Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2022

Новости за 06.11.2022

Османи утре во работна посета на Софија

SlobodnaEvropa.mk 

Актуелностите поврзани со билатералните односи меѓу двете земји, исполнувањето на преземените обврски со Протоколот и Договорот за пријателство ќе бидат дел од темите за кој шефот на дипломатијата Бујар Османи ќе разговара со својот бугарски колега Николај Милков во Софија. Османи од утре ќе престојува во дводневна работна посета на Софија за време на која ќе има средби и со премиерот Галаб Донев, како и со лидерите на главните партиите застапени во новото бугарско Собрание. Како што соопшти МНР... Читать дальше...

Мирно и без инциденти зврши протестот на Србите во Северна Митровица

SlobodnaEvropa.mk 

Ден откако претставниците на Србите на северот на Косово ги напуштија косовските институции, во Северна Митровица се одржа протест на кој беше побарано повлекување на одлуката за пререгистрација на возилата со таблички на градови на Косово и формирање на Заедница на општини со српско мнозинство.

Се урна патнички авион во Танзанија

SlobodnaEvropa.mk 

Патнички авион се урнал во езерото Викторија во Танзанија во близина на градот Букоба. Како што јавува Би-Би-Си, повеќе од 20 луѓе се спасени,  но тие бројки не се официјално потврдени. На летот имало 49 патници. Спасувачите, како и локални рибари, трагаат по исчезнатите. „Успеавме да спасиме доста луѓе“, изјави за новинарите командантот на полицијата во провинцијата Кагера, Вилијам Мвампагал. Според медиумите, авионот паднал во невреме и силен дожд, пилотот почнал да слетува, но ја промашил пистата. Читать дальше...

Протест на Србите во Северна Митровица

SlobodnaEvropa.mk 

Во Северна Митровица, една од четирите општини со мнозинско српско население на северот на Косово, започнаа протести кои претходно беа повикани од Српска листа, водечката партија на косовските Срби која ја има поддршката од Белград. Српската листа претходно објави дека „средбата“ се одржува со цел да се покаже единство и едногласно да и порачаат на Европа дека Србија е нивна земја. Ден претходно, во северните општини, на јавни места можеа да се забележат излепени покани, со кои се повикуваат... Читать дальше...

Косовската полиција негира дека специјалци се упатиле на север

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата на Косово ги негира пишувањата во некои српски медиуми дека припадници на специјалната единица се упатиле на северот на земјата, населен со мнозинско српско население, откако вчера Србите одлучија да ги напуштат косовските институции, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштението доставено до медиумите, се вели дека „полициските единици на јавниот ред и оние пограничните, согласно службената должност патролираат/се движат на терен зависно од ангажманите и задачите, но нема вклученост... Читать дальше...

Сајтот на бугарското разузнавање нападнат од руски хакери

SlobodnaEvropa.mk 

Руската хакерска група Килнет ја нападна веб-страницата на бугарската државна разузнавачка агенција (ДАР), објавија локалните медиуми. Станува збор за хакерски напад DDoS кој привремено го отежна пристапот до веб-страницата на агенцијата. Покрај веб-страницата на бугарското разузнавање, нападнати се и сајтовите на разузнавачките агенции на Полска, Романија, Молдавија и Естонија, пренесува дописникот на МИА од Софија. Руската хакерска група Килнет, зад чија организација се претпоставува дека стојат руските власти... Читать дальше...

Градоначалниците и советниците од северот на Косово поднесоа оставки

SlobodnaEvropa.mk 

Градоначалникот на Северна Митровица, Милан Радојевиќ  денеска официјално поднесе оставка на вонредната седница на Собранието на општина Северна Митровица. Истото го направија и 17 советници на Српската листа во оваа општина. Свои оставки поднесоа и градоначалниците на општините Звечан Драгиша Миловиќ, на Лепосавиќ Зоран Тодиќ и на општината Зубин Поток Срѓан Вуловиќ, како и советниците во локалните собранија од редовите на Српската листа, водечката партија на косовските Срби која ја има поддршката од Белград. Читать дальше...

Бардел е новиот лидер на екстремната десница во Франција

SlobodnaEvropa.mk 

Жордан Бардел е избран за претседател на водечката француска крајнодесничарска партија Национален собир, објави лидерката на партијата во заминување Марин Ле Пен. Ле Пен беше втора на француските претседателски избори во април, кои ги загуби од актуелниот претседател Емануел Макрон. Дваесет и седумгодишниот Бардел, пратеник во Европскиот парламент, е првиот шеф на таа партија надвор од семејната династија. Партијата беше основана од Жан Мари Ле Пен како Национален фронт во 1972 година, а раководството на партијата... Читать дальше...

Борел: Настаните во Косово ја доведуваат во опасност напорната работа

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел оцени дека настаните во односите меѓу Косово и Србија ја загрозуваат долгогодишната напорна работа и постигнатото во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина и ја комплицираат безбедносната ситуација во регионот и пошироко. Европската унија, додаде Борел во изјавата, ги повикува двете страни да се воздржат од какви било унилатерални дејства што би можеле да доведат до дополнителни тензии. Борел додаде дека повлекувањето на косовските... Читать дальше...

Политичката ситуација во Бугарија ја забавува работата на историската Комисија

SlobodnaEvropa.mk 

Нејасна политичка ситуација во Бугарија влијае на бугарските членови во Комисија некои работи да одат побавно сè додека не се избистри ситуацијата за тоа кој ќе ја води политичката влада таму, вели Драги Ѓоргиев, копретседател на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања.

Ѓоргиев - Клубовите се смислена политика за нарушување на односите

SlobodnaEvropa.mk 

Отворањето на бугарските клубови во Македонија, имаат друга цел, да ги нарушат уште повеќе односите меѓу Македонците и Бугарите, и тоа очигледно станува збор за некоја смислена политика, која можеби се води во некои други центри надвор и од двете држави, вели историчарот Драги Ѓоргиев.

Облачно и свежо време со врнежи од дожд

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и обилни дури и над 35 литри на квадратен метар, а во југоисточните делови е можна и појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од источен и североисточен правец, особено долж Повардарието каде претпладне ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16 степени. Во Скопје облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни претпладне. Ќе дува умерен североисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени. Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *