Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июль
2023

Новости за 05.07.2023

Министерот за здравство ветил трикафта за најмалку 42 пациенти со цистична фиброза

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство Фатмир Меџити на претставниците на Асоцијацијата за цистична фиброза им ветил дека за најмалку 42 пациенти со оваа болест ќе биде обезбеден лекот „трикафта“ до крајот на годината. Министерот и претставници на асоцијацијата на 5 јули имаат средба во Министерството. Цистичната фиброза е генетска болест која ја имаат околу 130 луѓе во земјава. Тешко ги напаѓа белите дробови и панкреасот, и напредува како што минуваат годините. Затоа пациентите се млади, а нивниот животен век краток. Читать дальше...

Владата ги спои концесиите за рудник во Иловица, активистите порачувааат - рудник нема да има

SlobodnaEvropa.mk 

Владата одлучи да ги спои двете концесиите за експлоатација на бакар и злато за рудникот Иловица во струмичко. Тоа предизвика реакции од активистите за животна средина кои се противат во тој земјоделски крај да се отвораат рудници. Власта смирува дека нема да дадат дозвола за отворање на рудник во Иловица без предходна консултација и одобрение од локалното население За планираниот рудник во село Иловица, Владата претходно имаше склучено два одделни договори за концесии, во 2012 и во 2016 година. Читать дальше...

Гир - ЕУ испраќа оценска мисија за Судскиот совет

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија (ЕУ) испраќа оценска мисија во Северна Македонија за работата на Судскиот совет, најави евроамбасадорот Дејвид Гир. Најавата доаѓа по низата скандали и превирања изминатите неколку месеци. Евроамбасадорот во интервју за Топ тема на ТВ Телма рече дека тоа веќе и е предложено на Владата и се надева дека ќе се реализира најбрзо што може, бидејќи, како што вели, работата на Судскиот совет мора да се поправи. „Мислам дека турбуленции е вистинскиот збор за тоа. Го следиме тоа одблиску со голема загриженост. Читать дальше...

Правна битка меѓу министерот Лога и Уставен за графата националност во изводите

SlobodnaEvropa.mk 

Уставниот суд донесе времена мерка со која го стопира упатството за издавање на лични документи со графата за етничка припадност. Веднаш по оваа одлука Министерот за правда најави дека ќе донесе ново упатство, без да ја смени содржината, со кое правно ќе ја негира одлуката на Уставниот суд.

Државата ги „опари“ партиите

SlobodnaEvropa.mk 

Политичките партии ги добија парите од државниот буџет. Најмногу земаа три најголеми партии кои освоија и најмногу гласови на последните избори, ВМРО ДПМНЕ – 1. 491. 000 евра, СДСМ - 1. 323.000 евра и ДУИ – 677.800 евра. Законот со кој им следува 0,10% од годишниот буџет нема да се менува.

Приказни за Скопје кои ги нема на интернет - прошетка со странски туристи

SlobodnaEvropa.mk 

Некогашниот професор по географија, а сегашен туристички водич, Зоран Ставревски, секојдневно им раскажува на туристите за Скопје и за македонската историја. Тоа се нуди да го прави бесплатно, а оние кои го ценат неговиот ангажман се заблагодаруваат со башкиш. Вели дека бројот на туристите од година во година расте, но и дека мора да се најде интересен пристап за да се задржи вниманието. РСЕ беше дел од туристичка тура низ Скопје.

Курти не ги исполнува барањата на САД и ЕУ за смирување на кризата на Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот Стејт департмент бара од Владата на Косово да ги исполни барањата на САД и меѓународните партнери за деескалација на ситуацијата на северот, се вели во соопштението на оваа институција за Радио Слободна Европа (РСЕ) на 4 јули. Тие барања, се додава, го вклучуваат и предлогот од Европската унија (ЕУ) за решавање на кризата во три точки. Додека секојдневно пристигнуваат повици за „итна деескалација“ на ситуацијата на северот на Косово, политичкиот аналитичар Имер Мушколај од Приштина... Читать дальше...

Премиерката на Естонија: Ако сакаме мир, членството во НАТО е единствена гаранција

SlobodnaEvropa.mk 

Членството во НАТО е единствената и најевтина безбедносна гаранција, оценува во интервјуто за Радио Слободна Европа, премиерката на Естонија, Каја Калас. Таа зборува и за очекувањата од престојниот самит на НАТО, кој ќе се одржи идната недела во Вилнус, Литванија.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *