Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Март
2022

Новости за 01.03.2022

Најмалку 70 украински војници загинале во Охтирка

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 70 украински војници загинале кога руски војници гранатирале воена база во градот Охтирка, кој се наоѓа меѓу Харков и Киев, соопшти денеска шефот на регионот Суми, Дмитро Живицки. Градоначалникот на Херсон, Ихор Колихаев на Фејсбук напиша дека руската војска поставува контролни пунктови на влезовите во градот. „Херсон бил и ќе остане украински“, напиша Колихаев. Херсон се наоѓа северозападно од Кримскиот Полуостров, кој беше илегално анектиран од Русија во 2014 година. Шефот на регионот Доњецк... Читать дальше...

Колку Македонија е подготвена за примање бегалци од Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Над половина милион бегалци ја напуштија Украина поради руската инвазија во земјата. Македонските граѓани нудат помош, а меѓународните институции смируваат дека земјава има искуство со бегалски бранови. Засега нема конкретни најави за пристигнување на украински бегалци во земјава.

РТ и Спутник блокирани и на Јутуб

SlobodnaEvropa.mk 

Гугл Европа соопшти дека ги блокира каналите на Јутуб поврзани со руските прокремљовски медиуми РТ (Раша тудеј) и Спутник за време на руската инвазија врз Украина. Гугл, кој е сопственик на Јутуб, денеска соопшти дека потегот стапува на сила веднаш, иако ќе биде потребно време за системите целосно да проработат. „Нашите тимови продолжуваат деноноќно да ја следат ситуацијата за да преземат брза акција“, се наведува во соопштението на Гугл објавено на Твитер. Овој потег доаѓа неколку часа... Читать дальше...

Бешлиев - Кризата ќе удри на земјоделско-прехранбениот и фармацевтскиот сектор

SlobodnaEvropa.mk 

Состојбите поврзани со руско украинската криза се менуваат како во лош филм и сосема станува извесно дека сето тоа сигурно ќе има силно влијание врз македонската економија, а најголеми штети ќе претрпат земјоделско-прехранбената и фармацевтската индустрија, бидејќи тие учествуваат со најголем обем во трговската размена со Русија, вели за МИА извршниот директор на Македонско-руската стопанска комора, Дејан Бешлиев. Тој вели дека директните штети ќе бидат загрижувачки, дури и драматични за одредени економски сектори и компании ... Читать дальше...

Османи - Македонско семејство со бебе старо пет дена ќе се извлекува од Харков

SlobodnaEvropa.mk 

Македонските власти во соработка со партнерите се обидуваат да евакуираат семејство на македонски државјани во Харков, Украина со бебе од пет дена, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифинг со новинарите. Тој вели дека од МНР уште пред да почне инвазијата упатуваше апел до македонските државјани да ја напуштат Украина, но посоченото семејство не можело да одговори на апелите, оти чекале термин за породување. Министерот вели дека откако ќе заврши акцијата ќе каже на кој начин тие се извлечени од Украина. Читать дальше...

Зошто Украина не е членка на НАТО?

SlobodnaEvropa.mk 

Зошто рускиот претседател Владимир Путин бара НАТО да не се проширува со Украина и зошто Украина не е дел од Алијансата? Автор: Асја Хафнер

Ердоган и Лукашенко телефонски разговарале за инвазијата на Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговарал за руската инвазија на Украина со авторитарниот лидер на Белорусија Александар Лукашенко, кој е близок сојузник на Москва, соопштија од Кабинетот на Ердоган. Тие телефонски разговарале рано утрово. Нивниот разговор се фокусирал на преговорите за прекин на огнот што се одржа вчера меѓу украинските и руските претставници во Белорусија. Иако на разговорите не беше постигнат напредок, двете страни се согласија да се одржи уште една рунда разговори во наредните денови. Читать дальше...

Стивнува состојбата со ковид

SlobodnaEvropa.mk 

Институт за јавно здравје во својот неделен извештај наведува дека се намалува бројот на позитивни случаи на ковид, на хоспитализирани и на починати. Минатата недела регистрирани сe 3.702 нови позитивни случаи, што е намалување од 39,5 отсто во однос на претходната седмица. Има намалување и на бројот на тестирани. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци , Скопје и Гевгелија. Во однос на претходната недела, се бележи намалување... Читать дальше...



Декларација за поддршка на Украина денеска пред пратениците

SlobodnaEvropa.mk 

Во Собранието денеска на Комисијата за надворешна политика ќе се разгледува Предлог Декларацијата за осуда на политиките кои го доведуваат во прашање постоењето на европските држави и поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Декларацијата е на предлог на Либерално демократската партија. Претседателот на Комисијата за надворешни работи, Антонијо Милошоски вчера рече дека се надева дека парламентарните партии ќе се усогласат Собранието да донесе декларација за Украина. ... Читать дальше...

Трипков и Џуровски со проект кој бара соочување со светоста на мајчиниот јазик

SlobodnaEvropa.mk 

„Македонска глаголица. Македонска кирилица“ е насловена изложбата на плакати/фонтови на Лазе Трипков и Ласко Џуровски, што од 28 февруари до 7 март ќе се одржи во Галеријата на Младински културен центар Скопје. Поставката претставува празник, чествување на глаголицата и кирилицата.

Руски воен конвој се распоредува пред Киев

SlobodnaEvropa.mk 

Руската армија денеска поставила контролни пунктови на периферијата на јужниот украински град Херсон, а голем воен конвој се собира пред Киев, се информациите кои пристигнуваат на шестиот ден од почетокот на руската војна во Украина. Сателитските снимки покажуваат дека конвој оклопни возила и артилерија што се протега на повеќе од 65 километри се наоѓа на неколку километри од главниот град. Украинските вооружени сили во тоа гледаат обид руските сили да го опколат и да ја преземат контролата над најголемиот град во земјата. Читать дальше...

Зеленски ја обвини Русија за воени злосторства и бара забрана за руски летови

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија на 28 февруари истрелала ракета на градот Харков, истакнувајќи дека тоа е очигледно воено злосторство. „Харков е мирен град, без воени објекти. Десетици снимки од очевидци докажуваат дека не се работи за еден проектил, туку за намерно уништување на луѓе“, рече Зеленски во обраќање во понеделникот вечерта, на 28 февруари. Министерството за внатрешни работи на Украина наведе дека десетина цивили загинале откако Харков, вториот по големина град во земјата... Читать дальше...

САД протеруваат 12 руски дипломати од Мисијата во ОН обвинувајќи ги за шпионажа

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите Американски Држави одлучиле да протераат 12 руски дипломати од дипломатската мисија во Обединетите нации(ОН), поради загриженост за националната сигурност, соопштија американски и руски дипломати. На нив им е наредено да ги напуштат САД до 7 март. Мисијата на САД при ОН, во соопштение наведува дека 12 -те руски дипломати се „оперативци кои ги заборавиле своите привилегии на престој во САД и учествувале во шпионски активности кои се штетни за националната сигурност“, пренесува Си-Ен-Ен. Читать дальше...

Вонредна седница на бугарскиот парламент за оставката на министерот за одбрана

SlobodnaEvropa.mk 

За оставката на бугарскиот министер за одбрана Стефан Јанев денеска ќе се гласа на вонредна седница на бугарскиот парламент. Оставката ја побара бугарскиот премиер Кирил Петков, кој изјави дека ниту еден министер во Владата нема право на своја надворешна политика, особено на Фејсбук. Во Бугарија пристигнуваат околу 150 американски војници и опрема Повод за неговата изјава беше објава на Јанев во неделата во која руската инвазија врз Украина ја нарече операција, по што премиерот беше дециден... Читать дальше...

Временска прогноза – Облачно со повремен снег

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во западните и јужните делови ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 0 до 5 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Во делови од котлината ќе провејува слаб снег. Максималната температура ќе достигне 5 степени. Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Дојран И во следните денови не очекува променливо облачно и посвежо време. Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *