По подолго време нема починати од ковид, регистрирани 236 нови случаи
Во последните 24 часа регистрирани се 236 нови случаи на ковид-19 од направени 2.212 тестови, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни (236), регистрирани се 38 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, не се регистрирани нови починати лица.
Вкупно 41 случај на новозаразени со ковид-19 и три починати лица
Повеќе од половина од новозаразените со ковид се регистрирани во Скопје – 125, потоа следат Битола – 29, Кавадраци – 12, Прилеп и Гевгелија – по 10, Охрид – 9, Ресен – 7, Кичево – 6, Куманово – 5, Струмица – 4, Велес – 3, Гостивар ,Штип, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 2, Тетово Кочани, Берово, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 252 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 306.947, бројот на оздравени пациенти е 296.166, на починати е 9.231, а бројот на активни случаи изнесува 1.550.