Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Апрель
2023

Новости за 08.04.2023

ЕУ повикува на смирување на тензиите меѓу Израел и Палестина

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел,  ја осуди ескалацијата на насилството меѓу Израел и Палестинците, повикувајќи ги сите страни да покажат воздржаност и смиреност за време на верските празници. Израелско-палестинските тензии се зголемија откако еден италијански турист беше убиен, а пет лица беа ранети во автомобил во петокот во Тел Авив, по нападот со пукање на окупираниот Западен Брег во кој загинаа две израелски сестри, пренесува Ројтерс.

Алтернатива нема да учествува во работната група за уставни измени

SlobodnaEvropa.mk 

Алтернатива нема да учествува во работната група за уставни измени, а причината за ваквата одлука, како што посочи генералниот секретар на партијата, Зекирија Ибрахими, е што за нив не може да има работни групи за изготвување или подготовка на уставните измени додека не се постигне политички консензус меѓу политичките партии за поддршка на овие измени, преку кој мора да се отвори патот кон интеграција на државата во Европската Унија. „За нас не може да има работни групи за составување или подготовка... Читать дальше...

ССМ:Катастрофални законски измени за работничките права за проектот со „Бехтел и Енка“

SlobodnaEvropa.mk 

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во реакција на предложените законски измени поврзани со изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10 -д, денеска ги повика пратениците сериозно да размислат пред да го дадат својот глас за, како што наведуваат, катастрофланите предлози за измени на закони по работничките права. „Пратениците од владејачкото мнозинство сакаат прекувремената работа да може да трае и подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период... Читать дальше...

МАД со реакција на законските измени предложени поради коридорите 8 и 10-д: Се уништува културното наследство

SlobodnaEvropa.mk 

Со предлогот на група пратеници во Собранието за дополнување на Законот за заштита на културното наследство, заради изградба на автопатите од Коридор 8 и Коридор 10д, се овозможува бескрупулозно легално уништување на културното наследство, реагира Македонското археолошко друштво. „Со предложените измени се овозможува бескрупулозно легално уништување на културното наследство во име на стратешко партнерство и јавен (бизнис) интерес, односно како што е наведено во предложениот текст во име на: „Ефикасна... Читать дальше...

Ирак бара извинување од Турција за нападот во регионот на Курдистан

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Ирак, Абдел Латиф Рашид ја осуди Турција за нападот на областа во близина на аеродромот Сулејманија и ја повика Турција да се извини, пренесува Ројтерс. „Турските воени операции во регионот на Курдистан продолжуваат, а најновото е нападот (во петокот) на цивилниот аеродром во Сулејманија“, рече Рашид во соопштението. Рашид, и самиот Курд од Сулејманија, рече дека таквите акции на турските сили „немаат правно оправдување“ и служат само за „тероризирање на цивилите под изговор дека непријателските сили се присутни во Ирак“... Читать дальше...

Иран поставува камери на јавни места за да ги казнува жените кои не носат хиџаб

SlobodnaEvropa.mk 

Иранските власти инсталираат камери на јавни места и сообраќајници за да ги идентификуваат и казнуваат жените кои не го почитуваат кодексот на облекување. Откако ќе бидат идентификувани, прекршителите ќе добијат „СМС пораки со предупредување за последиците“, се вели во соопштението на полицијата. Според шеријатскиот закон на Исламската Република, наметнат по револуцијата во 1979 година, жените се обврзани да ја покриваат косата и да носат долга, широка облека за покривање на нивните фигури. Читать дальше...

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работната група за уставните измени

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска повтори дека нема да учествуваат во работната група за уставните измени, оценувајќи дека во оваа фаза тоа е беспредметно и оти власта сака да го политизира процесот. По повикот што вчера повторно го упати вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ до ВМРО-ДПМНЕ да се вклучат во процесот и во рамки на работната група да ги кажат ставовите Мицкоски рече дека повеќе нема да се занимава со тоа прашање. „И врвни правни експерти го коментираат тоа... Читать дальше...

Кинеската војска започна тридневна воена вежба околу Тајван

SlobodnaEvropa.mk 

Кинеската војска започна тридневна воена вежба околу Тајван. Пекинг, кој го гледа Тајван како отцепена кинеска провинција, ја нарече операцијата „строго предупредување“ до владата на островот. Вежбите започнаа неколку часа откако претседателката Цаи Инг-вен се врати од патувањето во Соединетите држави, каде што се состана со претседателот на Претставничкиот дом на Соединетите држави претходно оваа недела. Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека 42 кинески воени авиони и осум бродови... Читать дальше...

Пазарниот инспекторат врши контрола на увозниците на овошје и зеленчук

SlobodnaEvropa.mk 

Државниот пазарен инспекторат денеска спроведува акција за контрола на увозниците на овошје и зеленчук низ целата држава. Над 30 инспектори заедно со Управата за финансиска полиција и Управата за јавни приходи ќе ги контролираат производите по одлуката на Владата за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот. „Со акцијата се опфатени увозници на зеленчук и овошје во Скопје, влезено е и на Кванташки пазар, а се вршат надзори и кај увозниците на големо во Струмица, Дебар и други градови“, потврди директорт на ДПИ Горан Трајковски за МИА. Читать дальше...

Демократскиот сојуз нема да учествува во работната група за промена на Уставот

SlobodnaEvropa.mk 

Демократскиот сојуз нема да учествува во работната група за промена на Уставот и смета дека пред да почне постапка зa внесување на Бугарите во Уставот, неопходно е од Бугарија да се обезбеди реципроцитет. Тие бараат Македонците да бидат признаени и да можат да се организираат и здружуваат преку формирање културни центри, здруженија на граѓани, политички партии и други форми на асоцијации, заради негување и афирмација на културните, јазичните, историските и другите обележја, права кои во Македонија ги имаат сите етнички заедници... Читать дальше...

Загина италијански турист во напад со автомобил во Тел Авив

SlobodnaEvropa.mk 

Еден италијански турист загина, а седум други се ранети во напад со автомобил во близина на плажа во Тел Авив во петокот (7-ми април), соопштија израелските власти. Италијанскиот министер за надворешни работи изјави дека убиениот бил италијански државјанин, Алесандро Парини. Снимката од местото на настанот покажува превртен автомобил во близина на шеталиштето и израелски полицаец кој отвора оган. Израелското Министерство за надворешни работи посочи дека се работи за терористички напад, иако се уште не е јасно што се случило... Читать дальше...

Променливо облачно време

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локален дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 16 степени. Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *