Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Март
2022

Новости за 20.03.2022

Османи утре во работна посета на Брисел

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи од утре ќе биде во работна посета на Брисел. Во рамки на посетата, на покана на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас, ќе учествува на работен појадок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија. Министерството за надворешни работи информира дека работниот појадок ќе биде посветен на европското досие на Северна Македонија, а ќе се одржи на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ. На појадокот ќе бидат... Читать дальше...

Сама против стравот во руското општество

SlobodnaEvropa.mk 

Потегот на Марина Овсијаникова, уредничка на руската државна телевизија, со транспарентот среде вести во живо веројатно е најхрабриот и најнагласениот чин на протест во Русија откако претседателот Владимир Путин нареди масовен воен упад во Украина на 24 февруари. Автор: Robert Coalson

Нови 214 случаи на ковид 19, осуммина починале

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информира  дека во последните 24 часа биле направени 2.133 тестови, а регистрирани се 214 нови случаи на Ковид 19 и тоа во градовите  Скопје – 135 случаи, Битола – 20, Прилеп и Охрид – по 10, Кавадарци – 8, Струмица – 7, Куманово – 5, Кочани – 4, Тетово, Велес, Кичево и Гевгелија – по 2, Штип, Неготино, Ресен, Крива Паланка, Дебар, Вландово и Виница – по – 1. Од вкупниот број на позитивни (214), регистрирани се 33 реинфекциии. Регистрирани сe 96 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа... Читать дальше...

Зеленски е подготвен да преговара со Путин

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за Си-Ен-Ен изјави дека е подготвен да преговара со рускиот претседател Владимир Путин, но предупреди дека ако обидот за преговори не успее, тоа може да значи дека борбата меѓу двете земји може да доведе до „трета светска војна“. „Подготвен сум да преговарам со него. Подготвен сум во последните две години. И мислам дека не можеме да ја завршиме оваа војна без преговори“, рече Зеленски. УНИЦЕФ: Милиони деца раселени поради руската инвазија Русија бомбардираше училиште во Мариупол... Читать дальше...

УНИЦЕФ: Милиони деца раселени поради руската инвазија

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 1,5 милиони деца станаа бегалци поради руската инвазија на Украина, изјави портпаролот на УНИЦЕФ Џо Инглиш за Си-Ен-Ен. „Уште 3,3 милиони малолетници во моментов се раселени во земјата“, додаде Инглиш. Најмалку 150 деца се убиени, а 160 се повредени од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари. Русија бомбардираше училиште во Мариупол, Зеленски обвини за воени злосторства Обединетите нации проценуваат дека руската инвазија протерала околу 10 милиони Украинци од нивните домови. Читать дальше...

Мицкоски ги критикува економските политики, СДСМ обвинува за „аздисано“ работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

SlobodnaEvropa.mk 

Високата инфлација која е веќе двоцифрена и тоа за жал директно влијае врз стандардот на граѓаните на нивната куповна моќ, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вториот ден од семинарот „Целите на локалните лидери и употребата на социјалните медиуми” организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Јарл Хјалмарсон од Шведска. „Почнавме со проблемите со тестирањето, потоа последни бевме кои добија вакцини, пред тоа потоа летото ни се случија пожари, молевме да дојдат луѓе бидејќи,... Читать дальше...

Британскиот премиер ја повика Кина да ја осуди руската инвазија

SlobodnaEvropa.mk 

Британскиот премиер Борис Џонсон ја повика Кина да заземе став и да ја осуди руската инвазија на Украина. Во интервју за Сандеј Тајмс на 20 март, Џонсон ја повика Кина, како и другите земји кои не зазедоа став, да им се придружат на западните земји во осудата на руската инвазија. „Како што поминува времето и расте бројот на руски ужаси, мислам дека станува сè потешко и политички непријатно за луѓето активно или пасивно да ја толерираат инвазијата на Путин“, рече Џонсон. Тој оцени дека земјите... Читать дальше...

Кина ги засили корона мерките на североистокот од земјата

SlobodnaEvropa.mk 

Кина објави дека ги зајакнува мерките за затворање во провинцијата Џилин, која граничи со Северна Кореја и Русија, откако  скокна бројот на заразени со корона вирус во таа област. Кина, каде корона вирусот првпат беше откриен кон крајот на 2019 година, во голема мера успеа да ја искорени епидемијата со строги мерки за затворање од почетокот на 2020 година, но видот омикрон предизвика бројни епидемии во земјата во последните месеци. СЗО: Сè уште не е крај на пандемијата Уште еден кинески град... Читать дальше...



Украина ги суспендираше проруските партии во земјата

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави ограничувања на активностите на 11 политички партии во таа земја, вклучително и некои кои се обвинети за врски со руската држава. Во видео-обраќање, Зеленски именуваше неколку партии, вклучително и Опозициската платформа за живот, една од најголемите проруски партии со 44 претставници во украинскиот парламент. Партијата ја предводи Виктор Медведчук, кој има пријателски врски со рускиот претседател Владимир Путин, кумот на ќерката на Медведчук. Читать дальше...

УЈП казни 114 даночни обврзници кои основните производи ги продавале со 5 % ДДВ

SlobodnaEvropa.mk 

Од 611 контроли на територијата на цела држава Управата за јавни приходи констатирала неправилности во спроведувањето на одлуката за ослободување од ДДВ на основните прехранбени продукти, кај 114 даночни обврзници. Во контролите биле опфатени даночни обврзници кои вршат дејност трговија на мало со храна и пијалаци, со месо и производи од месо, со моторни горива, кои дејноста ја вршат преку повеќе деловни единици со поголема продажна површина и остваруват промет во поголем износ. Директорката на УЈП... Читать дальше...

Џаферовиќ ја презема функцијата претседател на Претседателството на БиХ

SlobodnaEvropa.mk 

Бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ денеска ја презема функцијата претседавач, која ќе ја извршува во следните осум месеци. Џаферовиќ ќе ја преземе должноста претседател на Претседателството на БиХ од хрватскиот член Жељко Комшиќ. Џаферовиќ доаѓа на функцијата претседавач по принципот на ротација, кој е дефиниран со Уставот на БиХ и Деловникот за работа на Претседателството на БиХ.

Русија бомбардираше училиште во Мариупол, Зеленски обвини за воени злосторства

SlobodnaEvropa.mk 

Руските сили бомбардираа училиште во Мариупол, кое беше засолниште за околу 400 жители, соопштија властите во опколениот пристанишен град. Засега не е познат бројот на жртвите, а украинските власти изјавија дека зградата е уништена и дека луѓе се затрупани под урнатините.

Северна Кореја повторно лансираше ракети во море

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Кореја повторно лансираше ракети, очигледно користејќи систем за лансирање на повеќе проектили, соопшти јужнокорејската војска, што е најновото во серијата севернокорејски ракетни тестови. Во соопштението на јужнокорејската војска не се наведува дострелот, насоката или типот на лансираното оружје, но се вели дека војската внимателно ја следи ситуацијата. Јужнокорејската новинска агенција Јонхап објави дека Северна Кореја истрелала четири ракети во рок од еден час од провинцијата Јужен... Читать дальше...

Најмалку петмина загинати во најновото гранатирање на Харкив

SlobodnaEvropa.mk 

Властите во источниот украински град Харкив соопштија дека најмалку пет цивили се убиени во најновото руско гранатирање. Регионалната полиција во вториот по големина град во Украина соопшти дека меѓу жртвите во артилерискиот напад во неделата наутро има и деветгодишно момче. Харкив е под опсада на руските сили од почетокот на инвазијата на 24 февруари и е под постојани ракетни напади. Во меѓувреме Украина предупреди на ризик од напад од Белорусија. „Украина гледа висок ризик од напади од... Читать дальше...

Зеленски ја обвини Русија за воени злосторства

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека опсадата на пристанишниот град Мариупол ќе влезе во историјата поради, како што рече, воените злосторства извршени од руските војници. „Да му се направи на овој мирен град она што го направија окупаторите е терор што ќе се памети со векови“, рече Зеленски во видео обраќањето до нацијата. Руските сили навлегле подлабоко во опколениот и оштетен град, а локалните власти бараат дополнителна помош од Западот. Бомбардирано училиште во Мариупол... Читать дальше...

Шестмина загинати откако автомобил влетал на карневал во Белгија

SlobodnaEvropa.mk 

Шест лица загинале, а повеќе од 20 биле повредени кога автомобил влетал во толпа посетители на карневалот кој се одржувал во мало гратче во јужна Белгија. Инцидентот се случил во градот Стрепи-Бракуегнис, на околу 50 километри јужно од Брисел, каде рано утрово се собрале околу 150 луѓе, на годишната фолклорна парада. „Имаме неколку десетици повредени и за жал неколку мртви, изјави градоначалникот Жак Гобер“, пренесува Скај њуз. Надлежните изјавија дека автомобилот дошол од позади со огромна брзина. Читать дальше...

Англија препорача четврта доза анти ковид вакцина за постарите

SlobodnaEvropa.mk 

Четвртата доза од вакцината против коронавирус ќе им биде понудена на милиони луѓе во Англија од понеделник, соопшти денеска службата за јавно здравје. Оваа доза ќе се препорачува за луѓе над 75 години и луѓе со слаба имунолошка заштита над 12 години. Вкупно околу пет милиони луѓе ќе бидат опфатени со препораката за примање на четвртата доза од вакцината, а 600.000 ќе добијат покана оваа недела да ја закажат вакцинацијата, соопшти ја здравствените власти. „По големиот успех на кампањата за вакцинација досега... Читать дальше...

Пекинг: Кина е на вистинската страна на историјата во врска со војната во Украина

SlobodnaEvropa.mk 

„Кина е на вистинската страна на историјата во врска со украинската криза, што ќе го покаже времето, а нејзината позиција е во согласност со желбите на повеќето земји“, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји. „Кина никогаш нема да прифати никаков надворешен притисок или принуда и се спротивставува на какви било неосновани обвинувања и сомневања“, им рече Ванг на новинарите. Коментарите следуваат откако американскиот претседател Џо Бајден на 18 март го предупреди својот кинески... Читать дальше...

Бомбардирано училиште во Мариупол во кое имало околу 400 жители

SlobodnaEvropa.mk 

Градскиот совет на Мариупол објави дека руските сили во саботата бомбардирале училиште во тој пристанишен град, во кое биле засолнети 400 луѓе, пренесе Ројтерс. Официјални лица изјавија дека зградата е уништена и дека луѓето се под урнатините. Во училиштето биле сместени жени, деца и постари лица, соопштија украинските власти. Комуникацијата со опколениот град е тешка, а Ројтерс наведува дека не може самостојно да ги потврди овие наводи. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека... Читать дальше...

Тренчевска - Не се доволни дополнителните по 1000 денари за социјалните случаи

SlobodnaEvropa.mk 

Можеби не е доволна помошта од по 1000 денари за месеците март, април и мај за примателите на гарантирана минимална помош, но намерата на Владата е во период на ковид криза, во период на економска криза да покрие што поголем број на граѓани, вели министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчовска во интервју за РСЕ. Само минатата година имало дополнителни 1000 семејства приматели на минимална помош.

Тренчевска - Ќе има интензивни контроли за исплата на минимална плата

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе бидат зајакнати контролите со исплатата на мартовската плата во април. Особено ќе има контроли во оние фирми кои досега се покажале дека не ги почитуваат работничките права, вели за РСЕ, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Времето денеска сончево и студено

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа засилен ветер претежно од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 4 до 11 степени. Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени. Инаку утрово се забележани минусни температури на Попова Шапка каде во 7 часот се измерени 12 степени под нулата. Како што информира УХМР, минусни температури утрово има во целата земја. Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *