инвазија

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потврди присуството на безбедносната конференција во Минхен и покрај стравувањата од руска инвазија на неговата земја. Од Кабинетот на Зеленски потврдија дека тој ќе присуствува на Минхенската безбедносна конференција на 19 февруари и дека ќе се врати дома подоцна истиот ден. Планираното појавување на Зеленски на конференцијата беше под знак прашалник, бидејќи неговата земја се соочува со зголемени тензии со Кремљ во услови во кои Русија распоредува војници на границата со Украина. Читать дальше...

Увид во Избирачкиот список за изборите во Центар Жупа и Маврово – Ростуше

SlobodnaEvropa.mk 

За изборите за градоначалник на општините Центар Жупа и Маврово – Ростуше од денеска почнува јавниот увид во Избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК). Локалните избори во овие општини треба да се одржат на 17 април. Инаку поради немање цензус на локалните избори кои се одржаа на 17 октомври, во Центар Жупа и Маврово- Ростуше не се избрани градоначалници, па Владата наименува повереници. ДИК вчера, на редовна седница, изгласа продолжување на... Читать дальше...

Временска прогноза - Сончево и топло

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне од 15 до 21 степен. Во Скопје, претпладне сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени. Од УХМР најавуваат дека од утре ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и со слаб до умерен, а во западните... Читать дальше...

Инклузивно образование со пречки во развој

SlobodnaEvropa.mk 

Законот вели дека Македонија од следната година треба да спроведува целосна образовна инклузија на децата со атипичен развој. Искуствата пак говорат дека на хартија работите се добри, ама не и во пракса.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *