Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Июль
2021

Новости за 21.07.2021

Битола по 15-ти пат во ритамот на „Локум фест- музика и традиција“

SlobodnaEvropa.mk 

Со учество на врвни македонски музичари како Влатко Стефановски, Драган Даутовски и други, на неколку локалитети во Битола, од 22 до 24 јули, ќе се одржи 15-то јубилејно издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест- музика и традиција“.

Илузорно е да се очекува 80 отсто од населението да се вакцинира

SlobodnaEvropa.mk 

Процентите за вакцинирани граѓани не треба да се земаат „здраво за готово“ оти попис нема речиси 20 години па не се знае колку луѓе живеат тука, вели професорот Никола Пановски. Според него илузорно е да се очекува да се вакцинира 80 отсто од населението, процент кој го спомена министерот Филипче.

Независни кандидати за разбивање на монополот на партиите

SlobodnaEvropa.mk 

Независни советнички листи зад кои стојат граѓански организации, активисти и истакнати личности најавија учество на локалните избори наесен. На изборите во регионот, пак, се случи „мала револуција“ каде големите партии изгубија. Ќе може ли случувањата во регионот да влијаат и во Македонија.

Шефови на држави - цел на израелскиот шпионски софтвер Пегаз

SlobodnaEvropa.mk 

Размерите од истрагата за употребата на израелскиот шпионскиот софтвер „Пегаз“ се зголемија кога се покажа дека повеќе од десетина сегашни или поранешни светски лидери се наоѓале меѓу илјадниците потенцијални цели.

Дуковски: Македонија може да живее од извоз на медицински канабис

SlobodnaEvropa.mk 

Власта предлага измени на законот за медицински канабис, опозицијата најави блокирање на целото Собрание ако се донесе таков закон, сомневајќи се во можности за криминал. Производителите на канабис сметаат дека ако се развие правилно економски оваа индустрија, Македонија може да живее само од оваа гранка. Претседателот на здружението „Макканабис“ Костадин Дуковски во интервју за РСЕ вели дека се надева оти опозицијата ќе го смени ставот и дека изборот на кадри во Агенцијата ќе биде според критериуми.

Дуковски: Извоз на сув цвет од канабис и сега е дозволен

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на здружение„Макканабис“ Костадин Дуковски вели дека извозот на сув цвет на канабис и сега може да се извезува. Тој апелира до опозициската ВМРО-ДПМНЕ да го сменат пристапот кон овој предлог закон со цел, како што вели бенефит за сите. Според Дуковски развојот на индустријата со медицински канабис може да овозможи земјата да живее само од оваа гранка.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *