Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Апрель
2022

Новости за 02.04.2022

Петков - Руските агенти работеле против добрососедските односи на Бугарија и Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Агентите што беа откриени како руски шпиони во бугарската Државна агенција „Национална безбедност“ (ДАНС), работеле против добрососедските односи на Бугарија со Северна Македонија и со Западниот Балкан, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за софиски „24 Часа“. „Тука треба сите да се замислиме зошто руската држава инвестирала средства преку нејзината шпионска мрежа за таа цел“, вели Петков. Пендаровски: Tреба да му се верува на Петков за руските агенти кои работеле против Скопје и Софија Според него... Читать дальше...

Нови 300 случаи на коронавирус, еден починат

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатите 24 часа се регистрирани 300 нови случаи на коронавирус во Македонија, а едно лице починало. Направени биле 2493 тестови, информира Министерството за здравство. Од утре во школо без маски, во кафеани без сертификати Најмногу нови случаи има во Скопје - 180, во Битола има 19, Охрид 16, Прилеп и Кавадарци по 13, Струмица 9, Куманово, Велес, Гостивар, Гевгелија и Ресен по 5, Кичево и Делчево по 4, Тетово и Струга по 3, Штип и Кочани по 2, и во Неготино, Свети Николе, Дебар, Валандово... Читать дальше...

Лемур и лама се родија во скопската Зоолошка градина

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска во Зоолошка градина Скопје се родило лемурче, а вчера лама, соопштија денеска од скопската зоолошка. „Прстеноопашестите лемури од Мадагаскар се загрозен вид и ретко се множат во зоолошките градини, но во Скопје имаме благослов секоја година да ни се раѓаат по неколку лемурчиња. Да ни е живо и здраво бебето“, напишаа од Зоолошка градина Скопје на нивниот фејсбук-профил. Пронајдено лавчето кое се изгуби во Будва Вчера соопштија дека добиле подмадок и кај ламите. Пред десетина дена... Читать дальше...

Почина професор Ѓорѓи Марјановиќ

SlobodnaEvropa.mk 

На 82-годишна возраст денеска во Скопје почина професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, Ѓорѓи Марјановиќ. „Со неговата смрт загубивме драг и почитуван колега, доајен на казненото право и автор на бројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач, одличен педагог, посветен наставник и истражувач и особено ценет пријател“, се наведува во соопштението од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Марјановиќ е роден во 1939 година, дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1962... Читать дальше...

Временска прогноза - Облачно и врнежливо

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во крајните западни и крајните источни делови. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува силен југозападен ветер. Кон крајот на денот поради заладување на планините врнежите ќе преминат во снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува силен југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени. Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *