Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Июль
2021

Новости за 18.07.2021

Бајден ќе се сретне со ирачкиот премиер во Белата куќа

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон ќе се сретне со ирачкиот премиер Мустафа ал Кадими на 26 јули, соопшти денеска Белата куќа. Портпаролката Џен Псаки изјави дека овој состанок ќе го потенцира стратегиското партнерство меѓу САД и Ирак. „Бајден се надеван на зајакнување на соработката со Ирак за безбедносните прашања кои вклучуваат заеднички напори за да се обезбеди конечен пораз на милитантната група Исламска држава“ вели таа. Се очекува ирачкиот премиер Кадими да се заложи за одредена... Читать дальше...

Над 180 загинати по поплавите во Западна Европа

SlobodnaEvropa.mk 

Последните бројки на загинати во поплавите во Западна Европа во изминативе 24 часа достигнаа до 180, откако спасувачите цела ноќ работеа во потрага по прежиевани. Силниот дожд донесе нови поплави во Австрија и југоисточна Германија, но, не толку големи како тие од минатата недела. Германската полиција соопшти дека над 110 лица загинале само во округот Арвајлер во западна Германија, една од најпогодените области. Локалните власти стравуваат од зголемување на бројот на загинати. Германската канцеларка... Читать дальше...

Првите позитивни тестови на атлетичари пред почетокот на Олимписките игри

SlobodnaEvropa.mk 

Пет атлетирачи кои пристигнале во Токио за Олимписките игри се позитивни на ковид-19 и се сместени во посебен објект за карантин. Организаторите на Олимписките игри во Токио ги објавија првите информации за инфекции меѓу спортистите кои ќе учествуваат во игрите. На помалку од една недела пред почетокот на Олимписките игри, расте загриженоста за тоа како организаторите ќе се справат со приливот на спортисти, помошен персонал и друг персонал од странство и при тоа да не дозволат ширење на ковид-19 во време на пандемија. Читать дальше...

Британскиот премиер во нов модел на самоизолација поради контакт со заразен со ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за финансии, Риши Сунак, ќе бидат под ограничен распоред за работа и ќе бидат подложени на секојдневно тестирање на ковид-19, откако службите утврдиле дека биле во контакт со лице заразено со коронавирус, е наведено во соопштение од Кабинетот на премиерот. Претходниот ден, министерот за здравство Саџид Џавид објави дека бил позитивен на ковид -19. Џонсон и Сунак ќе учествуваат во пилот-програма што ќе им овозможи да продолжат да работат од своите канцеларии... Читать дальше...

Целосно имунизирани се 272 129 македонски граѓани

SlobodnaEvropa.mk 

Утре ќе почне вакцинирањето со „Фајзер“ на децата од 12 до 17 кои се веќе пријавени на веб страницата vakcinacija.mk. Според податоците на Министерството за здравство до денеска се пријавени речиси 1800 деца. Единствено за нив вакцинирањето е со закажан термин, за возрасните повеќе не е потребно пријавување. Со теренската вакцинација која почна минатата седмица во населени места и во рурални средини, регионалните вакцинални пунктови во неколку градови почнуваат да се затвораат. Според последните податоци од Министерството за здравство... Читать дальше...

Репатрирани 23 македонски државјани од Сирија и Ирак

SlobodnaEvropa.mk 

Владата доцна синоќа го заврши процесот на репатријација на македонски државјани од Сирија и Ирак. Станува збор за четворица мажи кои се водат како странски терористички борци, пет жени и 14  деца. Во владиното соопштение е наведено дека процесот е спроведен согласно обврските кои произлегуваат од меѓународното право, меѓународното право за човекови права, меѓународното хуманитарно право, стандардите и резолуциите на Советот за безбедност при Обединетите нации. „Против четворицата странски терористички борци... Читать дальше...

Временска прогноза: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска не очекува променливо облачно и нестабилно време а по пладневните часови со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер (над 70км/ч.) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Јовановска - Блиску сте до пензија, проверете го стажот навреме

SlobodnaEvropa.mk 

Јас ги охрабрувам граѓаните работниот стаж да го проверат не дента кога ќе го остварат правото за пензија, туку тоа може да го направат додека се уште се во работен однос. Тоа може да се направи во подрачните единици на ПИОМ, но и електронски на сајтот на Фондот или преку uslugi.gov.mk, вели за РСЕ, директорката на ПИОМ Билјана Јовановска.

Пензионерите може да бидат спокојни

SlobodnaEvropa.mk 

Пензионерите може да бидат сосема спокојни, Пензискиот фонд е во стабилна состојба, пензиите како и досега ќе си продолжат со тековна, редовна, навремена исплата, вели директорката на ПИОМ Билјана Јовановска во интервју за РСЕ.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *