Вкупно 25 починати од ковид и 1.722 нови случаи на заразени
Во последните 24 часа регистрирани се 1.722 нови случаи на ковид-19 од направени 4.939 тестови, соопшти Министерството за здравство.
Повеќе од половина од новите случаи се во Скопје каде се регистрирани 1.011, потоа следуваат Кавадарци – 85, Куманово и Битола – по 83, Прилеп – 51, Тетово и Велес – по 50, Гостивар – 37, Валандово – 30, Охрид и Кичево – по 26, Радовиш – 22, Гевгелија – 21, Струмица – 20, Неготино – 19, Струга – 17, Кочани – 13, Делчево и Богданци – по 12, Крива Паланка – 11, Ресен – 9, Штип – 5, Свети Николе – 4, Берово, Дебар, Виница, Кратово, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Дојран – 2, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.722), регистрирани се 250 реинфекции.
Регистрирани сe 1.942 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 16 починати лица на возраст од 61 до 88 години. Од пријавените лица, 15 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови. Дополнително има уште девет починати лица од Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин. Починатите се на возраст од 47г до 92г. Од пријавените, пет лица се починати во болнички услови, а четири во домашни услови.
Сертификатот за прележан ковид да трае 180 дена, предлага Комисијата за заразни болести
Од вкупниот број на починати лица (n=25), 7 лица се целосно вакцинирани, а кај 23 лица се регистрирани болести.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 280.594, бројот на оздравени пациенти е 259.898, на починати е 8.624, а бројот на активни случаи изнесува 12.072.