Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Февраль
2022

Новости за 21.02.2022

Путин ги призна сепаратистичките области во Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за признавање на независноста на регионите во источна Украина, кои ги контролираат сепаратистите поддржани од Русија. Во обраќање во живо, Путин даде опширни коментари за советската историја и формирањето на Украинската Советска Социјалистичка Република под комунистичката власт во 20 век. Киев одговори на она што го соопшти Путин велејќи дека „целиот свет“ ги следи дејствијата на Русија за признавање на само-наречените групи и „сите ги сфаќаат последиците“. Читать дальше...

Путин ќе ја признае независноста на регионите контролирани од сепаратистите во Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја признае независноста на регионите поддржани од Русија во источна Украина, се вели во денешното соопштение на Кремљ. Во соопштението се додава дека Путин за својата одлука ги информирал француските и германските лидери. Западните лидери предупредија на сериозни последици од признавањето на „независноста“ на териториите во источна Украина. Амбасадорот на САД во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) Мајкл Карпентер рече дека руското признавање... Читать дальше...

Борел повика на брза акција за спречување распад на БиХ

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел ги повика министрите за надворешни работи на блокот да преземат брза акција за да спречат „критична“ криза во Босна и Херцеговина и „распад на кревката нација од Западен Балкан.“ „Реториката на националистите и сепаратистите во Босна и Херцеговина се зголемува и ја загрозува стабилноста, па дури и интегритетот на земјата“, изјави денеска Борел на маргините на самитот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел. „Министрите треба да донесат... Читать дальше...

Почина Драги Михајловски, писателот што го преведе Шекспир

SlobodnaEvropa.mk 

По долго и тешко боледување почина македонскиот писател, преведувач и универзитетски професор Драги Михајловски. Михајловски со своето творештво ќе остане запаметен како еден од најавтентичните и најсугестивни раскажувачи во македонската современа литература, со преводите, како еден од најплодните, но и наједуцирани и најуспешни пренесувачи на книжевните вредности од англо-саксонската јазична сфера на македонски јазик, а со својата универзитетска дејност, како еден од најпочитуваните и најсакани професори на универзитетот... Читать дальше...

Вулканот Етна исфрли чад и пепел, накратко затворајќи го аеродромот

SlobodnaEvropa.mk 

Најголемиот активен вулкан во Европа Етна испушти чад и пепел во нова ерупција поради што денеска накратко беше затворен аеродромот Катанија на Сицилија. Облакот од пепел се издигна 10 километри (6,2 милји) во воздухот над кратерот југоисточно од вулканот, објави на Твитер Националниот институт за геофизика и вулканологија. Како што пренесува Ројтерс, меѓународниот аеродром Винченцо Белини во Катанија, кој се наоѓа во близина на вулканот, беше затворен околу два часа. Пепелта ги покри патиштата... Читать дальше...

Турскиот суд го продолжи притворот на Осман Кавала

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот суд одлучи дека бизнисменот Осман Кавала мора да остане во затвор, продолжувајќи го неговиот притвор на повеќе од четири години без пресуда, во судскиот процес што ги поттикна тензиите во односите на Анкара со западните сојузници. Судот донесе одлука следното рочиште да се одржи на 21 март. Осман Кавала е четири години во затвор во Турција без осуда и покрај тоа што Европскиот суд за човекови права побара негово ослободување. Кавала беше приведен на 18 октомври 2017 година, под обвинение... Читать дальше...

Саакашвили започна нов штрајк со глад

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили започна нов штрајк со глад во знак на протест поради одбивањето на владата да обезбеди соодветна здравствена заштита за него, но и како што вели, поради „начинот на кој властите се однесуваат кон мене и нашиот народ“. Саакашвили ја објави својата одлука пред судот за време на денешното судење под обвинение за насилно растерување на антивладин митинг во ноември 2007 година. Притоа побара соодветна медицинска помош осврнувајќи се на барањата за ваква... Читать дальше...

Путин - Треба да се разгледа барањето за признавање на Доњецк и Луганск

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на Советот за безбедност рече дека треба да се разгледа апелот на лидерите на двата сепаратистички региони во источна Украина за Русија да ги признае како независни. Путин во телевизиска изјава рече дека заканата за Русија значително ќе се зголеми доколку Украина влезе во НАТО. Состанокот на Советот за безбедност се одржува во услови на серија конфликти во источна Украина, за кои западните сили веруваат дека Русија би можела да ги искористи како изговор за напад. Читать дальше...



Почна собраниската седница за Предлог-законот за минималната плата

SlobodnaEvropa.mk 

Започна собраниската расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата со кој минималната плата треба да изнесува 18.000 денари. Законот е предложен откако на Економско-социјалниот совет во Владата овој месец беше постигнат договор со Сојузот на синдикатите на Македонија и со Организацијата на работодавачи да се зголеми износот на минимална плата на 18 илјади денари. Страните се договорија покачувањето да почне од мартовската плата, а од Владата беше наведено... Читать дальше...

Петровска се сретна со украинската амбасадорка Задорожњук

SlobodnaEvropa.mk 

Министерката за одбрана на Северна Македонија Славјанка Петровска денеска во Министерството за одбрана оствари средба со ополномоштената амбасадорка на Украина Наталија Задорожњук. На средбата уште еднаш било потенцирано дека Северна Македонија, како и сите останати земји членки на НАТО, дава недвосмислена поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, информира Кабинетот на Петровска. Средбата се случува во услови кога западните лидери велат дека Русија, која распореди десетици... Читать дальше...

234 нови случаи на коронавирус, 17 починати

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатото деноноќие се регистрирани 234 нови случаи на коронавирус, а починати се 12 луѓе на возраст од 58 до 81 години, сите во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. Дополнително, пријавени се уште пет починати лица во Регистарот од „Мој Термин“ на возраст од 61 до 80 години, три во домашни, а две лица во болнички услови во периодот од 14 до 18 февруари оваа година. Од вкупниот број на починати лица, кај 17 се регистрирани коморбидитети. Започна скринингот за да се види националниот... Читать дальше...

Истражување - „Credit Suisse“ чувала валкани пари од поранешните советски републики и Балканот

SlobodnaEvropa.mk 

Меѓународна новинарска истрага тврди дека втората по големина швајцарска банка, Credit Suisse, со децении управувала со милијарди долари скриено богатство што им припаѓало на диктатори, нарушувачи на човековите права и поединци осомничени за корупција и други криминални активности, а некои од нив се од поранешните советски републики и балкански држави. Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP), непрофитен новинарски конзорциум кој е партнер со десетици медиуми, вчера ги... Читать дальше...

Бесими од Брисел: Владата проактивно одговора на енергетската криза  

SlobodnaEvropa.mk 

На денешната средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со комесарот за економија на ЕУ, Паоло Џентилони во Брисел станало збор за енергетската криза и инфлацијата, мерките што се преземаат од страна на Владата и постоењето можности за поддршка во реализација на овие мерки од страна на ЕК. „Како и за време на пандемијата, кога создадовме и имплементиравме пакети мерки за поддршка на здравството, економијата и ранливите категории, а кои овозможија падот на БДП да биде помал за 4,2 отсто во 2020 година... Читать дальше...

ЕУ и соопшти на Украина дека не е подготвена да воведе санкции за Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија и соопшти на Украина дека во овој момент не е подготвена да воведе санкции кон Москва, а воедно ги поддржа и плановите за финансиска помош на земјата која се бори со заканата од напад од Русија. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел на маргините на самитот на министрите за надворешни работи на блокот изјави дека ќе свика вонреден состанок на ЕУ за воведување санкции само „кога ќе дојде моментот“. Со таквата одлука беа отфрлени повиците на украинскиот министер за надворешни... Читать дальше...

Османи: Преку сеопфатен документ ќе се решаваат прашањата со Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на брифингот со новинари оцени дека овој период во разговорите со Бугарија е посензитивен и дијалогот ќе продолжи на ниво на експерти и политички групи. Тој вели дека целта е ова прашање да биде затворено еднаш засекогаш преку сеопфатен документ којшто би бил протокол или декларација, каде ќе се ставаат сите документи важни за сите страни. „Португалскиот предлог останува се уште важечкото решение по кое што се разговара. Ние сакаме да го затвориме... Читать дальше...

Шолц телефонски ќе разговара со Путин

SlobodnaEvropa.mk 

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска телефонски треба да разговара со рускиот претседател Владимир Путин како дел од напорите да се „спречи катастрофа“ во Украина, изјави неговиот портпарол, Штефен Хебестрајт. Тој додаде дека повикот „попладнево“ бил „тесно координиран“ со францускиот претседател Емануел Макрон, кој разговарал со Путин двапати, односно вчера и денеска. Според него, планираните разговори на Шолц се дел од „заедничките дипломатски напори“ на Западот да ја спречи Русија да ја нападне Украина. Читать дальше...

Економско политичка стабилна нестабилност - вие коментирате

SlobodnaEvropa.mk 

Од случувањата за и околу Украина, па стабилниот македонски рејтинг на „Стандард и Пурс па се до слабата финансиска независност на УКИМ во фокусот на коментарите на посетителите на Фејсбук страницата на РСЕ

Петков: Со Ковачевски нема да подлегнеме на провокации

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот премиер Кирил Петков на својот Фејсбук профил објави дека никој, нема да ги спречи него и македонскиот премиер Димитар Ковачевски, како што наведува, да напредуваат во односите меѓу Софија и Скопје. Според Петков, двете земји треба активно да го промовираат развојот на заеднички компании, кои заедно ќе создаваат голема додадена вредност, да имаат растечки економии, заеднички детски кампови, заеднички концерти, да имаат заеднички образовни програми, да нема граница меѓу нив, да нема дискриминација... Читать дальше...

Ковачевски нема да оди на средба со Мицкоски ако се разговара само за избори

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека нема да се сретне со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски доколку единственото прашање за кое би се разговарало се предвремените избори. Според него, избори ќе има во 2024 година, бидејќи на земјата сега и е потребно лидерство за надминување на последиците од кризата. „Не сум човек кој подлегнува на притисоци, закани и уцени. Доколку единствена точка за која опозицијата смета дека треба да се разговара се предвремени избори, тогаш таква средба нема да има... Читать дальше...

Иран тврди дека е постигнат значителен напредок во нуклеарните преговори

SlobodnaEvropa.mk 

Иранското министерство за надворешни работи соопшти дека разговорите во Виена за заживување на историскиот нуклеарен договор постигнале „значаен напредок“, иако сè уште има нерешени прашања. Според договорот од 2015 година познат како Заеднички сеопфатен акционен план, Техеран се согласи да ги ограничи чувствителните нуклеарни активности во замена за олеснување на санкциите. Поранешниот претседател Доналд Трамп ги повлече Соединетите држави од тој договор во 2018 година и повторно воведе строги... Читать дальше...

Кочанската болница пациенти има, лекари специјалисти-нема

SlobodnaEvropa.mk 

Со само двајца хирурзи, исто толку анестезиолози, гинеколози, интернисти и ниту еден инфектолог во време на пандемија работи медицинскиот центар во Кочани. Пациентите и лекарите се жалат на недостиг од лекари специјалисти, поради што за некои прегледи треба да патуваат во други градови

Песков: Нема конкретни планови за средба меѓу Бајден и Путин

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков денеска во врска со најавите за средба на американскиот и рускиот претседател Џо Бајден и Владимир Путин изјави дека двајцата лидери би можеле да се сретнат доколку сметаат дека е потребно. Но, тој додаде дека е прерано да се зборува за конкретни планови за самит. „Средбата е можна доколку лидерите ја сметаат за изводлива“, рече тој, додавајќи дека во овој момент нема „конкретни планови“ за такво нешто. Бајден ќе се сретне со Путин по разговорите на 24 февруари... Читать дальше...

Центарот за ампутација ја „спаси“ кочанската болница од затворање

SlobodnaEvropa.mk 

Поради големите долгови, кочанската болница од пред две години работи и како Центар за ампутација за источниот регион. Болницата сега е во стабилна финансиска состојба, а со помош на донации, оваа здравствена установа има пристојни услови за работа и претежно задоволни пациенти

„Паника“: Луѓето се евакуираат од окупираниот Луганск во страв и конфузија

SlobodnaEvropa.mk 

На главниот премин помеѓу делот од регионот Луганск, кој е под контрола на сепаратистите и територијата контролирана од украинската влада, редици луѓе кои заминуваа - повеќето жени со мали деца – велат дека имаат страв и се загрижени дека престојат полоши работи. Мајк Екел и Марјан Кушнир Кога за прв пат избувна војната пред осум години, 28 годишната Наталија само се криела во подрумот кога престрелките и артилериските бомбардирања премногу се приближувале. „Сега е поинаку. Сега се плашам за децата“... Читать дальше...

Османи: Мапирни се сите наши граѓани во Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави денеска дека можноста за ескалација на состојбата во Украина е се поприсутна. „Мапирни се сите наши граѓани во Украина и Амбасадата во Киев ги има контактирано. Семејствата на дипломатите се вратени, а дипломатите остануваат таму и обезбедени се услови за функционирање на амбасадата во наредните три месеци“, изјави Османи денеска на прес-конференција за ситуацијата во земјата. Османи посочи дека 12 луѓе веќе ја информирале амбасада дека се вратиле во државата. Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *