Со нож прободен началникот на Полициската станица во Струга
Жител на струшкото село Велешта со нож го прободел началникот на Полициската станица во Струга. Напаѓачот бил 44-годишен, кој бил приведен по нападот на началникот, потврдил за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Нападот се случил околу 17:30 часот, а напаѓачот С.Н. бил приведен од полициајта околу два часа подоцна. Началникот А.Д. бил пренесен во Општата болница во Струга каде му се констатирани тешки телесни повреди. Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава... Читать дальше...