Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Апрель
2022

Новости за 15.04.2022

Општина Центар ќе иницира расчистување на земјиштето кај Треска

SlobodnaEvropa.mk 

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски најавува дека ќе иницира итно расчистување на теренот во поранешната фабрика „Треска“. Тој во изјава за медиумите соопшти дека веќе разговарал со вработените во општината за да се испита какви материјали има на тој терен и колку тие се штетни за граѓаните. „Мојата информација е дека во „Треска“ има 35.000 до 40.000 метри квадратни азбестен кров. Во вчерашниот пожар беше зафатен и кровот, а и денеска сѐ уште паѓаат азбестните плочи. Искрено, јас после долго време... Читать дальше...

Османи утре ќе ја пречека бугарската делегација предводена од премиерот Петков

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе ја предводи делегацијата што утре ќе ја пречека владината делегација од Република Бугарија на чело со премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, соопшти Министерството за надворешни работи. Освен Османи од македонска страна ќе бидат и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на МЕПСО, Орхан Муртезани. Утре во 15:30 часот двете делегации ќе го посетат далноводот кој тргнува од „Битола 2“ и... Читать дальше...

Курти повика Белград да ги осуди нападите врз косовската полиција

SlobodnaEvropa.mk 

Нападите што последните три дена се случија врз косовските полицајци во близина на границата со Србија во северно Косово биле изведени од српска територија, изјави косовскиот премиер Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина. Во реакцијата преку неговата официјална страница на Твитер, Курти наведе дека извори на неговата влада потврдиле дека нападите, во кои е употребено и огнено оружје, се извршени од другата страна на границата со Србија. Тој го повика официјален Белград да ги осуди, како што ги нарече... Читать дальше...

ЈО - Се замрзнува имот во предметот „Империја“

SlobodnaEvropa.mk 

Привремено се замрзнува имот во случајот „Империја“, соопшти Јавното обвинителство(ЈО). Станува збор за удели во Дивелоп Груп, Ексико, Бест веј инвестмент, Бизнис проперти инвестмент... Обвинителството соопшти дека во рамките на истражната постапка во предметот „Империја“ценејќи дека се исполнети законските претпоставки за привремено одземање на имотот, до Основниот кривичен суд Скопје доставило шест барања за определување на привремена мерка забрана за оттуѓување и располагање со недвижен имот. Читать дальше...

Ќе се вратат ли учениците во школските клупи од понеделник?

SlobodnaEvropa.mk 

До крајот на викендот Синдикатот на вработените во образованието, науката и културата (СОНК) треба да одлучи за главното барање од Владата, за ставање на штрајкот во мирување. СОНК од понеделникот штрајкува во школите и градинките со барање за зголемување на платите и нивно усогласување со минималната плата, која од мартовската плата, изнесува 18 илјади денари. Претседателот на СОНК Јаким Неделков по средбата во Владата рече дека Советот на СОНК не добил конкретен предлог за покачување на платите... Читать дальше...

Камчев ги бара парите од рекетот, ја повлече тужбата против Кичеец

SlobodnaEvropa.mk 

Бизнисменот Јордан (Орце) Камчев ги тужи поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и шоуменот и неформален сопственик на 1ТВ Бојан Јовановски – Боки-13 дека му земале 1.5 милиони евра, пари кои тој ги дал, според пресудата во случајот „Рекет“. Парите од домот на Камчев ги изнесува Зоран Милески -Кичеец, но Камчев денеска ја повлече тужбата за него. Денеска во Граѓанскиот суд од затвор беа донесени Јанева и Боки-13, кои отслужуваат казна за „Рекет“. И двајцата го отфрлаат обвинението од Кмачев. Читать дальше...

Амбасада на Русија: Протерувањето на руски дипломати од Скопје е непријателски чекор

SlobodnaEvropa.mk 

Непријателски чекор кој ќе има сериозно влијание врз односните меѓу Русија и Северна Македонија, вака Руската Амбасада во Скопје реагира на протерувањето на дополнителни шест руски дипломати од страна на Северна Македонија. „Без да се најави реакцијата на руската страна на овој непријателски чекор, истакнуваме дека неговите последици ќе имаат сериозно влијание врз односите меѓу Русија и Северна Македонија. Посебно сакаме да нагласиме дека обвинувањата се целосно неосновани“, наведува руската Амбасада на својата официјална Фејсбук страница. Читать дальше...

Нови 96 случаи на коронавирус, еден починат

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатото деноноќие се регистрирани 96 нови случаи на коронавирус во Македонија, а едно лице починало, соопшти Министерството за здравство. Направени биле 1.688 тестови Најмногу нови случаи има во Скопје – 55, потоа следуваат Битола со 17, Штип 4, Прилеп и Кавадарци по 3, Велес, Гостивар и Струмица по 2, и Куманово, Тетово, Охрид, Кичево, Неготино, Ресен, Радовиш и Берово со по еден нов случај. Се намалува бројот на заразени, хоспитализирани и починати од ковид-19 Од вкупниот број на позитивни (96), регистрирани се 14 реинфекции. Читать дальше...



Протест за повисоки откупни цели на производителите на зелка од струмичко

SlobodnaEvropa.mk 

Производители на пролетна зелка денеска со протест со трактори по улиците на Струмица и со едночасовна блокада на крстосницата кај ТЦ „Глобал“ го искажаа своето незадоволство од ниските откупни цени. Тие бараат зелката да не се откупува под 30 денари за килограм и побараа итна средба со министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и Инспекторатот за земјоделство. Како што кажаа на протестот, договореното од последната средба со откупувачите и Инспекторатот за земјоделство, зелката да се откупува... Читать дальше...

Протест против пресудата за сообраќајката кај „Сити Мол“, судот вели пресудата е според закон

SlobodnaEvropa.mk 

Членови на семејството на Викторија Николова, младата девојка која во јануари годинава загина во сообраќајната несреќа кај „Сити мол“, денеска организираа протест пред Кривичниот суд – Скопје против судската одлука во која возачот Јордан Ѓорѓиев, беше осуден на казна затвор од три години. Дел од овој протест беа и пријатели и другари на загинатата Викторија, кои носеа транспаренти со пораки преку кои го изразија своето незадоволство од пресудата. Тие ја сметаат пресудата за прениска и неправедна. Читать дальше...

Руска пропаганда непречено се шири во македонскиот етер

SlobodnaEvropa.mk 

Две руски телевии се исклучени од македонскиот етер, но руската пропаганда се шири преку српски телевизии. Македонски Телеком, кој пренесува српски телевизиски канали во Македонија, вели дека се води од комерцијални интереси, но, зошто не реагираат членовите на управниот одбор кои се од редовите на власта?

Бугарско МНР: Ја информиравме Македонија дека нивните предлози се неприфатливи

SlobodnaEvropa.mk 

За време на состанок во февруари, Бугарија ја информираше Република Северна Македонија дека нивните предлози не се прифатливи и дека разговорите треба да продолжат, се наведува во одговорот на бугарското Министерството за надворешни работи доставен до БГНЕС, во врска со вчерашната изјава на шефот на дипломатијата Бујар Османи дека постои документ што е одобрен од македонска страна и се чека одговор од властите во Софија. Османи – Има документ кој е прифатлив за нас, но се уште немаме договор... Читать дальше...

Од недела пообилни врнежи, засилен ветер и заладување

SlobodnaEvropa.mk 

Под влијание на влажна и студена воздушна маса в недела и понеделник времето во земјава ќе биде облачно, ветровито и значително постудено, со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи од над 20 литри на квадратен метар ќе има в недела, особено во јужните и источните делови и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневните температури ќе се намалат за повеќе од 10 степени, а од вторник на места ќе има утрински температури и под нула.

Штрајкот во „Пошта“ ставен во мирување до 27 април

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот штрајк во националната „Пошта“, што почна вчера, е ставен во мирување до 27-ми месецов, до кога треба да биде потпишана спогодба со Управниот одбор за да се исполни ветувањето за линеарно зголемување на платите на вработените за 3.000 денари, информираа денеска синдикалните организации. Тие најавија дека работниот процес ќе се одвива непречено во сите поштенски единици. Вработените во Пошта почнаа штрајк, па добија ветување за поголеми плати Вработените во технолошкиот процес... Читать дальше...

Владини реклами некогаш беа медиумска корупција, а сега кампања од јавен интерес

SlobodnaEvropa.mk 

Укинувањето на забраната за владиното рекламирање во приватните медиуми не е решение за исклучително тешката економска ситуација во која тие се наоѓаат, сметаат еснафските новинарски и медиумски организации. Последиците од тоа се познати - создавање на мрежа корумпирани медиуми

Косовската полиција нападната со рачна бомба и калашников близу границата со Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља информира дека две возила на косовската полиција, кои превезувале полициски службеници на граничните премини со Србија во северно Косово, се нападнати утрово со огнено оружје. На вонредна прес–конференција претпладнево, Свечља рече дека нападот, кој го оквалификува како терористички, бил извршен со рачна бомба и со калашников. Напад со бомба врз пункт на полицијата и царината на преминот Јариње во Косово „Утрово околу седум часот и 40... Читать дальше...

Се укинува месечната казна од 100 евра за невакцинираните Грци над 60-годишна возраст

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓаните во Грција кои се над 60-годишна возраст и не се вакцинирани, од денеска нема да биде потребно да плаќаат месечна административна казна од 100 евра што беше воведена пред три месеци, со оглед на тоа што привремено се укинува конкретната одлука на Владата. Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис минатиот месец соопшти дека од 15 април привремено ќе се укине казната од 100 евра, а мерката одново ќе се разгледа во септември. Една година вакцинација, половина свет вакциниран ... Читать дальше...

Најмалку 152 Палестинци повредени во судирите пред џамијата Ал Акса во Ерусалим

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 152 Палестинци се повредени во судирите со израелската полиција во комплексот на џамијата Ал Акса во Ерусалим, соопшти палестинската Црвена полумесечница, две недели по почетокот на светиот месец Рамазан. Локацијата, која е свето место и за Муслиманите и за Евреите, често беше епицентар на израелско-палестинските немири, а тензиите веќе беа зголемени поради последниот бран насилства. Израелската полиција соопшти дека стотици Палестинци, по утринската рамазанска молитва, фрлале петарди... Читать дальше...

Ликовни предизвици за 15 април - Светскиот ден на уметноста

SlobodnaEvropa.mk 

„Лирски експресии“ на Владимир Величковски во КСП Центар Јадро, „Поместени граници“ на ДЛУМ во дворот на Министерството за култура, „Квадратна божественост“ на Валентина Илиевска во Галерија „Ко-Ра“... се само некои од најавените домашни изложби за 15 април – Светскиот ден на уметноста.

Радев: Бугарија очекува Северна Македонија да ги почитува правата на своите граѓани

SlobodnaEvropa.mk 

Евроинтеграцијата на земјите од Западниот Балкан беше главна тема на телефонскиот разговор на претседателот на Бугарија Румен Радев со неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмајер, соопшти Прес-службата на шефот на бугарската држава. Во разговорот Радев посочил дека во интерес на стабилноста на обединета Европа е секоја земја кандидат за членство во ЕУ да ги почитува европските вредности поврзани со правата на своите граѓани, при што нагласил дека Бугарија очекува категорични резултати од Република Северна Македонија по ова прашање... Читать дальше...

Времето денеска: сончево со мала облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе биде од 18 до 25 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 24 степени.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *