Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Август
2018

Новости за 21.08.2018

Трамп ги намали ретстрикциите за емисиите на гасови

SlobodnaEvropa.mk 

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп го објави предлогот за стандардите за ограничување на емисиите на штетни гасови од централите на јаглен,со кој се предвидува значително намалување на рестрикциите од времето на претходниот шеф на државата Барак Обама. Новиот план претставува удар за напорите на Обама да го забави процесот на глобалното затоплување, бидејќи им дава на сојузните држави повеќе простор во одредувањето на начините за регулација на загадувањето од електрични централи, јавува Асошиејтед прес. Читать дальше...

Трамп ги намали рестрикциите за емисиите на гасови

SlobodnaEvropa.mk 

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп го објави предлогот за стандардите за ограничување на емисиите на штетни гасови од централите на јаглен, со кој се предвидува значително намалување на рестрикциите од времето на претходниот шеф на државата Барак Обама. Новиот план претставува удар за напорите на Обама да го забави процесот на глобалното затоплување, бидејќи им дава на сојузните држави повеќе простор во одредувањето на начините за регулација на загадувањето од електрични централи, јавува Асошиејтед прес. Читать дальше...

АКТО 13 како простор за активна култура

SlobodnaEvropa.mk 

„Општество во изградба“ е насловена темата која ќе биде во фокусот на 13-то издание на фестивалот за современи уметности АКТО што, во организација на Факултетот за работи што не се учат и во соработка со повеќе организации меѓу кои и граѓанската платформа „Мрдни со прст“, ќе се одржи од 23 до 25 август во Битола.

Барние: EУ и Велика Британија постојано ќе преговараат за Брегзит

SlobodnaEvropa.mk 

Новата рунда преговори за Брегзит заврши без значаен напредок, но со заложби од двете страни за интензивирање на преговорите, порачаа двајцата главни преговарачи, Доминик Рааб и Мишел Барние. Европскиот преговарач, Мишел Барние, појасни дека со оглед на кусото време кое преостанува до датумот за напуштање на Велика Британија, двете страни „постојано“ ќе преговараат. Доколку сакаат да постигнат договор пред напуштањето на Велика Британија, двете страни треба да постигнат заеднички договор до октомври, јавува дописничката на МИА од Брисел. Читать дальше...

Каменос: Избори на крајот од мандатот или кога ќе се носат тешки одлуки

SlobodnaEvropa.mk 

Избори ќе има или на крај од четиригодишниот мандат или ако дојде време да донесеме сериозни одлуки за националните прашања, но тоа нема да биде пред мај, изјави коалициониот партнер во грчката влада Панос Каменос по завршувањето на состанокот на пратеничката група и извршниот комитет на Независни Грци. Каменос говореше за излезот на Грција од последната програма за финансиска помош на земјата, и рече дека сега, откако заврши ерата на меморандуми, владата пред себе има две цели, да се бори со корупцијата и да работи на развојот. Читать дальше...

Украинскиот режисер Сенчов во критична состојба

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот режисер Олег Сенчов кој веќе сто дена штрајкува со глад во руски затвор, се наоѓа во критична состојба, соопшти неговото семејство. . Кремљ ги отфрли наводите на руската агенција РИА Новости, тврдејќи дека група лекари го прегледале Сенчов во понеделникот и утврдиле дека неговата состојба е задоволувачка и дека добил додатоци во исхраната.  Роднината на Сенчов, Натали Каплан, денес изјави дека Сенчов се наоѓа на интензивна нега и е во критична состојба, но додаде дека семејството немало целосни информации за неговото здравје. Читать дальше...

СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ се скараа за состојбите во земјоделството

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски обвини дека земјоделството е во надолна линија, а земјоделците се на работ на егзистенцијата. Мицкоски цитираше податоци од Државниот завод за статистика, според кој во второто тромесечје од 2018, откупот и продажбата на земјоделските производи се намалени за 4.4% во однос на истиот период лани, додека истовремено, потрошените средства во земјоделството во јули пораснале за 9,6%. Во партиската реакција од СДСМ се вели дека Мицкоски изнесува... Читать дальше...

САД воведе нови санкции за Русија поради сајбер активности

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите Држави денеска воведоа санкции за двајца руски државјани, како и за една руска и една словачка компанија во рамките на програмата против злонамерни сајбер активности. Во соопштението на својата веб-страница, американското министерство за финансии објави дека тие биле санкционирани од страна на компанијата "Вела-Марин" (Вела-Марин) со седиште во Санкт Петербург и словачката компанија "Лачно". На листата исто така беа санкционирани две лица: Марина Игоревна Царева и Антон Александрович Нагибин... Читать дальше...



Американската армија се извини за „Северна Македонија“

SlobodnaEvropa.mk 

Американската армија во Европа се извини затоа што нè именува како Северна Македонија. На Јутјуб каналот на Армијата вчера беше објавено видео од воената вежба на Криволак со опис дека нивната војска извела вежба со северномакедонските војници во Северна Македонија. По реакциите во јавноста, видеото беше тргнато, а армијата на САД во Европа упати извинување. „Се извинуваме за видеото што беше објавено на социјалните мрежи каде е наведено погрешно име за Република Македонија. Видеото е отстрането. Читать дальше...

Израел дозволи 600 илјади жители да можат да носат оружје

SlobodnaEvropa.mk 

Израелскиот министер за безбедност, Гилад Ердан, ги ублажи ограничувањата за носење оружје, а теоретски околу 600.000 цивили ќе можат да бараат дозвола. Израелските медиуми информираат дека секој граѓанин кој е обучен на одредено ниво, што е случај со мнозинството што им служело на армијата во мировните единици во Израел, може да побара дозвола за носење оружје. "Обучени цивили кои носат пиштол во јавноста придонесуваат за чувството на безбедност, тие дејствуваат како важна линија на одбрана од... Читать дальше...

Германија се справува со рекордно високи температури

SlobodnaEvropa.mk 

Долготрајната суша во Германија, поради недостигот на врнежи, ги загрижи земјоделците низ целата земја, така што многумина се жалат и пријавуваат штета во милијарди евра до федералната влада. Периодот од пет месеци од април до август оваа година ќе биде најтоплиот и најсушен период за Германија од 1881 година, откако се следат временските прилики. Летните температури се регистрирани низ цела Германија од април, а експертите ќе видат до крајот на август дали овие услови достигнаа рекордни нивоа, соопштија од германската метеоролошка агенција. Читать дальше...

Договорот со Грција е влезот во НАТО, протоколот за членство во јануари

SlobodnaEvropa.mk 

Во текот на пристапните разговори, Република Македонија ќе треба да потврди дека целосно ги прифаќа одредбите од основачкиот договор на НАТО и сите политички и правни стандарди на Алијансата, и да потврди дека го прифаќа процесот на одбранбено планирање на НАТО и врската со воените структури, соопштија од Владата на РМ појаснуваќи ги условите кои Македонија треба да ги исполни во наредниод период. „Република Македонија ќе треба да декларира посветеност и спремност дека ќе се придржува на политичките стандарди на НАТО... Читать дальше...

Брисел бара поамбициозна климатска политика за ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Европскиот комесар задолжен за климатски прашања Мигел Кањете, изјави дека планира да предложи поамбициозни климатски цели за земјите членки на ЕУ. Засега зацртаните климатски цели на ЕУ се намалување на емисијата на штетни гасови за 40 отсто до 2030.ЕУ се заложи и дека до 2030 обновливите енергии треба да достигнат 32 отсто од целокупниот енергетски микс, а енергетската ефикасност да се зголеми за 32,5 отсто. Европската Комисија потврди дека сега сака да предложи намалување на штетните гасови на 45 отсто. Читать дальше...

Вучиќ: Српската Армија до ноември ќе има осум воени авиони „Миг-29“

SlobodnaEvropa.mk 

На воената парада во ноември Армијата на Србија ќе има осум ловци „Миг-29“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за време на денешното примопредавање на два авиони од истиот тип од Русија, пренесува БЕТА. „Кога станав министер за одбрана имавме еден „Миг-29“ на ремонт, сега имаме три, а за десет до 12 дена ќе имаме шест, а за два месеци ќе имаме девет, од кој осум ќе летаат на почетокот на ноември“, рече Вучиќ во Батајница. Тој истакна дека во текот на денот посети уште шест „Мигови 29“ во хангари... Читать дальше...

Ципрас: Денес започнува нова ера за Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Од денес, со визија и одлучност започнуваме нова ера за нашата татковина со претпазливост и одговорност, за никогаш да не се вратиме назад кон Грција со дефицити и банкрот, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрац во неговото обраќање од грчкиот остров Итака по повод завршувањето на последната 3-годишна финансиска помош за Грција. „Но, и со смелост за одново раѓање на Грција, за татковина на еднаквост, демократија и општествена правда, бидејќи Итака е само почетокот“, рече Ципрас во неговото обраќање до Грците... Читать дальше...

Етичката димензија на новите вработувања

SlobodnaEvropa.mk 

Дали последните вработувања кои се совпаѓаат со предреферендумскиот период се етички оправдани? Опозицијата обвинува за законски прекршувања, а аналитичарите се поделени во однос на моралниот аспект на огласите за вработувања во овој период

Убиени тројца милитанти во драматична битка во Кабул

SlobodnaEvropa.mk 

Авганистанските власти соопштија дека три вооружени лица се убиени откако истрелале ракети додека претседателот Ашраф Гани одржуваше говор за одбележувањето на исламскиот празник Еид ал-Адха. Во драматична битка во срцето на градот, авганистански армиски хеликоптери денеска летаа над џамијата во стариот дел на Кабул, при што најмалку еден од нив со ракета гаѓаше врз позициите на милитантите. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Наџиб Даниш потврди дека тројца милитанти се убиени... Читать дальше...

Утре почнува судењето за случувањата во Собранието на 27 април

SlobodnaEvropa.mk 

Во Кривичниот суд во Скопје утре почнува нова постапка за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година. Предметот ќе го води судијката од организиран криминал Добрила Кацарска. Јавното обвинителство поднесе обвинителен акт против 30 лица, од кои 28 за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а две лица за помагање при вршење на истото кривично дело. Според Обвинителството, со обвинителниот акт се опфатени три лица, припадници на структурите на Министерството за внатрешни работи... Читать дальше...

Владата го осуди говорот на омраза на лидерот на „Единствена Македонија“

SlobodnaEvropa.mk 

Владата денеска го осуди, како што се наведува, „говорот на омраза  и омаловажувањето на етничка основа во изјавите на „претставниците на политичките структури кои имаат задача да ја бојкотираат иднината на Македонија“, реагирајќи на вчерашната изјава на Јанко Бачев, лидерот на проруската партија „Единствена Македонија“. „Македонија е демократска земја во која изминативе децении не се случило политичар јавно и преку медиуми да користи изрази кои омаловажуваат граѓани со погрдни зборови на етничка основа. Читать дальше...

Можна реконструкција на грчката Влада

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкиот премиер Алексис Ципрас подготвува реконструкција на владата која може да се случи во следните денови, јавуваат грчките медиуми.  Според нивните информации, неколку министри е сигурно дека ќе останат на нивните досегашни позиции, а меѓу нив се и министерот за надворешни работи Никос Коѕијас, министерот за одбрана и коалиционен партнер Панос Каменос, министерката за труд Ефи Ахциоглу, пренесува МИА.  Доколку реконструкцијата на владата не се случи во следните денови, веројатно е дека ќе... Читать дальше...

Дебатата за даночните реформи на пауза поради референдумот

SlobodnaEvropa.mk 

Најавената дебата за воведување прогресивен данок и за тоа каде да се постави прагот на приходите кои дополнително ќе се оданочуваат е на пауза, зашто владата целосно е посветена на референдумот за името.

Иран претстави нов борбен авион од домашно производство

SlobodnaEvropa.mk 

Иран претстави борбен авион, кој вели дека е 100 проценти локално производство. Слики објавени на државната телевизија покажуваат како претседателот Хасан Рохани денеска седи во новиот авион „Коусар“ на изложбата за Национална одбранбена индустрија. Тоа е борец од четврта генерација со повеќенаменски радар, наведе новинската агенција Тасним додавајќи дека авионот е 100 проценти домашно производството. Државната телевизија објави дека авионот веќе поминал успешно тестирање. Авионот прв пат јавно... Читать дальше...

Во Русија почна проверка на борбената готовност

SlobodnaEvropa.mk 

Војската на истокот на Русија е во состојба на висока готовност поради претстојните големи воени вежби на кои исто така ќе учествуваат Кина и Монголија, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. На вежбата „Восток 2018“ што ќе се одржи во идниот месец и претходат петдневни проверки на борбената готовност. Шојгу додаде дека овие маневри ќе бидат најголеми по советските воени вежби одржани во 1981 година. На манврите е најавено можно присуство и на рускиот претседател Владимир Путин.

Странски нелиценцирани водичи шетаат туристи низ Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Додека се чека да се одврзат рацете на туристичката инспекција, странци без лиценца за туристички водич доаѓаат со групи и ги водат низ македонските туристички центри. Надлежните велат дека нивните презентации може да содржат многу погрешни информации за Македонија.

Трамп: укинување на санкциите кон Русија за концесии околу Украина и Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Донлад Трамп во интервју за агенцијата Ројтерс изјави дека не разгледува укинување на санкциите врз Русија, но оти би го сторил тоа ако Русија му даде нешто што тој го сака во Украина и Сирија. Трамп додава дека рускиот претседател Владимир Путин на побарал од него на нивниот самит во Хелсинки во минатиот месец укинување на американските санкции. Тој прецизира дека за време на средбата станало збор за анексијата на Крим, состојбата во источна Украина и за изградбата на гасоводот Северен тек 2 од Русија до Германија.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *