Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Март
2022

Новости за 27.03.2022

Нови 188 заразени со ковид-19 и три починати пациенти

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминативе 24 часа во земјава се евидентирани нови 188 случаи на заразени со ковид - 19 од направени 2.245 тестови. Од вкупниот број на позитивни (188), регистрирани се 25 реинфекции. Во изминатово деноноќие се евидентирани и 119 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 3 починати лица и тоа еден од Скопје на 79 годишна возраст, потоа еден од Куманово на 84 годишна возраст и жител на Прилеп на 88 години. Сите лица се починати во болнички услови. Нови 232 случаи на ковид -19... Читать дальше...

Жени не смеат да се дружат со мажи во забавни паркови во Кабул

SlobodnaEvropa.mk 

Забавните паркови во Авганистан ќе бидат сегрегирани по пол. Ова одлука ја донесе талибанската владата во Кабул која се придржува кон строгиот исламски фундаментализам. Ограничувањето на ваквото мешање во забавните паркови ќе ја продлабочи загриженоста за правата на девојчињата и жените, бидејќи тоа следи по пресвртот во последен момент минатата недела со кој им се забрани на авганистанските девојчиња да се вратат повторно во отворените училишта. Талибанското министерството за спречување на... Читать дальше...

Русија го обвини Азербејџан за кршење на примирјето во Нагорно-Карабах

SlobodnaEvropa.mk 

Руското Министерство за одбрана соопшти дека азербејџанските вооружени сили влегле во зона под полициска контрола на руските мировници во регионот Нагорно-Карабах, со што го прекршиле договорот за прекин на огнот со кој се стави крај шестнеделната војна во 2020 година. Москва ги обвини азербејџанските војници дека користеле дронови од турско производство за да ги нападнат војниците во Нагорно-Карабах, додека руското Министерство за надворешни работи изрази „екстремна загриженост“ поради зголемените тензии во регионот. Читать дальше...

Иран и САД со различни оценки за напредокот во нуклеарниот договор

SlobodnaEvropa.mk 

Американските и иранските власти со различни оценки за напредокот во договорот за олеснување на сакциите кон Техеран со цел ограничување на иранската нуклеарна програма. Техеран сугерираше дека нуклеарниот договор е „неминовен“ додека Вашингтон експресно го оспори таквиот став. Спротивставените јавни оценки за преговорите навестуваат и можни спорови во тековните преговори на кои се очекува да биде тргната од црната листа Ислмската револуционерна гарда. „Да, тоа е неизбежно. Тоа зависи од политичкиот поглед на Соединетите Држави“... Читать дальше...

Обновувањето на иранскиот нуклеарен договор во „фотофиниш“

SlobodnaEvropa.mk 

Претставникот на Европската Унија во разговорите за обновување на иранскиот нуклеарен договор Енрике Мора денеска пристигнува во Техеран со цел да се премостат преостанатите разлики меѓу Иран, САД и другите светски сили кои го потпишаа првичниот договор. Мора кој ги координираше индиректните разговори меѓу Иран и Соединетите држави на разговорите во Виена, пред неговото патување во Техеран рече дека влогот е голем. „Работиме на затворање на преостанатите празнини во таканаречените „Виена разговори“. Читать дальше...

Сали - Финансираме примарно и секундарно здравство, а нивната услуга ја врши терцијарното

SlobodnaEvropa.mk 

Неправедната распределба на услугите, а праведната распределба на финансирање го предизвикува тој внатрешен хаос во финансии и давање услуги на болниците и клиниките. Ние постојано имаме бегање на долгови од терцијарно во секундарно, од секундарно во терцијарно, за да го средиме сето тоа мораме да почнеме од темел, вели министерот за здравство, Беким Сали во интервју за РСЕ. Тој зборува и за недостигот на кадар и за немањето термини за прегледи.

Сали - За прегледи се чека оти нема специјалисти

SlobodnaEvropa.mk 

Поради недостиг на кадар термините се пролонгираат затоа што имаме само еден специјалист или пак фали анестезиолог за некоја услуга. Ние сме држава со недостиг на кадар за анестезиологија и поради тоа се натрупува листата за чекање на Клинички центар, вели министерот за здравство Беким Сали.

Денеска сончево и топло, утре дожд

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска се очекува да биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност во западните делови. Наутро по котлините ќе има услови за појава на слаба магла. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе се движи од -3 до 4, а максималната од 17 до 23 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до еден, а максималната ќе достигне 22 степена. Утре ќе биде значително облачно со врнежи од дожд, претежно во западните делови. Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *