Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2022

Новости за 30.11.2022

Повторно хоспитализиран бразилскиот фудбалер Пеле

SlobodnaEvropa.mk 

Славниот бразилски фудбалер Пеле е хоспитализиран во Сао Паоло за да му бидат регулирани лековите кои ги користи во борбата против туморите на дебелото црево, потврди неговата ќерка Кели Насименто-Делука. Таа на Инстаграм напиша дека нема „ништо алармантно“ за здравјето на нејзиниот 82-годишен татко, откако веста се појави во медиумите. На Пеле му беше отстранет туморот во септември 2021 година, по што почна со хемотерапија. Оттогаш на социјалните мрежи ги отфрла обвинувањата дека е во лоша здравствена состојба... Читать дальше...

Стефани Фрапар влегува во историјата на мундијалите

SlobodnaEvropa.mk 

Французинката Стефани Фрапар ќе стане првата жена која ќе суди на натпревар на Светско првенство за мажи, а ќе ја има функцијата главен судија на натпреварот меѓу Костарика и Германија на 1 декември. Фрапар е една од трите жени кои беа избрани меѓу 36-те судии на овогодинешното Светско првенство во Катар, а шанса за судење би можеле да добијат и Салим Мукансанг од Руанда и Јошими Јамашита од Јапонија. Фрапар беше првата жена што судеше во француската Лига 1 во 2019 година, истата година кога... Читать дальше...

Убиен Иранец додека го славел поразот на фудбалската репрезентација

SlobodnaEvropa.mk 

Безбедносните сили на Иран убиле маж на северот на земјата, на собир на антивладини демонстранти кои јавно ја прославувале елиминацијата на фудбалската репрезентација од Светското првенство. Според извештаите, активистите велат дека 27-годишниот Мехран Самак бил застрелан во главата откако денеска свирел во својот автомобил во Бандар Анзали. Многу Иранци одбија да ја поддржат својата фудбалска репрезентација во Катар, сметајќи ја за репрезентација на Исламската Република. Медиумите поврзани... Читать дальше...

Џафери: Измени на Деловникот ќе овозможат фокус на суштинските прашања

SlobodnaEvropa.mk 

Измени на Деловникот за работата на Собранието се важни и тие ќе овозможат пратениците да фокусираат на суштинските прашања, без при тоа да бидат забавени од сите процедурални пречки кои се вистински предизвик за работата на Собранието, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери на Конференцијата на Европскиот парламент.  На Конференцијата во ЕП на тема „Креирање на парламентарна демократска култура преку дијалог и градење консензус“. Џафери зборуваше за дијалогот на парламентарните групи во рамки на Жан Моне процесот. Читать дальше...

Затвор од 52 години добија обвинетите за убиство на ракометарот Тот

SlobodnaEvropa.mk 

Затворска казна од вкупно 52 години добија тројцата обвинети за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.   Судечкиот совет при Основниот кривичен суд Скопје ги прогласи за виновни обвинетите Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска кои добија казна затвор од по 18 години, додека на обвинетиот Андреј Костовски му беше изречена казна од 16 години затвор за сторено кривично дело „убиство“. Судијката Весна Илиевска Јосифовиќ рече дека со овие казни судот смета дека во доволна мера ќе влијае на... Читать дальше...

Судството под лупа во Брисел, а во Скопје пука по сите шевови

SlobodnaEvropa.mk 

Додека македонски судии и обвинители во Брисел ќе реферираат за усогласеноста на македонските со европските закони, правосудниот систем го тресат афери. Една од последните е за стотици студенти кои положиле правосуден испит пред да завршат студии на правен факултет.

Харадинај бара дијалог со Србите за враќање во институциите

SlobodnaEvropa.mk 

Опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК) денеска побара од државното раководство да започне дијалог со косовските Срби за нивно враќање на работните места, откако на почетокот на месецов поднесоа оставки поради проблемите со регистерските таблички. Лидерот на ААК, Рамуш Харадинај, претставувајќи во Собранието резолуција за состојбата во земјата по тензиите поради табличките, предложи и да се побара неколкудневен самит во САД, што би требало да резултира со меѓусебно признавање на Косово и Србија. Читать дальше...

Дел скопјани не се спокојни- парно де има, де нема

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓаните кои се поврзани на топланата Скопје-Север користат алтернативни начини на греење, бидејќи парно немаат. Топланата денеска потпиша договор со АД ЕСМ со што ќе се реши проблемот со греењето во реонот. Од АД ЕСМ велат дека е набавен гас за декември.



Бојан Павловски: Болнички лекови доцнат поради тендерски постапки

SlobodnaEvropa.mk 

Од три на два проценти падна уделот на буџетот на Министерството за здравство во предлог- буџетот за 2023 година, а сериозни кратења има кај превентивните програми, алармира Бојан Павловски од здружението ЕСЕ. Проблемот во набавката на лекови ја гледа во тендерските процедури и позитивната листа.

Се жалат на празни каси, а потфрлаат во наплатата на данок на имот

SlobodnaEvropa.mk 

За две третини од регистрираниот имот во Скопје не се плаќа данок на имот, зошто Градот нема пристап до податоците на Катастарот, вели градоначалничката Данела Арсовска. Од Агенцијата за катастар велат дека податоците не можат да ги обезбедат бесплатно како што бараат општините. Ниту една Влада до сега не нашла решение праведно за сите граѓани да плаќаат данок на својот имот.

„Ова е промена на играта“: што е следно во Кина додека се шират протестите низ целата земја?

SlobodnaEvropa.mk 

Кинескиот лидер Си Џинпинг се соочува со еден од неговите најголеми предизвици додека десетици илјади луѓе излегоа на улиците да протестираат против строгите контроли на владата и задушувањето на слободата на говорот. Рид Стендиш

ЕУ го одобри преговарачкиот мандат за визна либерализација за Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Амбасадорите на земјите-членки на Европската унија денеска го договорија преговарачкиот мандат на Советот на ЕУ за регулативата за безвизно патување за имателите на пасоши издадени од Косово. Според најавата од ЕУ, врз основа на овој мандат, чешкото претседателство ќе ги започне преговорите со Европскиот парламент. Јан Липевски, министер за надворешни работи на Чешка, чија земја претседава со Европската Унија, изјави дека денешната одлука претставува важен чекор кон безвизно патување за Косово. ... Читать дальше...

Основачот на екстремно десничарската група прогласен за виновен за нападот на Капитол

SlobodnaEvropa.mk 

Основачот на ултрадесничарската група „Чувари на заклетвата“ Стјуарт Роудс е осуден за организирање заговор за поништување на победата на демократот Џо Бајден во претседателските избори во САД. Поротата во Вашингтон синоќа го прогласи Роудс за виновен во речиси двомесечното судење кое ги откри напорите на екстремно десничарската група по секоја цена да го задржи републиканецот Доналд Трамп во Белата куќа. Роудс беше ослободен од другите две точки од обвинението, кои се однесуваа на наводниот заговор. Читать дальше...

Воени авиони на Кина и Русија влегле во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја

SlobodnaEvropa.mk 

Војската на Јужна Кореја соопшти дека активирала борбени авиони додека два кинески и шест руски воени авиони влегле во нејзината зона за воздушна одбрана во средата. Кинеските бомбардери Х-6 постојано влегувале и излегувале од корејската воздушна одбранбена идентификациска зона (КАДИЗ) во близина на јужниот и североисточниот брег на Јужна Кореја, соопшти Здружениот началник на Генералштабот на Сеул. САД ги повикаа ОН да побараат одговорност од Северна Кореја за ракетните тестови Тие повторно... Читать дальше...

Штајнмајер ја продолжува посетата на Северна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Сојузна Република Германија Франк-Валтер Штајнмајер кој од вчера престојува во дводневна официјална посета на Северна Македонија денеска во Чифте амам ќе се сретне со филмската екипа на филмот „Медена земја“. Тој во попладневните часови ќе ги посети ветерниот парк во Богданци и германската компанија Дрекселмајер во Кавадарци. Вчера Штајнмајер кој е во прва посета на Република Северна Македонија разговараше со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски, а се обрати и во Собранието. Читать дальше...

Времето денеска: облачно со повремени локални врнежи

SlobodnaEvropa.mk 

Облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Дневната температура ќе се движи од 2 до 9 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 6 степени.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *