Во Словенија можно ублажување на ковид мерките
Владата во Словенија најави можно ублажување на ковид мерките откако почнаа да паѓаат бројките на новозаразени со коронавирус.
Во изминатото деноноќие од 1.062 ПЦР тестови и 48.983 брзи антигенски тестови, потврдени се 3.601 инфекција со коронавирус и седум починати. Во моментов во земјата има 140.334 активни инфекции.
Падот на заразите е изразен и на неделно ниво, а во тренд на смирување на петтиот бран на епидемијата се и другите податоци за епидемијата.
Состојбата со бројот на хоспитализирани во моментов е стабилна, а владата наскоро со епидемиолозите ќе разговара за можното усогласување на досегашните мерки.
Смирување на омикрон бранот во Словенија
Матеја Логар, кој ја предводи владината експертска група „ковид-19“, изјави за Словенечкото радио дека општите антиепидемиолошки мерки, носење маски, дезинфекција, држење растојание, вентилација и работа од дома сигурно нема да се променат во наредните недели.
Таа, меѓутоа, додаде дека може да се очекува делумно олеснување на мерките онаму каде што има краткотраен контакт меѓу корисниците и давателите на услуги во ваквите активности, доколку просторните услови се такви да нема преголема турканица.