Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Апрель
2023

Новости за 10.04.2023

Почина бебе во битолската болница, инспекторски тим утре ќе ги утврдува причините

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство Фатмир Меџити најави дека тим од Државен здравствен и санитарен инспекторат и комисија од инспектори утре во битолската болница ќе ја утврдува точната причина за смртта на бебето на 24-годиш битолчанка. Бебето кое починало вчерае нов случај во битолската болница, откако пред десетина дена почина шестгошишната Јана.   „Како што видов во првичниот извештај, бебето живо било родено, со тахикардија, имало белодробно срцево осивување, а понатаму се ќе кажеме кога ќе имаме дефинитивни... Читать дальше...

Петмина убиени во пукање во Кентаки, напаѓачот неутрализиран

SlobodnaEvropa.mk 

Пет луѓе се убиени, а шест ранети во масовно пукање во американскиот град Луисвил, Кентаки, потврди полицијата и извести дека напаѓачот е неутрализиран. Веќе нема „активна закана од агресија“, објави на Твитер полицијата на Луисвил. Пукањето се случило во близина на бејзбол стадионот Слагер Филд во центарот на Луисвил. Од граѓаните беше побарано да се држат подалеку од источната главна област на градот. Гувернерот на Луисвил, Енди Бешеар ги повика луѓето „да се молат за сите погодени семејства и за градот Луисвил“.

„Огнените“ од ДУИ бараат учество во работната група за уставните измени

SlobodnaEvropa.mk 

Tаканаречената „Огнена група“ денеска побара како фракција во рамките на ДУИ да учествува во работната група за уставните измени, за која утре истекува рокот политичките партии да номинираат свои претставници.  „Сакајќи во овој процес да имаме активна, а не само набљудувачка улога, иако официјално не смe поканети, ја изразуваме нашата целосна подготвеност како фракција во рамките на Демократската унија за интеграција (ДУИ) да учествуваме во работната група за уставни измени и да ги ставиме на располагање... Читать дальше...

Ковачевски негира конфликт на интереси за договорот со компанијата на неговата сопруга

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска изјави дека смета оти нема конфликт на интереси со владината одлука компанијата, каде што има удел неговата сопруга, да дооформи градежна парцела во Радовиш на државно земјиште по цена од 70 денари за метар квадратен. Коментарите на премиерот доаѓаат по сторијата која минатата недела ја објави РСЕ, дека Владата ја задолжила општината Радовиш да ѝ продаде на фирмата во која една од сопственичките е сопругата на премиерот, државна парцела за изградба на фотоволтаична централа. Читать дальше...

Се менуваат закони за „Бехтел и Енка“ да градат брзо

SlobodnaEvropa.mk 

По скратена постапка во Собранието ќе се носат осум закони за да може американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка брзо и без отежнати процедури да ги гради автопатиштата од коридорите 8 и 10. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата и најави суштински амандмани.

Македонија лансира дигитален асистент за инвеститори и граѓани - АДА

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска беше промовиран првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција во јавниот сектор - АДА. АДА има за цел да ја претставува Северна Македонија како поволна инвестициска дестинација и ќе нуди персонализиран пристап при комуникацијата со потенцијални странски инвеститори. На промоцијата денеска зборуваа премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и техонолоши развој, Фестим Халили.  Ковачевски рече дека Северна... Читать дальше...

Министерство за правда - утре ќе се знае составот на работната група за уставните измени

SlobodnaEvropa.mk 

На полноќ истекува рокот политичките партии да номинираат претставник во работната група за уставните измени, со што утре ќе знае во каков состав ќе работи ова тело, соопшти денеска Министерството за правда.  Работната група се очекува да има меѓу шест и осум експерти. Политички партии и одредени институции во јавноста веќе ги соопштија имињата на лицата што ќе ги претставуваат.   Ова тело треба да го подготви текстот на уставните амандмани, вклучително и текстот на Преамбулата за внесување на Бугарите и други помали заедници во државата... Читать дальше...



Тројца македонски државјани загинаа во сообраќајна несреќа во Италија

SlobodnaEvropa.mk 

Тројца македонски државјани синоќа загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Италија, потврди македонското Министерство за надворешни работи (МНР).   Сообраќајната несреќа се случила во градот Ница Монферато, во италијанската провинција Асти која е дел од регионот Пиемонт, при што загинале четворица луѓе, од кои за тројца било утврдено дека се државјани на на Република Северна Македонија, наведува МНР.    „Амбасадата во Рим, како и Генералниот конзулат во Венеција се во директен контакт со надлежните институции на Италија... Читать дальше...

Протест на МАД и ИКОМОС против измени на Законот за заштита на културно наследство

SlobodnaEvropa.mk 

Македонското археолошко друштво (МАД) и ИКОМОС Македонија денеска одржаа протест пред Собранието од каде упатија итен апел до пратениците да ги блокираат предложените измени на Законот за заштита на културното наследство.  Тие тврдат дека овие промени на законот непромислено и свесно ќе му наштетат на културното наследство со катастрофални последици, а дека сето тоа ќе биде во име на „поголем јавен интерес“ кој всушност крие „профитабилна зделка од огромни размери“. „Со предложените измени и дополнувања на членот 65 од овој Закон... Читать дальше...

Д-р Хасан: Обезноста е болест која треба многу посериозно да ја третираме

SlobodnaEvropa.mk 

За еден месец откако е отворен Центарот за менаџирање на дебелина во болницата „8 Септември“ во Скопје, прегледани се над 260 пациенти со обезност, односно со прекумерна телесна тежина. Речиси една третина од прегледаните биле на возраст од 14 до 18 години. Ендокринологот доц. д-р Танер Хасан од Центарот предупредува дека обезноста е болест на која треба многу посериозно да ѝ се посветат и пациентите и докторите

Протечените документи го покажуваат обемот на американските шпионски активности

SlobodnaEvropa.mk 

Длабока пенетрација на американските разузнавачки служби во руските безбедносни системи открија доверливите документи кои протекоа на социјалните мрежи. Сепак тие, исто така, укажуваат дека САД ги шпионирале пријателските и сојузничките земји, каде предизвикаа чудење и лутина.

Двајца мажи јавно камшикувани во Иран поради пиење алкохол

SlobodnaEvropa.mk 

Двајца мажи беа поради пиење алкохол јавно беа камшикувани во рекреативен комплекс во јужниот ирански град Сирџан, објави обвинителот на Сирџан, Мојтаба Гадими. Гадими на 9 април рече дека двајцата мажи биле осудени на два месеци затвор и 280 часа општокорисна работа. Официјалната владина новинска агенција ИРНА соопшти дека на интернет е објавена снимка од двајца мажи како пијат алкохол во близина на езеро. Консумацијата на алкохол е забранета во Иран и се казнува со камшикување и парични казни.

„Корпа“ со црви за домашен биохумус

SlobodnaEvropa.mk 

Ангела Исовска, Михаела Петровска и Јован Дејаноски креирале "соил бин" - автоматизирана дигитална корпа за органски отпад во која отпадот се разградува со помош на калифорниски црви и се добива природен биохумус. Креативноста на овие средношколци од тимот „Био Техно Лоџик“ од Скопје ви ја претставуваме во новата епизода на „Иноватори“.

Партиски фракции - тројански коњ или отскочна даска за нова партија?

SlobodnaEvropa.mk 

Партиските статути на најголемите партии во државата не дозволуваат постоење на фракции. Но и покрај тоа, обиди за такво дејствување имало и во минатото. Почнувале како фракции, но најчесто завршувале или како нови политички субјекти или надвор од матичната партија. Аналитичарите велат дека македонските и албанските партии не се доволно зрели за ваков вид на демократско дејствување

Американски разурнувач во делот на Јужното Кинеско Море

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот разурнувач „USS Milius“ денеска изврши „операција за слободна навигација“ во делот на Јужното Кинеско Море на чие право претендира Пекинг, во време кога кинеската војска одржува воени вежби околу Тајван. „Оваа операција на слобода на навигација ги почитува правата, слободите и законската употреба на морето“, соопшти американската морнарица, истакнувајќи дека бродот поминал во близина на островите Спратли. Тие многу ги оспоруваа островите на кои, покрај Кина, претендираа и Виетнам, Тајван, Филипини и Малезија. Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *