Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2022

Новости за 03.11.2022

ЕСМ ќе тестира дали скопските топлани Исток и Запад можат да работат на дизел

SlobodnaEvropa.mk 

АД ЕСМ по 15 ноември ќе изврши тест дали двете топлани Исток и Запад во Скопје ќе можат да работат на дизел гориво.  Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски изјави дека ќе го пробаат системот за да видат дали може да работи и со овој енергенс, бидејќи во минатото работел на мазут кој е еколошки многу понеподобен.  „Тоа го правиме за да бидеме сигурни дека во целост ќе можеме да ги задоволиме потребите со топлинска енергија во подоцниот период на грејната сезона или во наредните сезони и доколку има проблеми со набавка на природен гас“... Читать дальше...

Американски носач на авиони на нуклеарен погон на пристаништето во Сплит

SlobodnaEvropa.mk 

Сплит денеска утрово пристигна еден од најголемите воени бродови во светот - американскиот носач на авиони на нуклеарен погон „USS George H.W. Bush“.  „Посетата на пристаништето дава можност за дополнително зајакнување на силното американско-хрватско партнерство на двете нации во напорите да се создаде силна, безбедна и просперитетна Европа, а исто така ќе им овозможи на морнарите од носачот да ја искусат хрватската култура“, се вели во соопштението на Амбасадата на САД во Загреб по повод пристигнувањето на носачот. Читать дальше...

Нападната граничната полиција во Зубин Поток

SlobodnaEvropa.mk 

Косовската полиција денеска соопшти дека е пукано во граничната полициска станица во селото Јасеновиќ, на територијата на општината со српско мнозинство Зубин Поток. Според соопштението, нападот се случил во средата вечерта, кога полицијата слушнала два истрели по ред. „Надлежната полициска единица пронајде чаури од куршумот што ја погодил полициската станица за гранична контрола во Јасеновиќ“, се вели во соопштението. Се додава дека Управата за борба против тероризам води истрага поради сомнение дека е извршен терористички акт. Читать дальше...

Шолц и Фон дер Лајен го потврдија постоењето на француско-германскиот предлог за Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и германскиот канцелар Олаф Шолц потврдија дека постои француско-германски предлог за решавање на споровите меѓу Косово и Србија. Како што јавува дописничката на Радио Слободна Европа од Брисел, двајца европски дипломати изјавиле дека тој веќе е вклучен во дијалогот меѓу Косово и Србија. Лидерите на Западен Балкан потпишаа договори за поголема мобилност За време на посетите на европските и американските посредници во октомври, во... Читать дальше...

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан ранет на митинг

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан денеска беше ранет во потколеницата, откако беше пукано врз неговиот конвој на истокот на земјата, јавува Ројтерс. „Еден човек отвори оган од автоматско оружје. Неколку луѓе се ранети. Имран Кан исто така е повреден“, изјави неговиот помошник Асад Умар. Кан е пренесен во болница. Човекот осомничен дека го нападнал бил застрелан, изјави Раоф Хасан, висок помошник на поранешниот премиер. Екс премиерот на Пакистан Кан започна „долг марш“ за предвремени... Читать дальше...

Собранието го донесе Законот за заштита на потрошувачите

SlobodnaEvropa.mk 

Македонското Собрание денеска го донесе Законот за заштита на потрошувачите по скратена постапка. Расправа по овој предлог се одвиваше вчера, а она што е новина и клучно во овој нов Закон е што се воведуваат, односно се дава посебно внимание на нечесни трговски практики, измамнички трговски практики и агресивни трговски практики при продажба на стоките и услугите, вклучувајќи ги и недвижностите, дигиталните услуги и дигиталните содржини. Со предлог-законот треба да се обезбеди и високо ниво на заштита на правата за потрошувачите... Читать дальше...

Лидерите на Западен Балкан потпишаа договори за поголема мобилност

SlobodnaEvropa.mk 

Шефовите на владите на Србија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина денеска на самитот на Берлинскиот процес потпишаа три договори, чија цел е регионална интеграција и слободно движење на граѓаните на Западен Балкан. Станува збор за договори за слобода на движење со лична карта, за признавање на високообразовните квалификации и признавањето на професионалните квалификации на лекари, стоматолози и архитекти. Во Берлин самит на Берлинскиот процес за Западен Балкан... Читать дальше...

На хартија можно, во реалноста-тешко остварливо полнењето на државната каса

SlobodnaEvropa.mk 

Сите проекции и ветувања „ќе паднат во вода“ после неколку месеци, кога ќе има повторно ребаланс и ќе се видат ефектите од овие проекции, коментираат економисти за РСЕ. Според нив, новиот буџет кој тежи 5, 3 милијарди евра е креиран според потребите, а не според можностите.



Вучиќ: не можеме да дозволиме некој да ја шпионира нашата армија

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија не е во конфликт со никого, но дека не може да дозволи некој да ги шпионира нејзините вооружени сили. По повод вчерашното соборување на беспилотно летало над воените објекти кај Рашка, Вучиќ изјави дека не е првпат вакво летало да биде забележано над касарната на Вооружените сили на Србија. „Ги забележавме неколку дена претходно, а потоа ги предупредивме. Овој вид на извидување и незаконско разузнавање претставува еден вид агресија врз суверена земја“... Читать дальше...

Лекување и дијагноза на далечина

SlobodnaEvropa.mk 

Со мал апарат што се става близу местото на болка или воспаление и преку интернет неколку лекари во земјава ќе можат да дадат дијагноза или да лекуваат без физички контакт со пациентите. Ова е пилот проект со кој Министерството за здравство пробува како ќе функционира телездравството.

Фон дер Лајен: во Берлин ја обликуваме нашата заедничка енергетска иднина

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, на почетокот на Самитот на Берлинскиот процес, што на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц се одржува во Берлин на Твитер напиша дека е добро е да се видат сите партнери од Западен Балкан во Берлин, една седмица по нејзината посета на регионот. „Тука сме за да ја продлабочиме економската соработка. Почнувајќи од енергетиката. Нашиот пакет од една милијарда евра помош за Западен Балкан ќе ни помогне да ја обликуваме заедно нашата заедничка енергетска иднина“... Читать дальше...

„Бомбите“ вознемируваат, но и се тема за шеги кај учениците, осомничениот пуштен дома

SlobodnaEvropa.mk 

Психолозите велат дека кај дел од средношколците има вознемиреност поради заканите за бомби, но никој од нив досега не побарал помош. Од Сојузот на средношколци пак, апелираат за што брзо идентификување на сторителот. Како ќе се надополнат загубените часови се уште не познато.

Борел: палењето автомобили на северот на Косово е неприфатливо

SlobodnaEvropa.mk 

Високиот претставник на Европската унија за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел смета дека е неприфатливо да се палат возила на северот на Косово кои се пререгистрирани од српски на косовски таблички. Оваа оценка тој ја даде по денешната средба со премиерот на Косово, Албин Курти. „Разговарав за ситуацијата на северот на Косово. Нарушувачките дејства, како палење автомобили, се неприфатливи“, објави Џозеп Борел на Твитер. Тој ги повика сите страни на воздржаност и почитување на... Читать дальше...

МВР: Распит на приведениот за наводна поврзаност со дојавите за бомби

SlobodnaEvropa.mk 

Со лицето кое синоќа беше приведено поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во неколку средни училишта е извршен распит и претрес во неговиот дом и одземени се предмети за вештачење, потврдија од МВР за МИА. Платформата именувана како Conservative.mk синоќа на нивниот фејсбук-профил објави дека приведеното лице за наводна поврзаност со заканите за поставени бомби кои ги добија неколку средни училишта во Скопје e нивен член и активист Никола Николовски, за кој тврдат дека е неправедно уапсен. Читать дальше...

Бајден ги замоли гласачите да ја спасат демократијата од лаги и насилство

SlobodnaEvropa.mk 

Предупредувајќи дека самата демократија е загрозена, американскиот претседател Џо Бајден ги повика Американците да ги искористат своите гласачки ливчиња на среднорочните избори во следната недела за да им се спротивстават на лагите, насилството и опасните изборни нарушувачи кои се обидуваат, како што изјави „да успеат таму каде што не успеале“ - во сузбивањето на изборите во 2020 година. Претседателот ги издвои „ултра МАГА“ републиканците - повикувајќи се на слоганот на Трамп „Направи ја Америка повторно голема“ - нарекувајќи ги малцинство... Читать дальше...

Советот за безбедност на ОН го продолжи мандатот на ЕУФОР во Босна

SlobodnaEvropa.mk 

Советот за безбедност на ОН усвои резолуција за продолжување на мандатот на мировната и безбедносната мисија на Европската унија во Босна и Херцеговина за уште една година. Резолуцијата беше усвоена едногласно на седница на Советот за безбедност во Њујорк. Позната како ЕУФОР Алтеа, мисијата составена од околу 1.100 војници од 20 земји е распоредена во Босна од 2004 година и нејзиниот мандат мора да се обновува секоја година. Овогодинешниот мандат требаше да истече на вчера. Германски војници повторно... Читать дальше...

Во Берлин самит на Берлинскиот процес за Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска во Берлин ќе се одржи самит за Западен Балкан во организација на германскиот канцелар Олаф Шолц. На самитот што е дел од таканаречениот Берлински процес ќе присуствуваат „шефовите на влади на шесте земји од Западен Балкан, претседателот на Европската комисија, претседателот на Европскиот совет, неколку членки на Европската Унија од регионот, како и највисоките претставници на регионалните и меѓународните организации“, се вели во соопштението на германскиот канцелар. Како што се наведува,... Читать дальше...

Времето денеска: сончево со мала до умерена облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, особено долж Повардарието. Дневната температура ќе се движи од 19 до 26 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 22 степена.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *