Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июль
2023

Новости за 01.07.2023

Српските граѓани предале 108 883 парчиња оружје и експлозивни направи

SlobodnaEvropa.mk 

Од почетокот на кампањата за предавање на нелегалното оружје во Србија, предадени се 108 883 парчиња оружје и мини-експлозивни направи, изјави Бојана Отовиќ Пјановиќ од Службата за сузбивање криминал при Управата за криминалистичка полиција, објави РТС. „Во тој број се 82 398 парчиња оружје. Тука спаѓаат легално и нелегално оружје што останало во семејните домаќинства по смртта на сопственикот и 26 485 парчиња мини и експлозивни направи“, информира Отовиќ Пјановиќ.  Таа посочи дека се предадени... Читать дальше...

Шмит ги поништи антидејтонските закони на Собранието на РС и го измени Кривичниот законик на БиХ

SlobodnaEvropa.mk 

Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, ги поништи антидејтонските закони донесени од Националното собрание на ентитетот Република Српска во врска со необјавувањето на одлуките на високиот претставник и непримената на одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина. Шмит донесе и одлука за измена на Кривичниот законик на БиХ со што дејствијата што го нарушуваат уставниот поредок ќе се третираат како кривично дело. Народното собрание на ентитетот... Читать дальше...

Бесими: Тие со милионски суми имаат поинтересни бизниси од граѓанските обврзници

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека издавањето на граѓанските обврзници е транспарентен процес од кој не очекува злоупотреби поврзани со перење пари. „Направени се повеќе анализи. Тие кои вршат перење пари си имаат свои канали. Ова е толку транспарентно. Тие кои имаат милионски суми, имаат други поинтересни бизниси, каде што ќе заработат повеќе“, рече денеска Бесими, одговарајќи на новинарско прашање. Тој повтори дека процедурата за граѓански обврзници е многу едноставна и оти граѓаните... Читать дальше...

Османи: Ќе разговараме со луѓе во ВМРО-ДПМНЕ кои ги поддржуваат уставните измени

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека предложените уставни измени ќе бидат доставени до Собранието откако ќе се исцрпат сите можности овој процес да биде консензуален, како и дека во меѓувреме ќе работат со, како што вели, идеолошката линија во ВМРО-ДПМНЕ која ги сфаќа последиците од изолирање на земјата.  „Се исцрпуваат веќе полека можностите со ВМРО-ДПМНЕ, но не се целосно исцрпени. Се уште има надеж дека таму има доволно разум кои ги сфаќаат овие ситуации, го сфаќаат моментот... Читать дальше...

Телескопот Еуклид ќе ги истражува темната материја и темната енергија во универзумот

SlobodnaEvropa.mk 

Од космодромот Кејп Канаверал во Флорида, денеска со ракета Фалкон 9 на компанијата Спејс Икс треба да биде испратен во вселената европскиот вселенски телескоп Еуклид кој ќе ги истражува двете големи мистерии на универзумот - темната материја и темната енергија. Тие два елемента, теоријски и невидливи, сочинуваат 95 отсто од универзумот, но речиси ништо не се знае за нивната природа. Вселенскиот брод што ќе ја го понесе Еуклид треба да полета во 15:11 часот по средноевропско време.  Се верува дека темната материја објаснува зошто... Читать дальше...

Над илјада уапсени во немирите во Франција

SlobodnaEvropa.mk 

Околу 45 000 полицајци, неколку оклопни возила и хеликоптери биле ангажирани во задушувањето на протестите ширум Франција. Најдраматично синоќа било во Марсеј, Париз, Лион, Стразбур и Тулуз. Запалени се згради, возила, ограбени продавници. Досега се уапсени над 1.100 лица.

Од денеска без ограничени маржи, основните производи по пазарни цени

SlobodnaEvropa.mk 

Од денеска веќе не е во сила Одлуката за ограничување на трговските маржи со која беа опфатени белиот леб, шеќерот, сончогледово масло, брашното од пченица, тип 400 и тип 500, макароните и шпагетите, оризот, трајното кравјо млеко, јајцата, урдата, сирењето, кашкавалот, киселото млеко, павлаката и јогуртот.  Цените на овие основни производи ќе се утврдуваат според пазарните услови.  Од Министерството за економија велат дека состојбата се следи и дека засега домашните цени се стабилизирани. „Со... Читать дальше...

Претпладне сончево, попладне пороен дожд

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала доумерена облачност. Попладне и во вечерните часови на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 33 степени, јавуваат од УХМР. Во Скопје сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Читать дальше...

Куќен притвор за Тодоровиќ, 30-дневен за Здравев за злоупотреби со спомениците од „Скопје 2014“

SlobodnaEvropa.mk 

Судија на претходна постапка му одреди куќен притвор на поранешниот градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, кој е еден од осомничените во случајот „Феникс“ за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“. Поранешниот претседавач на општинскиот совет Владимир Здравев, пак, доби притвор од 30 дена, како и осомничените Игор Секуловски и Љупчо Бакев. Куќен притвор му е одреден и на Тодор Делјановски, а едно лице е во бегство... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *