Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Март
2022

Новости за 15.03.2022

Продолжуваат и преговорите и руските напади врз украинските градови

SlobodnaEvropa.mk 

Во Киев се воведува полициски час кој ќе трае 35 часа додека руските сили се приближуваат и ги засилуваат нападите врз главниот град на Украина. Околу 2000 цивилни возила го напуштија Мариупол. Во меѓувреме продолжуваат преговорите меѓу двете страни за постигнување на прекин на огнот.

Владата наложи јавниот сектор да штеди

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на денешната 28-ма седница усвои антикризни мерки за рационализација на трошоци во јавниот сектор. Со овие мерки буџетските корисници се задолжени да ги намалат расходите за стои и услуги за 10 проценти. Тие до 21 март до Министерството за финансии треба да достават предлог за тоа како ќе ги намалат трошоците. Мерките за рационализација забрануваат започнување на нови постапки за набавка на мебел и возила, освен за неопходните активности за работењето на институцијата по претходна согласност од Владата. Читать дальше...

РКЕ - Од полноќ поевтинува дизелот, бензините остануваат со иста цена

SlobodnaEvropa.mk 

Регулаторната комисија за енергетика вечерва одлучи дека од полноќ се намалува цената на дизелот за три денари, а на екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари. Цената на бензините останува иста. Според новата одлука на РКЕ, дизелот ќе се продава по цена од 85 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство за 81 денар за литар. Цените на бензините остануваат исти што значи дека еуросупер БС-95 и понатаму ќе има цена од 86,5 денари за литар, а еуросупер БС-98 цена од 88,5 денари за литар. Читать дальше...

Одлука за двојазични ознаки на униформите на полицијата

SlobodnaEvropa.mk 

Во Скопје и во општините во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, ознаките на униформата на полицијата ќе бидат напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот кој што го зборува малцинството. Османи контра Заев: Венецијанската комисија не е супермаркет Уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата е донесена вечерва на владина седница. „Оваа Уредба е донесена врз основа на Законот за употреба на јазиците... Читать дальше...

Русија покрена постапка за излегување од Советот на Европа

SlobodnaEvropa.mk 

Русија денеска одлучи да покрене постапка за излегување од Советот на Европа, обвинувајќи ги НАТО и Европската унија дека од Русија направиле инструмент во служба на „својата воено-политичка и економска експанзија“ на истокот, соопшти руското Министерство за надворешни работи. „Известувањето за излегување на Русија од организацијата е доставено денеска на генералната секретарка Марија Пејчиновиќ Буриќ“, се наведува од Министерството. „Тие кои не натераа на тој чекор ќе ја сносат целата одговорност... Читать дальше...

Речиси 3 милиони лица ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија

SlobodnaEvropa.mk 

Скоро 3 милиони луѓе ја напуштиле Украина откако руските сили ја започнаа инвазијата пред речиси три недели, соопшти Меѓународната организација за миграција на ОН (ИОМ). Русија негира дека цел и се цивилите, тврдејќи дека нејзините дејствија се „специјална воена операција“ за демилитаризација и „денацификација“ на Украина. Украина и западните сојузници ова го сметаат за неоснован изговор за инвазијата од Москва врз една демократска земја. Меѓу бегалците има повеќе од 150.000 државјани на трети земји... Читать дальше...

НАТО стравува од можен руски напад со хемиско оружје во Украина

SlobodnaEvropa.mk 

НАТО е загрижено дека Русија се подготвува да изврши хемиски напад во Украина, изјави денеска генералниот секретар Јенс Столтенберг, пред состанокот на министрите за одбрана на Алијансата. „Загрижени сме дека Москва би можела да организира операција под „лажно знаме“, која веројатно вклучува и хемиско оружје“, изјави шефот на НАТО пред новинарите, нарекувајќи ги „апсурдните тврдења“ од Русија дека Украина поседува лаборатории за биолошко оружје. НАТО, рече тој, останува „многу внимателен“ за... Читать дальше...

Русија му забрани влез на Бајден

SlobodnaEvropa.mk 

Русија објави дека денеска ги ставила американскиот претседател Џо Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен и други високи функционери на „стоп-листата“ со која им се забранува влез во земјата. Нивните имиња, заедно со министерот за одбрана Лојд Остин, шефот на ЦИА, Вилијам Барнс и советникот за национална безбедност Џејк Саливан, се најдоа на списокот од 13 лица на кои им е забранет влез во Русија како одговор на санкциите на Вашингтон кон руските официјални лица. ЕУ го замрзна имотот на Путин и Лавров Сепак... Читать дальше...



Обид за решавање на сообраќајниот хаос во Тетово

SlobodnaEvropa.mk 

Од почетокот на годинава на повеќе улиците во Тетово се воведува еднонасочен сообраќај, се поставуваат нови знаци и лежечки полицајци во обид да се реши сообраќајниот хаос во градот. Преполните улици и возачи „легнати“ на сирените се честа глетка на градските улици.

Трета дојава за бомба на летот на Ер Србија за Москва

SlobodnaEvropa.mk 

На летот Белград-Москва денеска повторно е пријавена експлозивна направа, трет пат во последните неколку дена. Полициски екипи се на терен поради дојава за бомбата, потврдија за РТС во МВР. Дојавата за наводната експлозивна направа во авионот на „Ер Србија“ на летот за главниот град на Русија пристигнала по е-меил од електронската адреса во Украина пред да полета авионот, односно додека сè уште бил на пистата, соопшти Еуроњус Србија. Лажна дојава за бомба на летот Белград-Москва Претходно... Читать дальше...

Нов штрајк го прекина железничкиот сообраќај

SlobodnaEvropa.mk 

Железничкиот сообраќај попладнево од 15 часот е во целосен прекин откако машинскиот и извршниот персонал го активираше бојкотот заради неисплатени материјални трошоци и прв дел од платата за минатиот месец. Како што најави Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал и претседател на Синдикатот на машиновозачи на Македонија, бојкотот ќе трае се до исполнување на барањата. Поради неисплатени материјални трошоци машинскиот и извршниот персонал неколку часа ја блокираше работата и минатата недела во петок... Читать дальше...

Русинката што прекина вести со антивоена порака се појави на суд

SlobodnaEvropa.mk 

Русинката која го прекина преносот на вести во живо на руската државна телевизија се соочува со административно обвинение за организирање неодобрени јавни демонстрации, објави Новаја газета. Весникот пишува дека демонстранката, Марина Овсијаникова ја брани адвокатот Антон Гашински, при што објави фотографија од неа со Гашински на Телеграм. Претходно денеска, адвокатот Павел Чиков, изјави дека ја застапувал и не можел да ја лоцира откако била приведена од руските власти веднаш по нејзиниот протестен чин. Читать дальше...

„Денот на црвот“ од Симона Јованоска – 23 добитник на наградата „Роман на годината“

SlobodnaEvropa.mk 

Во конкуренција од 39 книги, „Денот на црвот“ од Симона Јованоска, издание на „Или-Или“ од Скопје, е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2021 што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. За делото ќе биде забележано дека „има ритам налик на оној од анимираните филмови“.

Нови 312 случаи на ковид-19, петмина починати

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминативе 24 часа се регистрирани нови 312 случаи на ковид-19, од направени 2.605 тестови. Починало едно лице, а дополнително се пријавени четири починати лица во период од 19 февруари до 9 март. Како што информира Министерството за здравство, оздравени се 290 пациенти. Две години од воведувањето ковид-карантин во Дебар и Центар Жупа Од новите случаи, во Скопје се 181, Прилеп 17, Битола и Кавадарци по 13, Куманово 12, Охрид 11, Велес и Гостивар по 8, Струмица 7, Гевгелија 6, Ресен 5... Читать дальше...

Русинката што ги прекина вестите со антивоена порака е недостапна за адвокатот

SlobodnaEvropa.mk 

Адвокатот на антивоената демонстрантка која го прекина преносот на вести во живо на руската државна телевизија вели дека не успеал да ја лоцира својата клиентка која беше приведена од руските власти веднаш по нејзиниот протестен чин. Павел Чиков на Твитер напиша дека Марина Овсијаникова „сè уште не е пронајдена“ откако беше притворена повеќе од 12 часа. Тој, исто така, рече дека првичната полициска истрага „не дава основа за притвор и затвор“. Канцеларијата за човекови права на ОН ги повика... Читать дальше...

Борел од Тирана: Време е за обнова на процесот на проширување

SlobodnaEvropa.mk 

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Жозеп Борел изјави дека е време да се обнови процесот на проширување и Западен Балкан да стане неповратен дел од Европската унија (ЕУ). „Да се биде обединет е поважно од кога било. Дојде време за обнова на процесот на проширување. Знам дека ова веројатно веќе сте го слушнале. Вие сами (Рама) рековте дека се потребни дела, а не зборови“, изјави Борел за време на прес конференцијата со албанскиот премиер Еди Рама, а за време на денешната посета на Албанија. Читать дальше...

Народна банка во засилени контроли нa менувачниците

SlobodnaEvropa.mk 

Во тек се засилени инспекциски контроли од страна на Народната банка по менувачниците, најави гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, која посочи дека согласно регулативата, тие не смеат да ги чуваат девизите и да не вршат менувачко работење. Изјавата доаѓа по најавите за шпекулативно однесување на одредени менувачници. Ова однесување, додаде гувернерката, може да се санкционира и со одземање на дозволата за работа. „Нема да дозволиме беспотребно ширење паника и креирање фиктивни притисоци на менувачкиот пазар... Читать дальше...

Зеленски предупредува дека Русија ќе таргетира и други европски земји

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето до западните лидери претпладнево повика на поголема поддршка и предупреди дека Русија би можела да ги таргетира и другите делови на Европа. „Сè уште можеме да ја запреме руската воена машинерија, сè уште можеме да го запреме убивањето луѓе“, рече тој, тврдејќи дека би било „полесно тоа да го направиме заедно“. „Затоа што во спротивно ќе дојдат кај вас“, рече Зеленски. Украинскиот лидер посочи дека ако Европа сега не заземе став, Русија ќе ги таргетира другите европски земји. Читать дальше...

ДКСК: Непостоечка фирма за лифтови добила околу 90 тендери, главно во јавни институции

SlobodnaEvropa.mk 

Непостоечка фирма во Скопје од 2018 до 2022 година добила деведесетина тендери за монтажа и сервисирање лифтови, главно од јавни институции со буџетски средства, откриваат од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Како што образложи Владимир Георгиев од ДКСК, ова се правело со фалсификувани документи, фалсификувани ИСО сертификати и потписи. Тој посочи дека од ДКСК ќе биде доставена иницијатива за кривично гонење во Основното јавно обвинителство во Скопје, како и предупредување до Владата. Читать дальше...

Руската инвазија во Украина предизвик за Отворен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Поради ситуацијата во Украина откажана е средбата на лидерите на Отворен Балкан што требаше да се одржи деновиве и е презакажана за во мај. Две од членките воведоа санкции кон Русија, но не и Србија. Од македонската влада велат дека регионалната иницијатива не е загрозена.

Рускиот обвинител бара 13 години затвор за Навални

SlobodnaEvropa.mk 

Обвинителот на судењето на затворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални побара 13-годишна затворска казна за критичарот на Кремљ, кој е обвинет за проневера и непочитување на судот. Обвинителот исто така побара од московскиот окружен суд да го казни Навални со 1,2 милиони рубли (околу 10 000 долари).  Навални ја помина минатата година во затвор, откако се врати од странство, каде што се опоравуваше од речиси фаталниот напад со отров за кој го обвинува Кремљ. Навални повика на... Читать дальше...

„Денот на црвот“ од Симона Јовановска, роман на годината за 2021

SlobodnaEvropa.mk 

„Денот на црвот“ од авторката Симона Јовановска ја доби годинешната награда „Роман на годината“, која што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. Романот е издаден во 2021 година од издавачката куќа „Или-или“, во едицијата „ПроАза“. Авторката Симона Јованоска е родена во 1985 година, во Гостивар. Во 2015 година ја објавила дебитантската книга раскази „Ги најдов во длабокото“, во издание на „Или-или“. Во 2021 го издава својот прв роман, „Денот на црвот“. Оваа година за наградата се натпреваруваа 39 романи. Читать дальше...

Османи: Во разговорите со Бугарија нашите позиции се апсолутно усогласени

SlobodnaEvropa.mk 

Разговорите со Бугарија продолжуваат за сите отворени политички прашања, а веќе следната недела, на 23 и 24 март во Скопје ќе допатува министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Бујар Османи. Тој истакна дека ние сме апсолутно усогласени во ставовите и во позициите согласно резолуцијата на Собранието и дека нема никакви разлики. Осврнувајќи се на дипломатскиот форум во Анталија, посочи дека се сретнал со бугарскиот премиер Кирил Петков... Читать дальше...

Полициски час во Киев, аларм за воздушни напади ширум Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Украина предупредува на воздушни напади ширум целата земја, откако беше објавено дека од вечерва во Киев се воведува полициски час. Ова следува по континуираното гранатирање на станбени објекти во Киев и други градови од страна на руските сили

Грковска: Меѓувладината група со Бугарија работи добро, има сигнали за одблокирање на процесот

SlobodnaEvropa.mk 

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска оцени дека соработката со колегите од Бугарија при работата во меѓувладината работна група за европска интеграција и зелени политики е одлична и се одвива во позитивна атмосфера, при што во разговорите се чувствува поинаква енергија отколку во изминатиот период. Грковска информираше дека се очекува на некоја од наредните седници, министрите за правда на двете држави да разговараат за разменување искуства... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *