Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Май
2021

Новости за 21.05.2021

План на Вархеји-Силва: во Софија нема промени на позицијата, за Скопје добра основа

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарските политичари на европските колеги Оливер Вархеји и Аугусто Силва во Софија претпладнето им порачаа дека нема промена во нивните позиции за Северна Македонија. Во Скопје пак македонските политичари го оценија предлогот како добар и не навлегува во македонските идентитески прашања.

Потрошени 12 милиони евра за Универзитетот на Плаошник, а него го нема

SlobodnaEvropa.mk 

Државниот ревизор утврдил серија неправилности за изградбата на Св. Климентовиот Универзитет на Плаошник. Наместо за 6,5 милиони евра карабината чини 12 милиони евра и се уште не е готова, иако темелите беа удрени во 2012 година.

Кандидати за нов лидер на средношколците: Емира за гласност, а Лука за школска демократија

SlobodnaEvropa.mk 

Емира Хусовиќ и Лука Павиќевиќ се двајцата кандидати за претседател на Сојуз на средношколци. Кој ќе го наследи Бленди Ходаи? На 29 мај, Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател. Досегашниот Бленди Ходаи е матурант и се надева дека неговата мисија да биде слушнат средношколскиот глас ќе продолжи. Неодамна, ги одбраа двајцата кандидати за изборот на нов претседател, конкретно, Емира Хусовиќ, ученичка во СОУ „Кочо Рацин“ – Велес и Лука Павиќевиќ. ученик во меѓународното училиште „Нова“. РСЕ... Читать дальше...

Први реакции од Софија: предлогот на Вархеји-Силва е неприфатлив

SlobodnaEvropa.mk 

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја која во моментов претседава со Европската унија, претпладнево во Софија разговараа со бугарските власти за нивниот предлог за деблокирање на македонските европски интеграции.

Палестинците го слават примирјето, Израелците воздржани

SlobodnaEvropa.mk 

Примирјето меѓу Израел и Палестинците стапи во сила, а и двете страни тврдат дека ќе го почитуваат. Беше склучено со посредување на Египет. Во конфликтот, кој избувна на 10-ти мај, загинале 232 Палестинци и 12 Израелци.

Не се вложува доволно во младите фудбалери

SlobodnaEvropa.mk 

Во пресрет на престојното Европско првенство, селекторот на националниот тим, Ангеловски вели дека Македонија мора да се стреми да биде редовен учесник на сите големи натпреварувања. Но, и Ангеловски и поранешни репрезентативци посочуваат дека треба повеќе да се вложува во младите фудбалери.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *