Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Апрель
2022

Новости за 30.04.2022

Споменик висок 20 метри посветен на борците на ОНА е изграден во Слупчане

SlobodnaEvropa.mk 

Спомен кулата во чест на борците на „ОНА“ што се гради во липковското село Слупчане на 2 мај ќе биде свечено откриена, напиша на својот официјален профил на Фејсбук градоначалникот на општина Липково  од ДУИ Еркан Арифи. Тој објави видео на кој се гледа кулата висока 20 метри. Дел од медиумите јавуваат дека за него од општинскиот буџет се потрошени 200 илјади евра. „За тоа што мачениците го дадоа за нашата слобода, ние ја поставивме Спомен кулата за да го одбележиме нивното херојско дело за цел живот“, напиша Арифи. Читать дальше...

Маричиќ- Менувањето на Уставот не треба да е предуслов за преговори со ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Сакаме документ со јасно исцртани обврски за Северна Македонија и Бугарија, за да немаме нови барања кога сегашните ќе се решат, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за тв емисијата „360 степени“.  „За промената на Уставот јасно кажавме дека содржински немаме проблем која било заедница да е вградена во Уставот, но сметаме дека пред почетокот на преговорите со ЕУ тоа не е ни корисно, а ни возможно. Не сметаме дека менувањето на Уставот треба да е предуслов за почеток на преговорите... Читать дальше...

Туркменистанскиот лидер повикува на дебата за името на новиот град

SlobodnaEvropa.mk 

Новиот претседател на Туркменистан повика на јавна дискусија за именување на нов град во провинцијата Ахал надвор од главниот град за кој новиот претседател на земјата вели дека е „при крај“. Туркменистанскиот претседател Сердар Бердимухамедов при посета на локацијата на идниот град ја истакна потребата од национална дискусија за оваа тема. Многумина во централноазиската авторитарна нација очекуваат дека градот ќе го носи името на неговиот татко и наследник, Гурбангули Бердимухамедов. Расте... Читать дальше...

Владата дала 150 милиони евра помалку од предвиденото за справувањето со економските последици од ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Отсуство на интегриран систем на евиденција за реализацијата на дадената финансиска поддршка, намалена транспарентност и отчетност во спроведувањето на економските мерки, неможност да се следат целосно ефектите за ефикасно заздравување на домашната економија. Ова се клучните недостатоци кои ги утврдил државниот ревизор при мониторингот и ефикасноста на економските владини мерки наменети за справување со економските последици од пандемијата со ковид-19. Со прогласувањето на вонредната состојба и се до нејзино завршување... Читать дальше...

Самоубиствен бомбашки напад врз џамија во Кабул

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 10 луѓе загинале во самоубиствениот бомбашки напад врз џамијата Калифа Сахиб во Кабул. Експлозијата, наводно, се случила за време на собранието познато како Зикр, чин на религиозно сеќавање што се смета за еретички од некои тврдокорни сунитски групи. „Црн чад се крена и се рашири насекаде, мртви тела имаше насекаде“, изјави водачот на џамијата Саид Фазил Ага за Ројтерс. Ага рече дека експлозијата во сунитската џамија во областа Дарул Аман во авганистанската престолнина одекнала откако... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ- Владата го крши законот за мирно решавање спорови

SlobodnaEvropa.mk 

Опозициската ВМРО- ДПМНЕ обвинува дека Владата го крши законот за мирно решавање спорови и го стават Синидкатот за образование во подредена положба и со тоа ги деградира и понижува наставниците. До оваа реакција дојде откако СОНК објави дека од министерството за труд и социјална политика добиле известивање за мирно решавање на спорот со Владата со што треба да се прекине штрајкот.  Во соопштението на ВМРО- ДПМНЕ е наведено дека медијаторот во спорот е вработен во кабинетот на министерската за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Читать дальше...

Над илјада текстилни работнички земале плата помала од минималната

SlobodnaEvropa.mk 

Над илјада текстилни работнички поднеле пријави преки невладината организација „Гласен текстилец“ дека земале помала плата од минималната со закон утврдена 18 илјади денари. Станува збор за седум текстилни компании од источниот регион кои на вработените им испплатиле помала плата, вели претседателката на невладината Кристина Ампева. Таа објаснува дека на нивните трансакциски сметки легнале плати во износ од 16 илјади денари. Таа додава дека овие податоци се собрани само за изминативе пет дена.  ... Читать дальше...

Продолжениот празничен викенд со малку сонце и малку дожд

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска не очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд.  Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. ПрУтринската температура ќе биде во интервал од 2 до 11°C, а дневната ќе се движи од 12 до 20°C. Протести наместо скара на Први мај Времето во недела на први мај ќе биде променливо облачно, а како и вообичаено за овој ден ќе врне и дожд. Слично време не очекува и во понеделник кој поради меѓународниот ден на трудот е неработен ден во земјава.

Рускиот гас може да секне, на алтернативи уште се чека

SlobodnaEvropa.mk 

Единствениот гас што се користи во земјава е руски. Алтернативите засега се на хартија. Се планира гасоводно поврзување со Грција и инвестиции во гасна централа и постројка за гасификација на течен природен гас во Александрополис, во кои Македонија треба да има удел. Тендерот за изградба на гасниот интерконектор со Грција ќе се објави во јуни, а во рок од 18 до 20 месеци треба да биде завршено гасното поврзување со Грција, преку која Македонија ќе добие пристап и до азербејџански гас.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *