Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июль
2023

Гир - ЕУ испраќа оценска мисија за Судскиот совет

0
Европската унија (ЕУ) испраќа оценска мисија во Северна Македонија за работата на Судскиот совет, најави евроамбасадорот Дејвид Гир.


Најавата доаѓа по низата скандали и превирања изминатите неколку месеци.


Евроамбасадорот во интервју за Топ тема на ТВ Телма рече дека тоа веќе и е предложено на Владата и се надева дека ќе се реализира најбрзо што може, бидејќи, како што вели, работата на Судскиот совет мора да се поправи.



„Мислам дека турбуленции е вистинскиот збор за тоа. Го следиме тоа одблиску со голема загриженост. Судскиот совет треба да игра многу значајна улога. Тој треба да ја штити и промовира независноста, професионализмот и интегритетот на судството. Тое е неговата работа. Јасно е дека не го прави тоа. Неодамнешните случвања се многу загрижувачки“, рече Гир.


Поради тоа и предложиле на Владата, ЕУ да распореди во земјава оценска мисија на високо ниво за Судскиот совет. Тој појаснува дека тоа е советодавна група.




„За да ги најде начините на кои ние може да одговориме на прашањата за професионализмот, интегритетот и независноста, за тие навистина да можат да ја вршат својата работа во иднина“, вели Гир.



Случувањата во Судскиот совет во последните месеци се тема на загриженост и од меѓународни и од домашни институции.


За помалку од пет месеци, две претседателки на Судскиот совет беа сменети, што предизвика сериозна загриженост за независноста на судството во Северна Македонија. И двете обвинија дека причина за нивната смена е политички интерес.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *