Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Август
2018

Новости за 24.08.2018

Нетанјаху: ЕУ ќе зажали што му помага на Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека „ЕУ ќе зажали заради својот план за економска помош за Иран, објави германската новинска агенција ДПА. Изјавата на Нетанјаху доаѓа по одлуката на Европската унија да му додели на Иран 18 милиони евра, како дел од напорите за зачувување на нуклеарниот договор, откако САД повторно воведоа санкции против Техеран. „Мислам дека да се даваат пари на тој режим во овој момент е голема грешка и тоа треба да биде запрено. Каде ќе одат тие екстра пари? Читать дальше...

Продолжи судењето за „27 април“, пред судот говореа Чавков, Дурловски, Јовановски...

SlobodnaEvropa.mk 

Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и еден од обвинетите за настаните од 27 април минатата година во Собранието, во воведните зборови пред Судот рече дека „поради збунетост и неодлучност на полициските службеници пред Собранието тој лично презел команда за консолидација“. „30 години поминав во МВР. Се пензионирав како директор на БЈБ и завршив како обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, рече Чавков. Покрај него, воведен збор по обвинението... Читать дальше...

Сенаторот Мекејн го прекина лекувањето од рак на мозокот

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот сенатор Џон Мекејн го прекинува медицинскиот третман за ракот на мозокот, соопшти неговото семејство, објавија светските новински агенции. Во соопштението од семејството на сенаторот се вели дека Мекејн „ги надминал очекувањата за тоа колку долго ќе живее“. Проценките за болеста и за тоа колку долго може да живее со болеста беа направени лани во јули, кога почна и медицинскиот третман на сенаторот. „Напредувањето на болеста и незапирливото стареење го сторија своето. Со својата вообичаена сила на волјата... Читать дальше...

Анкета на АП: 60 отсто од Американците не се задоволни од Трамп

SlobodnaEvropa.mk 

Мнозинството Американски му дадоа лоша оценка на американскиот претседател Доналд Трамп за неговиот целокупен ангажман, иако доби релативно добра оценка за економската политика, покажуваат резултатите од најновата анкета на новинската генција Асошиејтед прес и НОРЦ - Центарот за истражување прашања од јавен интерес. Како што објави АП, според анкетата, околу 60 проценти од Американците не ја одобруваат неговата работа како претседател, а само 38 отсто се оптимисти. Трамп најдобра оценка од јавноста... Читать дальше...

Политички и воени услови за влез на Украина во НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Џон Болтон, советникот за националната безбедност на американскиот претседател изјави денеска дека перспективите на Украина за членство во НАТО зависат од исполнувањето на голем број политички и воени услови. „Во 2008 година, администрацијата на претседателот Џорџ В. Буш им понуди на Украина и на други земји членство во НАТО, но европските сојузници не се согласија. Сега нашата влада активно го разгледува ова прашање за Украина. Неколку чекори се преземени, но многу нешта зависат од самата Украина“, рече Болтон пред новинарите во Киев. Читать дальше...

По синоќешната лава, Етна исфрла пепел

SlobodnaEvropa.mk 

Вулканот Етна на Сицилија во Италија, денеска исфрла пепел, по синоќешното исфрлање лава, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија. Етна синоќа речиси константно исфрлаше лава во висина до 150 метри, а денеска исфрла пепел во висина од над сто метри, се вели во соопштението на Институтот. И покрај активноста на Етна, жителите од градовите на падините на вулканот не се евакуирани.

Зголемување на платите во здравството од 1.500 до 4.548 денари

SlobodnaEvropa.mk 

Од 1.500 до 4.548 денари ќе изнесува во просек покачувањето за 5 проценти на платите на 19.123 вработени во јавните здравствени установи, согласно вчерашната владина одлука која денеска на средба со ресорниот министер Венко Филипче му била соопштена на  претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски, соопшти Министерството за здравство. Според симулациите на Министерството низ апсолутни бројки за покачувањето на бруто платите, докторите... Читать дальше...



Хан бара полесно да се одлучува кога се примаат нови членки во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, изјави дека Европската унија би требало да го поедностави процесот на одлучување за прием на нови членки, така што „не мора да постои едногласна одлука за секоја ситница“. Тој, во изјава за германскиот весник „Клајне цајтунг“, зборувајќи за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, како пример го наведе фактот дека во претпристапниот процес потребна е едногласност за секој чекор. „Додека некоја земја не стане членка, неопходни се околу 200 едногласни одлуки. Читать дальше...

Албанија прва по употреба на кокаин според бројот на населението

SlobodnaEvropa.mk 

Албанија го зазема првото место во светот по употреба на кокаин во однос на бројот на населението, објави британски весник „Економист“. Во репортажата со наслов „Зошто картелите профитираат“ се наведува дека борбата со дрогата се движи кон нова криза, а насилните нарко картели се борат за добивка од 320 милијарди долари годишно. Во целиот свет се смета дека има 18 милиони корисници на кокаин. Купопродажбата на наркотичните средства денес е многу лесна, како никогаш порано благодарение на интернетот. Читать дальше...

Собранието нема поединечно да дели средства за референдумската кампања

SlobodnaEvropa.mk 

Водењето јавна кампања не подразбира дека Собранието, како овластен предлагач, ќе дели средства поединечно на секој од 120-те пратеници за нивно водење кампања за референдумот на државно ниво, соопшти  службата за информирање на Собранието. Службата наведува дека ова е појаснувањето по допис што денеска испратил пратеник до претседателот на законодавниот дом Талат Џафери, во кој го известува дека ќе учествува во јавната кампања за претстојниот референдум и оти бара да му се обезбедат средства за таа намена. Читать дальше...

БОШ фестивал или освојување на слободата

SlobodnaEvropa.mk 

Со идеја да ја слави слободата и уметноста, во Гевгелија, од 24 до 26 август, ќе се одржи 10-то издание на мултимедијалниот арт-фестивал БОШ зад кој и натаму стои Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата „Арт Еквилибриум“.

Болтон: САД нема да се вклучат во спорот меѓу Србија и Косово

SlobodnaEvropa.mk 

САД нема да се вклучат во расправата околу идејата за размена на територии меѓу Србија и Косово, изјави денеска во Киев Џон Болтон -советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Ројтерс. Новинската агенција потсетува дека Белград ја лансираше идејата за решавање на спорот, кој ги отежнува амбициите на Косово да влезе во ЕУ, така што би се измениле границите на двете земји.

Судењето за „Монструм“ продолжува на 31 август

SlobodnaEvropa.mk 

Судењето за случајот „Монструм“ на СЈО за петкратното убиство на Смилковско езеро на 12 април 2012 година, продолжува на 31 август со сослушување на загрозениот сведок од страна на судот. Загрозениот сведок рече дека на 12 април 2012 година видел четири тела кај Смиљковското езеро, а одбраната со повеќе прашања се обидуваше да ја собори веродостојноста на неговиот исказ. Загрозениот сведок исказот го даваше од друга просторија со мутиран глас и засенчена слика.  Tој исто така кажа дека кај Смилковско езеро на 12 април... Читать дальше...

Трамп ги критикува социјалните медиуми за „замолчување милиони луѓе“

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска упати критики до социјалните медиуми за замолчување на „милиони луѓе“ преку, како што го нарече, акт на цензура, јавува Ројтерс. Трамп не спомна по име ниту една компанија, но вчера Фејсбук, Твитер и Гугл отстранија стотици профили поврзани со наводна операција на иранска пропаганда, додека Фејсбук симна кампања за која наведе дека е поврзана со Русија. „Гигантите во социјалните медиуми замолчуваат милиони луѓе. Не може тоа да се стори дури и ако... Читать дальше...

ДИК усвои кодекс за набљудување на референдумот

SlobodnaEvropa.mk 

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница го усвои Предлог-кодексот за набљудување на референдумот, кој како што беше речено, става акцент на акредитираните набљудувачи. „Тие треба да го познаваат Законот, да се придржуваат кон неговите одредби, да се непристрасни и секогаш со себе да го носат беџот за идентификација“, велат од ДИК. На седницата беше нагласено дека согласно Кодексот, само акредитирани набљудувачи можат да информираат за текот на гласачкиот процес. Претседателот... Читать дальше...

Тевдовски: Референдумот нема да предизвика ребаланс на буџетот

SlobodnaEvropa.mk 

Средствата одвоени за референдумот се од резервни функции на државата и нема да предизвикаат ребаланс на Буџетот, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски при денешна посета на Велес. Тој рече дека е точно оти ќе бидат обезбедени 80 милиони денари за референдумот и дека „апсолутно“ нема да предизвикаат ребаланс на Буџетот: „Тоа е доделено како план за трошење од резервните функции на државата“, изјави Тевдовски. Во однос на тоа како ќе се трошат средствата, тој рече дека Собранието е... Читать дальше...

Сослушување на загрозен сведок во случајот „Монструм“

SlobodnaEvropa.mk 

Во Кривичниот суд денеска трае сослушувањето на загрозениот сведок од предметот на СЈО „Монструм“, кој рече дека на 12 април 2012 година видел четири тела кај Смиљковското езеро. Одбраната со повеќе прашања се обидува да ја собори веродостојноста на исказот на загрозениот сведок. Aдвокатот Алмир Алиспахиќ се обиде да ја провери и оспори меморијата на загрозениот сведок прашувајќи го како на претходното рочиште биле облечени тој и неговиот колега Насер Рауфи. Загрозениот сведок, кој исказот го... Читать дальше...

Русија ги забрзува напорите за запирање на употребата на доларот

SlobodnaEvropa.mk 

Русија во одговор на серијата санкции на САД оваа година, ветува дека ќе ги забрза напорите заедно со Кина и Иран да престане да го користи американскиот долар во глобалната трговија, особено во продажбата на нафта, која е од витално значење за Москва и Техеран. Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во интервју за магазинот „Меѓународни односи“ изјави: „дојдено е време кога треба да преминеме од зборови на акции и да се ослободиме од доларот како средство за меѓусебна соработка... Читать дальше...

Дали растот од три проценти е преоптимистичен?

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот Кочо Анѓушев очекува економскиот раст во Македонија до крајот на годината да изнесува над три проценти. Дел од економистите велат дека тоа е прептимистично со оглед на растот од 0,1 процент во првиот квартал како и поради претстојниот референдум.

Загина рудар при несреќа во рудник во Крива Паланка

SlobodnaEvropa.mk 

Рудар загина доцна синоќа при одрон на камења во ископна јама на рудникот „Тораница“ во Крива Паланка, информираат од компаниите „Минстрој“ А.Д. Софија и „Булмак 2016“ ДООЕЛ Пробиштип. Рударот бил тешко повреден при „природната катастрофа“ и потоа починал како последица на сериозноста на повредите, наведува компанијата. За случајот известени се надлежни институции кои се на местото на настанот. Од компанијата изразуваат сочувство и жалење до семејството на рударот

Референдум - пратениците треба да кажат на која страна се

SlobodnaEvropa.mk 

Дали сите парламентарни групи ќе се вклучат во јавната пропаганда треба да се знае до понеделник, согласно рокот кој го постави собранискиот спикер Талат Џафери. Владата во меѓувреме си ја тера кампањата на социјалните мрежи. Од ВМРО-ДПМНЕ не ја исклучија можноста и тие да бидат дел од кампањата.

Продолжува судењето за „крвавиот четврток“ со воведни зборови на одбраната

SlobodnaEvropa.mk 

Со воведни зборови на одбраната, денеска продолжува судењето за насилствата во Собранието на 27 април минатата година, откако процесот започна пред два дена кога воведен говор даде обвинителката Вилма Рускоска, како и адвокатите на дел од обвинетите. Рускоска во воведниот говор истакна дека има докази со кои ќе ги потврди наводите од обвинението за сторено кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок“, додека одбраната тврди дека не постојат докази кои укажуваат на тоа. Судењето... Читать дальше...

Жбогар: Иднината на земјата е во ваши раце

SlobodnaEvropa.mk 

Референдумот го гледам како круцијален момент, бидејќи се работи за иднината на земјата, порачува евромбасадорот Самуел Жбогар, во интервју за нашето радио. Тој додава дека успешниот референдум значи придвижување на земјата напред, а доколу скринингот од ЕУ биде позитивен и отворање на преговори со ЕУ.

Шеф на српска парамилитарна група уапсен за учество во борби во Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Братислав Живковиќ, командант на парамилитарната група Четници, бил уапсен под сомневање дека организирал група Срби кои им се придружиле на проруските сепаратисти во војната против украинските владини сили, соопшти српското Министерство за внатрешни работи. 42 годишниот Живковиќ, според некои наводи, им се придружил и на руските сили во преземањето на контролата врз Крим кога Москва го анкетира овој украински полустров во 2014 година. На лице кое учествувало во странска војна, според законите во Србија... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *