Седум починати пациенти, нови 142 случаи со ковид-19
Во изминативе 24 часа потврдени се 142 нови случаи со ковид 19, од вкупно направени 2.046 тестови, информираат од министерството за здравство.
Од вкупниот број на позитивни 28 се реинфекции.
Регистрирани сe 105 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 4 починати лица: две починати лица од Скопје (64г и 85г) и по едно починато лице од Прилеп (73г) и Велес (58г). Сите се починати во болнички услови.
Зошто е кревко здравјето на македонските граѓани?
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица. Двајца од Скопје и еден од Тетово на возраст од 78 години до 87 години. Пријавените лица се починати во период од 16.03.2022 до 19.03.2022 гоидна. Од пријавените лица 2 се починати во домашни услови, а едно лице е починато во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.983.540 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.796, бројот на оздравени пациенти е 297.164, на починати е 9.251, а бројот на активни случаи изнесува 1.381.