Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Февраль
2022

Новости за 14.02.2022

Русинката Валиева може да продолжи да се натпреварува на Олимпијадата

SlobodnaEvropa.mk 

Тинејџерската руска натпреварувачка во уметничко лизгање Камила Валиева доби дозвола од највисокиот суд на спортот да се натпреварува во женското уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг и покрај тоа што падна на допинг тестот. Судот за спортска арбитража (CAS) соопшти дека ја потврдил одлуката на Руската антидопинг агенција за укинување на забраната за 15-годишното девојче, кое било позитивно на тестот за забранета супстанца на 25 декември. Во одлуката на CAS, објавена на нејзината веб-страница... Читать дальше...

Европарламентот ја одбележува 20-годишнина од еврото

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска европратениците ќе ја одбележат 20-годишнината од еврото и ќе разговараат со претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард за работата на ЕЦБ во минатата година.Сесијата ќе започне со церемонија за одбележување на 20 години од Еврото. Говор ќе имаат претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард, комесарот за економија Паоло Џентилони и Ирене Тинагли, претседателка на Комитетот за економски и монетарни прашања. Две децении од воведувањето на еврото По церемонијата... Читать дальше...

Германскиот канцелар Шолц во Киев пред средбата со Путин

SlobodnaEvropa.mk 

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ќе го посети Киев пред да отпатува за Москва на 15 февруари, соопшти неговиот кабинет. Ова ќе бидат први патувања на Шолц во двете земји како шеф на германската влада. Тој самиот неодамна го најави своето патување во Москва, но не спомна какви било планови да го посети Киев пред тоа. Според канцеларот, задачата е да се искористат сите можности и сите формати за да се спречи нарушувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, вооружената инвазија на Русија. Читать дальше...

Рускиот парламент го одлага гласањето за признавање на источна Украина?

SlobodnaEvropa.mk 

Долниот дом на рускиот парламент може да побара насоки од владата за тоа дали да повика на признавање на двата отцепени украински региони како независни, рече нејзиниот спикер во петокот, што имплицира дека чекорот може да биде одложен. Државната дума, долниот дом на Русија, денеска треба да одреди датум за гласање за предлогот на група пратеници да апелираат до претседателот Владимир Путин да ги признае двете самопрогласени републики кои се поддржани од Москва. Столтенберг предупреди на „ризик“... Читать дальше...

Турција го намали данокот на основните прехранбени продукти поради инфлацијата

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави намалување на основните даноци на храна, бидејќи Турција се соочи со висока стапка на инфлација. Неговата одлука стапува во сила денеска. Ердоган рече дека властите очекуваат прехранбените компании исто така да ги намалат цените за седум проценти. Според него, храната прави значителен дел од инфлацијата. Ердоган отпушти шеф на статистика поради информациите за инфлацијата Според официјалните податоци за минатиот месец, инфлацијата се зголеми на 48,69 проценти на годишна основа. Читать дальше...

САД и Украина ја потврдија посветеноста кон „дипломатија“

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Џо Бајден ја истакна важноста на спроведувањето на „дипломатија и одвраќање“ како одговор на руското воено засилување на границите на Украина, соопшти Белата куќа по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери. Бајден ја повтори својата посветеност на суверенитетот на Украина и територијалниот интегритет и вети дека „ ќе реагира брзо“ во случај на понатамошна руска агресија против Украина. Блинкен – Заканата од руска инвазија... Читать дальше...

Времето денеска: променливо облачно

SlobodnaEvropa.mk 

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во планинските подрачја ќе има услови за провејување снег. Дневната температура ќе биде од 4 до 12 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 11 степени.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *