Поранешниот пакистански премиер Имран Кан ранет на митинг
Поранешниот пакистански премиер Имран Кан денеска беше ранет во потколеницата, откако беше пукано врз неговиот конвој на истокот на земјата, јавува Ројтерс.
„Еден човек отвори оган од автоматско оружје. Неколку луѓе се ранети. Имран Кан исто така е повреден“, изјави неговиот помошник Асад Умар.
Кан е пренесен во болница.
Човекот осомничен дека го нападнал бил застрелан, изјави Раоф Хасан, висок помошник на поранешниот премиер.
Екс премиерот на Пакистан Кан започна „долг марш“ за предвремени избори
„Втор човек е приведен во полиција“, изјави Хасан додавајќи дека не е јасно кој пукал во првиот напаѓач.
Поранешниот играч на крикет Кан (70) водеше протестен марш во Исламабад барајќи предвремени избори.
Премиерот Шехбаз Шариф го осуди пукањето и нареди итна истрага од страна на министерот за внатрешни работи.