Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Май
2021

Новости за 01.05.2021

Нови 214 случаи на коронавирус во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатите 24 часа се регистрирани нови 214 случаи на коронавирус во земјава и 36 починати. Министерството за здравство информира дека 14 луѓе починале во периодот од 1 до 17 април. Направени биле 2.276 тестови. Најголем број нови случаи има во Скопје – 94, а потоа следуваат Куманово со 29, Тетово 19, Прилеп и Виница по 7, Охрид 6, Велес, Кочани, Неготино и Свети Николе по 5, Штип и Струмица по 4, Битола, Кавадарци, Струга и Кичево по 3, Гостивар, Радовиш и Богданци по 2, и Гевгелија, Ресен... Читать дальше...

Полицијата се судри со демонстранти во Истанбул, најмалку 100 лица се уапсени

SlobodnaEvropa.mk 

Голем број демонстранти се уапсени во Истанбул кога се обидоа да го одбележат 1 Мај со кршење на забраната за собирање што ја воведе Владата во рамките на анти-ковид мерките. Најмалку 100 лица се уапсени додека се обидувале да стигнат до плоштадот Таксим и другите јавни простори во градот. Работничките протести скромни, барањата гласни На 1 Мај во Турција традиционално критичарите на Владата излегуваат на улица и редовно има судири со полицијата. Претставници на Адвокатската комора во Истанбул... Читать дальше...

Радио Слободна Европа одбележува 70 години работа

SlobodnaEvropa.mk 

Радио Слободна Европа одбележува 70 години од почетокот со работа и објавувањето нецензурирани вести за луѓето на кои тоа право им е ускратено. На 1 мај 1951 година беше емитувано првото обраќање за публиката зад „Железната завеса“ во комунистичка Чехословачка. До крајот на 1954 година, Радио Слободна Европа и нејзиниот партнер на руски јазик Радио Слобода, емитуваа вести на 25 јазици во Источна Европа и во поранешниот Советски Сојуз. Споеното Радио Слободна Европа/Радио Слобода од 1994 година се прошири и на Западниот Балкан... Читать дальше...

Велигден без полициски час

SlobodnaEvropa.mk 

Полицискиот час вечер нема да важи и граѓаните ќе можат слободно да се движат, со почитување на мерките за заштита - носење маска и држење дистанца. Ова е исклучок само за празникот Велигден и ограничувањето на движењето продолжува утре од 21 час до 05 часот. Согласно одлуката на Владата од 27 април, со цел справување со пандемијата на КОВИД-19 на територијата на државата беше воведен полициски час од 21 часот до 05 часот, следниот ден, со исклучок за претстојните верски празници, Велигден и Рамазан Бајрам. Читать дальше...

Границите на Грција остануваат затворени за македонските државјани до 14 мај

SlobodnaEvropa.mk 

Одлуката на грчката Влада за привремено затворање на копнените граници и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, е продолжена до 14 мај 2021 година, што значи дека јужниот сосед и понатаму останува затворен за македонските државјани. Според најавите, се очекува за две седмици да бидат отворени копнените граници на Грција и да се укинат ограничувањата, а патувањето да биде или со негативен тест за ковид-19 или со сертификат за вакцинација. Мицотакис - Колебањето околу вакцинацијата... Читать дальше...

Вучиќ - Избори во март или април следната година

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека следните избори ќе се одржат во март или април 2022 година, односно во законски предвидениот рок. Во интервју за весникот Блиц, тој истакна дека не гледа потреба претседателските и парламентарните избори да бидат разделени и дека е подготвен да разговара за тоа, а шпекулациите за предвремено одржување на некои од изборите се „бесмислени“. Зборувајќи за почетокот на дијалогот со претставниците на опозицијата, претседателот на Србија и на Српската... Читать дальше...

Армиски контингент замина во мисија на НАТО во Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Контингент на АРМ утрово од касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец замина во извршување на мисија во состав на силите на НАТО во Косово – КФОР, објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на Фејсбук. „Утрово од касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец новиот армиски контингент замина во НАТО операцијата КФОР во Косово“, наведе министерката Шекеринска. Таа на припадниците на АРМ им посака успешна мисија и безбедно да се вратат дома.

САД и НАТО официјално го започнуваат повлекувањето на војниците од Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

САД и НАТО денеска официјално почнуваат со повлекување на своите последни војници од Авганистан, оставајќи ја земјата разорена од војни во неизвесна иднина среде големи насилства и без мировен договор. Околу 3500 американски и 7000 војници од другите членки на НАТО треба да го напушат Авганистан до 11 септември, со што завршува дводецениското воено присуство во земјата. НАТО: започна повлекувањето на силите од Авганистан Поради стравувањата дека охрабрените талибанци би можеле да ги нападнат странските сили за време на повлекувањето... Читать дальше...



Индија дозволи вакцинација на сите возрасни, ама нема вакцини

SlobodnaEvropa.mk 

Планот на Индија да дозволи вакцинација против коронавирус на сите 600 милиони возрасни луѓе во земјата го покажа недостигот на вакцини во земјата. Повеќе индиски држави објавија дека имаат само ограничен број, а некои целосно ја одложија вакцинацијата. И покрај тоа што е најголем производител на вакцини во светот, Индија нема доволно за себе. Откако земјата со 1,3 милијарди жители го запре извозот, тоа предизвика глобален недостиг на вакцини. Ковид 19: Во Индија критично, во Европа рестрикциите... Читать дальше...

Работничките протести скромни, барањата гласни

SlobodnaEvropa.mk 

Меѓународниот ден на трудот, 1-Ви Мај, вторпат се одбележува во услови на пандемија, па поради тоа изостанаа традиционалните првомајски протести. Но синдикатите и групите кои се занимаваат со заштита на работничките права упатија апели да се почитуваат правата на работниците, нотирајќи дека корона-кризата ги извади на површина проблемите со кои се соочуваат тие

Најголеми погранични судири меѓу Киргистан и Таџикистан во изминатите 30 години

SlobodnaEvropa.mk 

Останува напната ситуацијата во спорната погранична област меѓу Киргистан и Таџикистан, откако беа убиени над 40 лица, меѓу кои и цивили, а десетици други се ранети, соопштија киргистанските власти. Ова се најголемите вакви судири во последните три децении. Граничната служба на Киргистан денеска соопшти дека регистрирала движење на таџикистанска воена опрема во правец на границата и дека таџикистанските сили блокираат пат кој поврзува две киргистански области во регионот Баткен. Киргистан по... Читать дальше...

Затворен угостителски објект на „Џон Кенеди“ во Скопје, приведени 15 лица

SlobodnaEvropa.mk 

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 21.20 часот на подрачјето на Бит Пазар лишиле од слобода 15 лица, меѓу кои и еден малолетник, сите од скопско, бидејќи биле затекнати како гости во угостителски објект на улица „Џон Кенеди“. Ауспухот до кафеанските маси – мириса на пролет во Скопје Како што информира МВР, приведените лица биле затекнати во угостителскиот објект, кој работел по пропишаното работно време, при извршена контрола од страна на инспектори од Државен пазарен инспекторат, во содејство со полициски службеници. Читать дальше...

Во ковид болниците се лечат 1147 пациенти, слободни околу 740 кревети

SlobodnaEvropa.mk 

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови низ земјава е 1147 и во ковид-центрите има околу 740 празни болнички кревети, соопшти денеска Министерството за здравство.   Со кинеските вакцини започнува имунизацијата низ цела држава Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што на инфективните оддели во... Читать дальше...

Социјалистичката партија во Албанија собира потписи за смена на претседателот Мета

SlobodnaEvropa.mk 

Владејачките социјалисти во Албанија почнаа со реализација на најавената иницијатива за разрешување на претседателот Илир Мета. Тие почнаа да собираат потписи на пратеници, а парламентарната група закажа средба за в понеделник, еден ден пред пленарната седница на Парламентот. Иако на дневен ред на седницата се неколку закони претходно вратени од страна на Мета на повторно разгледување, од партиски извори се дознава дека социјалистите како дополнителна точка ќе ја стават и онаа за негово разрешување. Читать дальше...

Работниците го одбележуваат 1 Мај со бројни прекршувања на работничките права

SlobodnaEvropa.mk 

Неисплатени или намалени плати, притисок врз работниците да потпишуваат спогодби за престанок на работниот однос, злоупотреба на државната помош за исплата на плати и непочитување на Законот за безбедност и здравје при работа, се дел од прекршувањата на работничките права со кои работниците годинава ќе го прослават Меѓународниот ден на трудот. Од почетокот на здравствената криза, правната служба на ССМ по пат на совети, изготвени правни мислења, толкувања, приговори, тужби и директно постапување пред надлежните органи... Читать дальше...

Временска прогноза – облачно и топло

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно и топло, со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има врнежи од дожд. Максималните температури ќе бидат во интервал од 23 до 31 степен. Во Скопје слично време со максималната температура ќе достигне до 28 степени. Утре ќе се задржи натпросечно топло, но на повеќе места со зголемена облачност. Во вторник дневната температура ќе се намали за неколку степени и ќе има локални врнежи од дожд.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *