Норвешки министер поднесе оставка поради приватна посета на Иран
Норвешкиот министер за рибарство Пер Сандберг поднесе оставка по острите критики дека ги прекршил безбедносните протоколи со тоа што приватно патувал во Иран и Кина, а за што не ја известил владата. Сандберг (58) не ги наведе причините поради кои однапред не ги известил надредените за тоа патување - одмор во јули во Иран, каде што бил со својата партнерка Иранка, и пат во Кина во мај. По враќањето од Иран, неговиот службен телефон е предмет на норвешката разузнавачка служба, која проверува да не е хакиран... Читать дальше...