Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Апрель
2023

Новости за 24.04.2023

Утре одлука за обединување на МПЦ-ОА и ПОА

SlobodnaEvropa.mk 

Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), утре во полн состав, треба да донесе одлука за обединување на МПЦ-ОА и Православната охридска архиепископија (ПОА), со што треба да се финализира договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА, објави порталот религија.мк. Во Синодот во полн состав, според Уставот на МПЦ-ОА, членуваат сите епархиски архиереи и викарните архиереи избрани во МПЦ-ОА. Во текстот... Читать дальше...

МНР – Нема македонски државјани кои побарале помош од Судан

SlobodnaEvropa.mk 

Од почетокот на тензиите во Судан не се регистрирани повици од наши државјани на кои им е потребна помош, информираат од Министерството за надворешни работи. Од таму дополнуваат дека, според досегашните информации добиени од нашата Амбасада во Каиро, како надлежно дипломатско-конзуларно претставништво за Судан, во моментот нема наши државјани кои престојуваат во земјата. „Во оваа прилика апелираме доколку има наши државјани кои се наоѓаат во територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата... Читать дальше...

Нелегалните абортуси во Иран „значително се зголемуваат“ поради ограничувањата

SlobodnaEvropa.mk 

Oд  300.000 до 600.000 абортуси, повеќето нелегални, се вршат во Иран, по стапувањето во сила на владиниот контроверзен закон од 2021 година со кој се заострија ограничувањата за медицински легален абортус и забраната за бесплатна дистрибуција на контрацептивни средства.  Целта на законот беше поттикнување на населението во Иран. Сега, официјалните лица изразија тревога за бројот на нелегални абортуси што се вршат во земјата, сугерирајќи дека владините ограничувања притиснале повеќе жени да ја... Читать дальше...

Вучиќ - Тектонски промени на северот на Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека за време на вонредните локални избори одржани во неделата на 23 април „се случија тектонски промени“. „Се плашам дека ова е увертира за многу поголема и подлабока криза во месеците и годините што следат“, рече Вучиќ, говорејќи пред новинарите на 24 април. Тој не прецизираше за каква криза се однесува. Неговото обраќање дојде еден ден по одржаните вонредни локални избори на 23 април во четири општини со мнозинско српско население во северно Косово. Читать дальше...

Османи – Мешањето на Србија во косовските избори е кршење на Договорот за нормализација

SlobodnaEvropa.mk 

Косовската претседателка Вјоса Османи вели дека „континуираното и отворено залагање на Србија да се меша во спроведувањето на слободни избори во Косово е во спротивност со духот на последниот Договор меѓу Косово и Србија за нормализација на односите. „На ваквиот пристап на Србија би требало да се спротивстави целиот демократски свет“ порача Османи и додаде дека косовските институции стојат покрај сите граѓани во четири општини на северот на Косово. Вонредни избори за градоначалници се одржаа на 23 април во Северна Митровица... Читать дальше...

Дигитализацијата нема да ја намали јавната администрација

SlobodnaEvropa.mk 

Бизнис заедницата бара да се намали бројот на вработени во јавната администрација наместо да им се воведуваат нови даноци. Новиот министер Азир Алиу најавува дигитализација, а сепак смета дека има недостиг од луѓе во јавниот сектор. Можни ли се реформи за вработувања според заслуги?

Спасовски - МВР работи на вештачењето на доказите за лажните дојави за бомби

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за внатрешни работи подготвува кривични пријави за група која лажно дојавувала дека има бомби во училиштата, изјави денеска министерот Оливер Спасовски. Тој посочи дека е лоцирана една група за која сега трае вештачењето на доказите, и по завршувањето на истрагата до обвинителството ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. „Да, имаме лоцирано една група, знаете дека неколку кривични пријави за сајбер безбедноста се поднесени и за тоа разговаравме на денешната конференција... Читать дальше...

Анестезиологот ТикТокер остана без лиценца

SlobodnaEvropa.mk 

Лекарската комора му ја одзеде лиценцата на анестезиологот од Тетовската болница, Ваљтон Дервиши, кој снимаше и објави видеа со пациенти на „ТикТок“. На 24 април заседаваше Судот на честа при Лекарската комора и одлучи да Дервиши, кој е специјалист анестезиолог да остане без лиценца седум години, што е максимална казна што може да се изрече за етички прекршок во работењето. „Со денешната одлука органите на Комората како легитимни претставници на сите нејзини членови испраќаат порака дека лекарите... Читать дальше...



ЕУ – Изборите на Косово не нудат долготрајно политичко решение

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија (ЕУ) смета дека изборите одржани во српските општини на северот од Косово не нудат долготрајно решение. „Нискиот одѕив, посебно меѓу косовските Срби, покажува дека овој процес не е и не може да се смета за вообичаена работа. Учеството во изборните процеси им за цел да обезбеди да се слушне гласот на заедницата која ја претставуваат избраните лидери“, стои во соопштението на портпаролот на ЕУ. Во него се оценува дека овие избори не нудат политичко решение за овие општини. „Тоа... Читать дальше...

Курти - Владата ќе ги поддржи новите градоначалници на северот во Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Албин Курти им честиташе на новоизбраните градоначалници во општините на северот на Косово со порака дека треба посветено да ги извршуваат своите должности и да им служат на сите граѓаните без разлика. „Владата ќе ги поддржи и ќе им помогне. Институционалниот систем и јавните служби ќе можат подобро да функционираат. За доброто на граѓаните и нивните права“, напиша Курти на својот Фејсбук профил. Оваа порака од Курти доаѓа еден ден откако на 23 април се одржаа вонредни локални... Читать дальше...

Евакуација на странски државјани и дипломати од Судан

SlobodnaEvropa.mk 

Многу земји ги евакуираа дипломатите и граѓаните од главниот град на Судан, додека во Картум продолжуваат да се водат жестоки борби, пишува Би-Би-Си. Соединетите Американски Држави и Велика Британија во неделата објавија дека ги евакуирале своите дипломати од земјата. Франција, Германија, Италија, Шпанија, Србија и Хрватска се меѓу другите земји кои исто така ги евакуираа своите дипломати. Борбата за моќ меѓу редовната армија и моќните паравоени сили доведе до насилство низ целата земја. ... Читать дальше...

Грижа за старите - во приватен, државен или во својот дом?

SlobodnaEvropa.mk 

Последниот попис покажа дека населението старее. Младите се иселуваат, а постарите остануваат сами. Оние кои не се во состојба да живеат сами, можат да се сместат во јавен или приватен дом. Граѓаните пак се жалат на високи цени во приватните домови, а јавните се само пет и немаат доволно кадар.

Во најбогатиот регион со нафта во Казахстан жителите се борат да преживеат

SlobodnaEvropa.mk 

Протестите на невработените жители на Мангистау ги истакнаа системските проблеми на регионот. Дописниците на казахстанскиот сервис на РСЕ поминаа неколку дена во селото Жетибаи за да ги разберат барањата на сè понемирното население.

Петков не сака министри од ГЕРБ во неговата влада

SlobodnaEvropa.mk 

Не можеме да поддржиме влада со првиот мандат и не сакаме учество на министри од ГЕРБ-СДС во нашата влада, но сакаме влада, рече копретседателот на „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) Кирил Петков во емисијата „Во фокус“ на бугарската Нова Телевизија. „Нашите избирачи јасно ставија до знаење дека имаме мандат да постапуваме по политиките што ги ветивме. Никогаш не сме ветиле дека ќе има коалициска влада и нема шанси да отстапиме од овие ветувања“, додаде Петков. Тој коментира... Читать дальше...

Ќе врне ли утре - Метеоролошка станица во кутија

SlobodnaEvropa.mk 

Во собата на средношколецот Филип Милевски од Скопје на сите страни, во секоја фиока и во секое шкафче, има по некоја иновација, по некој пронајдок... Од десетиците иновации на овој вљубеник во технологијата и електрониката, одбравме да ни ја претстави Мини метеоролошката станица во кутија, за која ја добил првата награда на Макинова 2022. Филип, кој е ученик во втори клас во скопската гимназија Панче Арсовски, вели дека оваа негова иновација може да има серизона примена во земјоделството, но и да... Читать дальше...

Амбасада на САД – Изборите во Косово одржани според закон

SlobodnaEvropa.mk 

Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Косово синоќа соопшти дека вонредни избори во четири северни општини се одржале во согласност со уставните и законските одредби на Косово. Од Амбасадата изразија жалење што сите партии не го искористија правото да учествуваат. Американската амбасада додаде дека ја поддржува „различната, инклузивна и мултиетничка демократија во Косово и изборите што ја поддржуваат“. „Гласањето е критична слобода на демократските општества“, се наведува во соопштението на Амбасадата на САД на Косово. Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *