Борел- Србија и Косово добија нов план за дијалог
Србија и Косово добија нов план за дијалог за нормализација на односите, потврди денеска високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. Како што наведе, двете страни веќе ги доставиле своите коментари за планот.
„Со специјалниот претставник Мирослав Лајчак работевме многу на тоа. Така, пред летото им го претставивме планот на двете страни, и Србија и Косово, за да го надминат постојаниот кризен режим во кој работевме и да постигнеме сеопфатна нормализација на односите“, рече Борел во Минстер, Германија, каде што се одржува состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Г7.
Тој додаде дека добиле „одговори од двете страни“.
„Ние ги проучуваме и мислам дека е добра причина што мора да се искористат за да се направат понормални односите меѓу Приштина и Белград“, рече Борел.
Србите најавуваат излегување од косовските институции
Нападната граничната полиција во Зубин Поток
Шефот на европската дипломатија изјави и дека во наредните денови ќе ги анализираат одговорите што ги добиле од Приштина и Белград и оти се надева дека „тоа ќе претставува пробив и исчекор во овој процес“.
Тој им се заблагодари на германската и француската страна за поддршката во развојот на планот.
Германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на 3 ноември во Берлин зборуваа за постоењето на таканаречениот француско-германски план. Фон дер Лајен потврди дека овој план сега е „интегриран во процесот на дијалог“.
Засега нема доволно информации што содржи овој план. Неговото постоење го потврдија претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти.