Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Май
2021

Новости за 07.05.2021

Лукашенко со реакција за кривичната пријава во Германија против него

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ја минимизираше кривичната пријава поднесена во Германија во име на десет Белоруси, во која се тврди дека тој извршил злосторства против човештвото. Говорејќи два дена пред Белорусија да ја одбележи комеморацијата на победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија, Лукашенко се осврна на германските адвокати кои го покренаа случајот како „наследници на фашизмот“ и рече дека не се во можност да му судат. Адвокатите пред два дена изјавија дека... Читать дальше...

Влада: Од Институтот за македонски јазик самите понудија нови толкувања за зборовите

SlobodnaEvropa.mk 

Владата денеска соопшти дека „Толковниот речник на македонскиот јазик“ е научен труд и авторско дело на научниците македонисти и лингвисти од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ коишто се единствено стручни за оваа област и имаат и надлежност за содржината на речникот. Владата, како што се наведува во соопштението, согласно својата програма за унапредување на македонскиот јазик ја реализирала дигитализацијата на вкупниот број лексеми, односно зборови, со единствена цел да им... Читать дальше...

Димитров: Случајот со С. Македонија е тест за кредибилитетот на ЕУ на Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

„Огромното мнозинство на земјите-членки на ЕУ поддржува одржување меѓувладини конференции и со Северна Македонија и со Албанија. Јас исто така сметам дека ова е официјална позиција на Европската Комисија. Тоа е и целта на која работиме“, порача вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров за Еуроњуз, а неговата изјава на Твитер ја објави новинарот Џек Паррок. Во врска со изјавата на еврокомесарот за проширување Олвиер Вархеји за одвојување на Албанија и Северна Македонија, Димитров порача... Читать дальше...

Иран и светските сили на нова рунда преговори за нуклеарниот договор

SlobodnaEvropa.mk 

Иран денеска го одржа четврти круг разговори на високо ниво со светските сили со цел враќање на САД во историскиот нуклеарен договор од 2015 година. Преговорите, кои започнаа во Виена на почетокот на април, се фокусираат на создавање патоказ за Вашингтон за укинување на санкциите за Иран и за Техеран да ги врати ограничувањата на својата нуклеарна програма, утврдени во договорот. Според договорот, Иран вети дека ќе ги ограничи своите нуклеарни активности во замена за олеснување на меѓународните санкции. Читать дальше...

Холштајн: Незамисливо е да се даде зелено светло за Албанија, а не и за С. Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Германската амбасадорка во Скопје, Анке Холштајн изјави денеска дека за нејзината земја е незамисливо да се даде зелено светло за преговори со ЕУ само за Албанија, а не и за Северна Македонија. „За решавачки насоки во процесот на проширување на ЕУ потребна е согласност од сите земји-членки. Исто како што преговарачката рамка може да биде само едногласно прифатена, датум за првата меѓувладина конференција ќе има само кога сите земји-членки ќе дадат согласност. За Германија не е замисливо само за Албанија да се даде зелено светло... Читать дальше...

Пендаровски и Мицкоски - право и правда за 27 април

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната средба со претседателот Стево Пендаровски побарал правда за осудените од настаните на 27 април во Собранието. Пендаровски смета дека нема простор за помилување, но, судот е тој што треба да одлучи дали ќе се повтори процесот.

Курти најави дека неговата Влада ќе ја тужи Србија за геноцид

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Албин Курти најави денеска дека неговата Влада ќе поднесе тужба против Србија пред Меѓународниот суд за правда за геноцид во војната во Косово во 1998-99 година. „Ќе водиме со Србија принципиелен дијалог, кој ќе биде подготвен, со договор за меѓусебно признавање, порача Курти по денешната седница на Владата, на која беше усвоена четиригодишната програма за работа на неговиот кабинет. Дијалогот Косово-Србија продолжува во јуни Меѓу приоритетите во надворешната политика, според него... Читать дальше...

Нови 234 случаи, починати 25, меѓу кои и 27 годишно лице од Виница

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа се направени 2.907 тестирања, а регистрирани се 234 нови случаи на ковид-19. Регистрирани се 786 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 25 починати лица: 10 од Скопје, по 2 лица од Тетово, Штип и Гостивар и по 1 починато лице од Куманово, Прилеп, Охрид, Виница, Струмица, Кочани, Кичево, Струга и Свети Николе. Најмладиот починат пациент на 27 годишна возраст е од Виница. Од пријавените, 4 лица се починати во домашни услови, а останатите 21 во болнички услови. Филипче... Читать дальше...



Израелската полиција уби двајца палестински напаѓачи

SlobodnaEvropa.mk 

Двајца Палестинци се убиени, а еден е тешко ранет, откако отвориле оган врз израелската армија на окупираниот Западен брег. Израелската гранична полиција соопшти дека тие пукале кон граничната полициска база Салем, во близина на градот Јенин. Чуварите застрелале двајца од напаѓачите, додека третиот е во критична состојба и е хоспитализиран. Во меѓувреме израелската полиција соопшти дека уапсила 15 лица по судирите во источен Ерусалим откако денеска биле фрлани камења врз полицајците и возилата во населбата Шеик Jарах. Читать дальше...

Филипче: Вакцините на „Астра Зенека“ во земјава се потрошија

SlobodnaEvropa.mk 

Вакцините против ковид на производителот „Астра Зенека“, кои ѝ беа на располагање на земјава, се целосно потрошени и тие се аплицираа на граѓани постари од 60 години, информираше министерот за за здравство Венко Филипче на пресс конференција во Владата.  На прашањето дали се размислува за укинување на ограничувањето за тоа кои возрасни групи може да ја примат оваа вакцина, Филипче кажа дека засега нема промена во ставот, односно останува препораката оваа вакцина да може да ја примат само граѓаните постари од 60 години. Читать дальше...

Започна средбата помеѓу Пендаровски и Мицкоски

SlobodnaEvropa.mk 

Во Вила Водно започна средбата помеѓу претседателот, Стево Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на која, според најавите од партијата, ќе се разговара за осудените во случајот „27 април“ и за актуелната политичко-економска состојба Претседателот Пендаровски по најавата за денешната средба само кусо коментира дека е добро што по девет месеци некомуницирање, се воспоставила комуникација со институцијата претседател на Република Северна Македонија. Пендаровски - Политичкиот дијалог... Читать дальше...

Бектеши: Рестораните за свадби можно е да отворат кон крајот на мај

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска кажа дека можно е рестораните за свадби и свеченост да почнат да работат кон крајот на мај, но дополни дека тоа ќе се случи доколку Комисијата за заразни болести утврди  дека бројот на заразени со корона вирусот се намалува. „Секоја недела носиме полабави мерки во однос на рестриктивните мерки до сега и тие се предложени од Комисијата“, рече Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата за заем од Светска банка за проекти во образованието и за енергетска ефикасност. Читать дальше...

Писонеро: И Северна Македонија и Албанија се подготвени за преговори, но одлуката ја носи Советот

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролката на Европската комисија за проширување Ана Писонеро денеска рече дека ставот на Комисијата е дека и С Македонија и Албанија се подготвени да започнат преговори, но дека одлуката ја носи Советот  јави МИА од Брисел. „Позицијата на Европската комисија е многу јасна: сакаме да видиме меѓувладини конференции со двете земји, двете ги исполнуваат условите за ова да се случи, но Советот треба да даде согласност за преговарачките рамки, таму се наоѓаме“, изјави Писонеро. До ова доаѓа по... Читать дальше...

Пентагон испрати засилување за повлекувањето од Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Пентагон распореди повеќе тешки бомбардери и борбени авиони за да обезбеди заштита за повлекувањето на американските и коалициските трупи од Авганистан, изјави пред новинарите министерот за одбрана Лојд Остин. „Помалку од една недела, повлекувањето се одвива според планот“, изјави Остин , додавајќи дека досега врз меѓународните сили немало директни напади. Претседателот на Здружените началници на Пентагон, Марк Мили, рече дека за одбрана на војниците кои заминуваат, наредиле распоредување на... Читать дальше...

Министерот Филипче прими вакцина од кинескиот Синофарм

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство Венко Филипче денеска јас прими првата доза од вакцината против корона вирусот на кинескиот производител "Синофарм" во вакциналниот пунк во спортската сала "Борис Трајковски". Филипче им порача на сите граѓани да се пријават на сајтот за вакцинација или преку „Мој термин“, како безбеден начин за заштита од опасниот коронавирус. " Штотуку ја примив вакцината на „Синофарм“ и уште еднаш апелирам до граѓаните да не се плашат, бидејќи сите вакцини се безбедни и сигурни. Вчера... Читать дальше...

Германија и Словачка бараат Скопје и Тирана заедно да ги почнат преговорите со ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Германскиот министер за Европа Михаел Рот и словачкиот министер за надворешни работи Иван Корчок на Твитер објавија дека Германија и Словачка се залагаат С Македонија и Албанија во јуни заедно да ги почнат преговорите за членство во ЕУ. "Германија ја поддржува целта на португалското претседателство со ЕУ да се одржи првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија во јуни. Двете земји ги испорачаа бараните реформи – сега мора и ЕУ да испорача. Понатамошното одложување ги поткопува... Читать дальше...

Двете „вистини“ за кинеските вакцини

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство Венко Филипче тврди дека земјава набавила кинески вакцини по многу пониска цена од онаа која ја плаќале соседите. ВМРО-ДПМНЕ пак го тврдат спротивното. Од ДКСК велат дека предметот со кинеските вакцини е при крај, но недостасуваат уште информации

Совет на амбасадори: Загрижени сме од најавите на Вархеји

SlobodnaEvropa.mk 

„Совет на Амбасадори“, во кој членуваат повеќе поранешни дипломати од земјава, денеска  преку соопштение искажа загриженост и вчудовиденост во врска со најавата на комесарот за проширување Оливер Вархеји  кој за време на неговата турнеја по земјите на Западен Балкан изјави дека е можно Северна Македонија и Албанија да бидат поделени во нивниот пат до полно членство во Европската Унија ако С Македонија и Бугарија не најдат заеднички јазик во решавањето на спорот околу идентитетските прашања. "Советот... Читать дальше...

Во Индија нов корона рекорд и барања за строго затворање

SlobodnaEvropa.mk 

Индија денеска забележа нов рекорд од 414.188 потврдени случаи на ковид 19 во изминатите 24 часа, поради што индискиот премиер Нарендра Моди се соочува со притисок да воведе блокада низ целата земја Многу медицински експерти, опозициски лидери и некои од судиите на Врховниот суд сугерираат дека затворањето се чини дека е единствената опција поради беснеењето на вирусот во градовите каде што болниците се принудени да ги одвраќаат пациентите додека роднините се обидуваат да најдат кислород. Крематориумите... Читать дальше...

На инфективните оддели се лекуваат 883 ковид пациенти

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство соопшти дека  883 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 847 празни болнички кревети во ковид – центрите. Во изминатото деноноќие во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 384 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка. Читать дальше...

Блинкен: САД разгледуваат „дополнителна“ воена помош за Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вели дека Соединетите држави го разгледуваат барањето на Украина за „дополнителна“ воена помош за да се помогне во спречување на агресијата на Кремљ по масовното трупање руските сили во близина на нивната заедничка граница.

Уште еден обвинет призна вина во случајот „Двојник“

SlobodnaEvropa.mk 

Судењето за петмина од обвинетите за случајот „Двојник“, за нелегално издавање пасоши на странски државјани денеска  продолжи во Основниот кривичен суд во Скопје. На денешното судење уште еден обвинет, од вкупно 11, кој е вработен во МВР, призна вина во случајот „Двојник“. Шемседин Јашари рече дека се чувстува виновен. Судот уште денеска му изрече пресуда во висина од една година од седум месеци и забрана да работи во МВР следните десет години. Ова е шести обвинет  за злоупотреба на службената... Читать дальше...

Противпожарните авиони приземјени, сервисот чини ѓавол ипол

SlobodnaEvropa.mk 

Дирекцијата за заштита и спасување поседува три противпожарни авиони, но тие не се во функција оти прво треба да се сервисираат, а сервисирањето е скапо. Доколку има потреба на располагање се ставаат уште три летала на АРМ оспособени за гаснење пожар.

Вонредната состојба е продолжена во Токио неколку месеци пред Олимписките игри

SlobodnaEvropa.mk 

Вонредната состојба поради корона вирусот во Токио и другите делови на Јапонија денеска е продолжена, на помалку од три месеци пред Олимписките игри. Ограничувања исто така се воведени во уште два региона каде што се зголемија инфекциите. Итните мерки, кои се помалку строги од заклучувањето и карантините во другите земји, требаше да завршат на 11 мај, но сега ќе продолжат до крајот на месецот, рече премиерот Јошихиде Суга. Фајзер и БиоНТек ќе донираат вакцини за Олимпијадата во Токио Повеќе... Читать дальше...

Досега се вакцинирани и ревакцинирани над 104 илјади граѓани

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство соопшти дека на вакциналните пунктови во државата, заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 74 076 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 7 963 граѓани, а  вкупно се вакцинирале 9 123 граѓани. Во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 104.962 граѓани, а две дози примиле 20.650 граѓани. Со последните бројки 25 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Вакцина вчера прими премиерот Зоран Заев, а за денеска е најавено дека... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *