Јанакиески за „Топлик“ доби три и пол години затвор
На казна затвор од три и пол години е осуден поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески за предметот „Топлик”, кој се однесува на изградбата на „Сончев град“. Освен Јанакиески, за случајот се осудени уште пет лица од Министерството, кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања.
Тие се осудени за злоупотреба на службената положба и овластувања. Во случајот на три години затвор е осуден Томе Ѓурчилов, а обвинети Димитар Димовски, Марица Тасева, Димитар Гачев и Веса Томчевска, добија условна казна од две години. Осудените треба да ја надоместат и причинетата штета.
Јанакиески осуден на две години условно во предметот за кинеските автобуси
Предметот, кој беше отворен од поранешното Специјално јавно обвинителство се однесува на продажба на градежно земјиште за изградба на населбата Сончев Град во Сопиште.
Пресуди за „Титаник“ - Јанакиески осуден на четри и пол години затвор, Јанкулоска на две и пол
Јанакиески е осуден или во тек се судење за уште неколку случаи кои ги отвори поранешното СЈО за злоупотреба на службена положба додека бил на функција