Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Июль
2021

Новости за 10.07.2021

Невреме во Ранковце предизвика материјални штети и прекин на струја

SlobodnaEvropa.mk 

Делови од земјава денеска беа погодени од силно невреме, како во кичевско и околината и реонот на општина Ранковце, при што беа предизвикани метеријални штети, прекин на струја и отежнат сообраќај.   Невремето во Ранковце со дожд и силен ветер направи штета и прекини во напојувањето со електрична енергија. Според градските власти во Ранковце, најпогодени од невремето се селата Гиновци, Петралица и делови од Одрено. Градоначалникот на општина Ранковце Ивица Тошевски изјави дека силниот ветер и... Читать дальше...

ОН донесе резолуција за хуманитарна помош во Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Советот за безбедност на ОН одобри продолжување на операцијата за прекугранична помош за милиони очајни луѓе во Сирија. Одлуката беше донесена откако Русија во последен момент се согласи на компромис во разговорите со Соединетите држави, потег кој во телефонски разговор го поздравија претседателот на САД Џо Бајден и неговиот руски колега Владимир Путин. Гласањето на Советот за безбедност на 9 јули обезбеди пристап за помош на ОН до Сиријците во период од 12 месеци и доаѓа непосредно пред истекот на мандатот на Советот на 10 јули. Читать дальше...

Борел: ЕУ мора да го задржи Западен Балкан на европскиот пат

SlobodnaEvropa.mk 

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел  денеска изјави дека ЕУ мора да го задржи целиот регион на Западен Балкан на европскиот пат. „ЕУ е најдобрата комбинација на политички слободи и економски напредок, како и социјална солидарност во светот. Ние не сме совршени, но сме најдобри, затоа мора да продолжиме со секој што ја дели нашата визија. Тоа значи да се задржи нашето внимание на Западен Балкан и целиот регион, вклучително и заживување на дијалогот меѓу Србија и Косово “, рече Борел во обраќање на Форумот во Дубровник. Читать дальше...

Шефицата на Европската комисија бара зголемен обем на вакцинација во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

ЕУ на своите членки им достави доволно дози на вакцини против Ковид-19 во насока на постигнување на целта за целосно вакцинирање на најмалку 70 проценти од возрасната популација, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Таа побара од членките на ЕУ да го зголемат обемот на вакцинација и дека до 11 јули низ Унијата ќе бидат распределени околу 500 милиони дози. „ЕУ го исполни ветувањето. Викендов доставивме доволно дози за членките да можат да вакцинираат најмалку 70 отсто од возрасните", рече Фон дер Лајен.

Заев бара објаснување од Џафери за обраќањето на албански во ЕП, ВМРО-ДПМНЕ бара оставка

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев денеска изјави дека претседателот на Собранието Талат Џафери „спротивно на уставот“ се обратил на албански јазик во европскиот Парламент. Заев рече дека Џафери на две сесии во ЕП зборувал на македонски јазик, додека на третата зборувал на албански, бидејќи бил „испровоциран од некои поединци од соседна Бугарија“, рече Заев. „Нема да побарам одговорност затао што очекувам токму од претседателот на Собранието да го објасни тоа што таму се случило, затоа... Читать дальше...

Нови 13 случаи на коронавирус, нема починати

SlobodnaEvropa.mk 

Регистрирани се 13 нови случаи на Ковид-19 во изминатите 24 часа од направени 3.404 тестирања. Нема регистрирани починати лица, а оздравен е еден пациент, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новозаразените, во Тетово се 7, а во Скопје 6. Од почетокот на пандемијата досега во земјава се дијагостицирани 155.782 лица со Ковид-19, починаа 5.487 лица и 150.124 се излекувани. Бројот на активни случаи во моментов изнесува 172. Филипче: Нема нови мерки, потребна е масовна вакцинација... Читать дальше...

ОН: Тортура и малтретирање на притворени во источна Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Обединетите нации соопштија дека тортура и лошо постапување со притворени лица се случуваат секој ден на територијата во источна Украина контролирана од сепаратистите поддржани од Русија. Заменик-шефот за права на Обединетите нации, Нада Ал-Нашиф, на 9 јули изјви дека има „огромни повреди“ извршени во затворот „Изолијација“ во Доњецк и во други места контролирани од сепаратистите во источна Украина. Прекршувањата „продолжуваат на дневна основа и се вршат систематски“, рече Нашиф пред Советот за човекови права на ОН со седиште во Женева. Читать дальше...

Хаити бара помош од странски трупи по атентатот на претседателот

SlobodnaEvropa.mk 

Хаити побара странски трупи да бидат испратени во земјата за да ја заштитат инфраструктурата, додека карипската држава се обидува да се стабилизира и да се подготви за избори по убиството на претседателот Јовенел Моис. Барањето беше испратено од владата до САД и ОН, но САД соопштија дека „во моментов“ не планираат да му понудат воена помош на Хаити. Хаитската полиција претходно соопшти дека група од 28 странски платеници на 7 јули го убиле претседателот Моис. По вооружената борба во главниот град Порт-о-Пренс, 17 од нив се приведени. Читать дальше...



Филипче: Нема нови мерки, потребна е масовна вакцинација

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека ситуацијата со Ковид-19 е стабилна и дека нема потреба од воведување на нови мерки. „Политиката на затворање се спроведуваше во периодот кога не беа достапни вакцините. Сега кога ги има и кога се достапни акцент треба да се стави на процесот на вакцинација. Гледаме дека и Англија, иако има нови случаи, се попуштаат мерките. Да не живееме затворени, туку да се вакцинираме масовно“, изјави Филипче. Повеќе земји ги следат податоците за делта сојот... Читать дальше...

Патриотско фудбалско финале за Европската Унија

SlobodnaEvropa.mk 

Европското фудбалско првенство ЕВРО 2020, се приближува кон крајот со многу очекуваното финале во недела. Но, ова беше и турнир полн со политички контроверзии, во кој едномесечниот настан стана микрокосмос на многу од проблемите со кои се бори Европа во овој момент. Рикард Јозвијак

Оксфам: Секоја минута 11 луѓе умираат од глад

SlobodnaEvropa.mk 

Секоја минута 11 луѓе умираат од глад низ светот секој ден, што е многу повеќе од стапката на смртност од Ковид - 19, објави меѓународната добротворна организација Оксфам. Организацијата наведува дека Авганистан е едно од „најпогодените места од глад“ поради војната. Организацијата соопшти дека 155 милиони луѓе ширум светот сега живеат во несигурност поради недостиг на храна, што е зголемување од 20 милиони во однос на минатата година. Оксфам додава дека околу две третини од овие луѓе се гладни... Читать дальше...

Земјотрес во Таџикистан, петмина загинати

SlobodnaEvropa.mk 

Пет лица загинаа во земјотрес со јачина од 5,9 степени во источен Таџикистан, соопшти Комитетот за вонредни ситуации на земјата. Комитетот наведува дека околу 20 куќи се уништени како резултат на земјотресот што ја потресе земјата рано утрото на 10 јули. Во три села исто така делумно биле оштетени електричните водови, наведува комитетот. Ситуација на границата меѓу Киргистан и Таџикистан е стабилна Земјотресот се случи на 27 километри источно од Рашта, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Читать дальше...

Временска прогноза: претпладне сончево, попладне локални невремиња

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на навреме со пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне... Читать дальше...

Дивите депонии - вообичаена слика на Балканот

SlobodnaEvropa.mk 

Западен Балкан е дом на некои од најдивите реки и најживописната природа во Европа. Но, неуспешните системи за управување со отпад низ целиот регион ја загрозуваат животната средина и јавното здравје. Несоодветно отстранетиот отпад е честа појава и во Македонија.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *