Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июль
2023

Скопје затрупано во ѓубре, причина кавга меѓу вработени и директорката на Комунална хигена

0
Викендов контејнерите во главниот град сее преполни со смет. Не стивнуваат реакциите од граѓани кои реагираат поради тоа што ѓубрето не се исфрла од контејнерите. Уште полошо е велат што поради топлото време се шири страшна смрдеа.


Причината за ова е што од петокот дел од вработените во „Комунална хигиена“ протестираат и не го собираат ѓубрето, но и не дозволуваат останатите вработени да работат. Како што јавуваат дел од медиумите ноќва имало тензии пред градското претпријатие, а директорката Косана Мазнева морала да повика и полиција.




„Во Полициска станица Гази Баба синоќа околу 23.00 часот е пријавено дека во јавно претпријатие на подрачјето на Гази Баба дел од вработените пред капијата одржуваат протест. Полициски службеници излегле на лице место, при што било констатирано дека околу 50 лица протестираат“ потврдија за МИА од МВР во врска со протестот на вработени во ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје.


Исто така, на 09.07.2023 околу 01.30 часот е пријавено дека дел од вработените ги попречуваат влезот во претпријатието и останатите вработени во извршувањето на работните обврски. Од МВР информираат дека е известен јавен обвинител.

Инаку, вработените во ЈП „Комунална хигиена“ синоќа излегоа на протест со барања за повисоки плати и враќање на отпуштените колеги од работа.


На протестот се појавила директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева и побарала работниците да го прекинат штрајкот и да се вратат на работа. Таа им вети на вработените дека ќе добијат К 15, но нагласи дека мора да се почитуваат зкаоните.




Директорката Мазнева порачала дека разговорите ќе продолжат од понеделник.

Вработените во „Комунална хигиена“ веќе неколку дена протестираат и бараат повисоки плати, подобри услови, исплата на К15 и враќање на отпуштените колеги од работа.


Директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева вчера на прес-конференција информира дека нема да дозволи политички центар да ја контролира работата на ова претпријатие и дека се поднесени пријави до МВР и до Обвинителството за заканите по живот кон неа и кон други вработени.

 














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *