Владата и ССМ потпишаа, од септември, повисоки плати за административците
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и претседателот на Сојузот на синдикати Слободан Трендафилов потпишаа Општ колективен договор за јавниот сектор. Со Договорот вработените во јавната администрација од септември ќе добијат за 10 проценти повисоки плати и за првпат регрес на годишен одмор или К-15 во висина од 10 илјади денари. Спогодбата предвидува од март 2025 година, платите во јавниот сектор да се зголемуваат врз основа на просечната плата, плус коефициентите како бруто основа. Читать дальше...