Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Апрель
2022

Новости за 03.04.2022

Tалибанците забраниja одгледување опиумски афион

SlobodnaEvropa.mk 

Авганистанската влада предводена од талибанците забрани одгледување афион, кој се користи за производство на опиум и други дроги. Во наредбата објавена денеска талибанците наведуваат дека посевите со афион ќе бидат запалени, а земјоделците ќе се соочат со казни според шеријатскиот закон. Декретот беше прочитан на собирот на новинари во Кабул од страна на портпаролот на талибанците Забихула Муџахид. Со наредбата исто така се забранува производство, употреба или транспорт на други наркотици.... Читать дальше...

Бориславова - Бугарија нема да плаќа за рускиот гас во рубљи и нема да биде уценувана

SlobodnaEvropa.mk 

Шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер, Лена Бориславова за БТВ изјави дека ставот на Бугарија и на цела Европа е јасна и дека нема да подлегне на уцената и нема да ги прекрши потпишаните договори во кои јасно се наведува дека исплатата на рускиот гас не е во руски рубљи, туку во друга валута. Бугарскиот министер за енергетика Александар Николов изјави за БНТ дека Бугарија добила барање од Газпром снабдувањето со гас да се плаќа во руски рубљи. Тој наведе дека тоа не може да се случи и оти ЕУ нема да потклекне на уцена. Читать дальше...

Софтверски проблем ги запре возовите ширум Холандија

SlobodnaEvropa.mk 

Возовите со кои управува националната железничка мрежа денеска се запрени ширум Холандија, поради, како што објави операторот, технички проблеми. Железничкиот оператор НС соопшти дека е идентификуван проблем во софтверскиот систем и дека тој не е предизвикан од хакерски напад. Возовите ќе бидат запрени до 17 часот до кога ќе се работи на решавање на проблемите. Железничкиот сообраќај и денеска во прекин поради штрајк Регионалните возови кои ги управуваат други оператори и понатаму сообраќаат.

Нови 196 случаи на заразени со ковид-19 и еден починат

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа регистрирани се 196 нови случаи на ковид-19 од направени се 2.067 тестови, соопшти Министерството за здравство. Повеќе од половина од новите случаи се регистрирани во Скопје –105, потоа следуваат Битола – 30, Прилеп – 13, Охрид - 11, Куманово - 7, Штип и Виница - по 4, Велес, Кичево, Струга и Гевгелија - по 3, Кавадарци, Струмица и Ресен - по 2, Гостивар, Кочани, Неготино и Свети Николе - по 1. Од вкупниот број на позитивни (196), регистрирани се 38 реинфекции. Регистрирани сe 23 оздравени пациенти. Читать дальше...

Регистрирани инциденти на изборите во Србија

SlobodnaEvropa.mk 

До 14 часот на изборите во Србија излезност е 31,56 отсто, соопшти тамошната Изборна комисија. Претседателот на Републичката изборна комисија (РИК) на прес-конференција рече дека гласањето тече во демократска и фер атмосфера и дека не се регистрирани поголеми проблеми. Во Србија граѓаните од 07 до 20 часот гласаат на претседателските избори, предвремените парламентарни избори и избори за Собранието на Белград и уште 13 градови и општини. За околу 100.000 гласачи од Косово гласањето на изборите... Читать дальше...

Во Зоолошка градина Скопје се роди бебе двогрба камила

SlobodnaEvropa.mk 

Од Зоолошка градина Скопје денеска на нивниот фејсбук-профил соопштија дека се родило бебе – двогрба камила. „За првпат имаме бебе од видот двогрба камила (Бактријан) кое се роди пред една недела. Малиот Буби одлично напредува, постојано е со неговата мајка Мираи, а со таткото Карлос во надворешното живеалиште ќе бидат заедно за околу една недела“, наведоа од Зоолошка градина Скопје. Лемур и лама се родија во скопската Зоолошка градина Во текот на изминатата недела во Зоолошката градина се родија и лама и лемур. Читать дальше...

Избори за зацврстување на моќта на Вучиќ во Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Во Србија денеска се одржуваат претседателски, парламентари и локални избори во Белград и уште 11 општини. Според анкетите, се очекува убедлива победа на претседателот Александар Вучиќ и на неговата Српска напредна странка.

Тицињски - Полска сака преговорите со ЕУ да ги почнете уште утре

SlobodnaEvropa.mk 

Ние би сакале да ве примиме и вашата земја да ги отпочне преговорите со ЕУ уште утре. Сите ние заедно со вас чекаме на новата позиција на Бугарија. Бугарскиот премиер во последниве денови даде позитивни сигнали за можно решение, вели полскиот амбасадор Војциех Тицињски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *