Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Март
2022

Новости за 28.03.2022

Петровска - Немаме донесено одлука за испраќање припадници на Армијата на територија на источниот блок на НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска изјави дека досега не е донесена одлука за испраќање на припадници на нашата Армија на територија на источниот блок на НАТО. Доколку биде донесена таква одлука, вели Петровска, јавноста ќе биде информирана. НАТО го зајакнува присуството од Балтичкото до Црното Mоре „Република Северна Македонија, која е членка на НАТО, е подготвена да го сподели товарот со останатите, но до овој момент немаме донесено конкретна одлука за тоа. Доколку донесеме... Читать дальше...

Нови 48 заразени со ковид-19 и двајца починати

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатите 24 часа регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19 од направени 1.192 тестови, соопшти Министерството за здравство. Најголем дел од новите случаи се во Скопје – 42, Кавадарци – 3, Гостивар – 2 и Прилеп – 1. Од вкупниот број на позитивни (48), регистрирани се 7 реинфекции. Која е поентата на вакциналните сертификати, ако и невакцинираните имаат имунитет? Регистрирани се 253 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се две починати лица од: Струга (64г) и Прилеп (63г)... Читать дальше...

Променливо време неделава, поројни дождови в петок и сабота

SlobodnaEvropa.mk 

Променливо време со локален дожд се очекува во текот на неделава. Синоптичарите за утре најавуваат слаб локален дожд, а во среда ќе биде суво, но претежно облачно. Оштетена е браната кај неготинско Липа, постои опасност од уривање Веќе од четврток ќе има повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни. Ќе дува засилен јужен ветер. Во петок и сабота, во попладневните часови ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер. Температурите ќе бидат над нулата. Дневните ќе се движат од 13 до 22 степени.

Од депонијата на Југохром скопјани може да останат без вода за пиење

SlobodnaEvropa.mk 

Изворот Рашче е под ризик од загадување со токсичен отпад, а владата не презема доволно и долгорочни мерки и покрај тоа што за проблемот знае со години. Во таква ситуација Скопје може да остане без питка вода, затоа што алтернативните извори немаат капацитет да ги задоволат потребите на скопјани за вода.

Доделени Оскарите, Кода најдобaр филм

SlobodnaEvropa.mk 

Американската Академија за филмски уметности и науки по 94 пати ги додели наградите за најдобри филсмки остварувања Оскар. Оскарот за најдобар режисер го доби Џејн Кемпион за „Моќта на кучето“, таа е прва жена која двапати е номинирана за режија. Џејн беше номинирана за режија во 1994 зa „Пијано“, но тогаш Спилберг го освои за „Шиндлеровата листа“. За најдобра актерка во главна женска улога Оскарот го доби Џесика Џестејн за улогата во филмот „Очите на Теми Феј.“ За најдобар актер во главна машка улога беше прогласен Вил Смит за „Кралот Ричард“.

Времето денеска: променливо облачно

SlobodnaEvropa.mk 

Променливо облачно, попладне во југозападните делови со слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе биде од 10 до 19 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 19 степени.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *