Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Март
2022

Новости за 08.03.2022

Путин: регрути и резервисти не се пратени да се борат во Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека ниту еден регрут или резервист не e пратен да се бори во војната на неговата земја против Украина, јавува германската агенција ДПА. Во изјавата објавена денеска, на Меѓународниот ден на жената 8 Март, рускиот претседател тврди дека само професионални војници се вклучени во нападот на соседната земја. Путин наведува дека ја разбира загриженоста на мајките, сопругите и роднините на војниците кои се во Украина. „Можете да бидете горди на нив, како што целата земја се гордее со нив“, вели Путин. Читать дальше...

Зошто Зеленски бара „затворено небо“ над Украина и зошто НАТО „му откажува“

SlobodnaEvropa.mk 

Што значи „затворање на небото“? Дали некогаш е направено? Зошто НАТО го одбива ова барање на украинскиот претседател? Ги собравме одговорите на овие три главни прашања. Автори: Борис Митов и Елица Симеонова

Иран успешно лансирал втор воен сателит во орбитата

SlobodnaEvropa.mk 

Иран соопшти дека успешно го лансирал својот втор воен сателит додека разговорите за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Техеран и големите сили достигнаа критична точка. „Вториот воен сателит на Иран наречен Нур-2 е лансиран во вселената со ракетата Касед на воздушното вселенско крило на Револуционерната гарда и успешно поставен во орбитата на 500 километри над Земјата“, објави официјалната новинска агенција ИРНА на 8 март. МААЕ: Иран нагло ги зголемил резервите на збогатен... Читать дальше...

Пендаровски: жените сѐ уште не се на доволно позиции од кои се носат клучни одлуки

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Стево Пендаровски во својата денешна порака по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жените наведува дека борбата за женските права е секојдневна и сѐ уште е борба за еднаквост и достоинствен живот. Во соопштението се наведува дека и покрај зголемената свест за правата на жените, донесените законски решенија и програми, на патот кон еднаквоста остануваат многу предизвици во однос на доследната имплементација на политиките, како и во поглед на образованието и промената на родовите стереотипи и норми. Читать дальше...

Жените далеку од позициите каде што се одлучува

SlobodnaEvropa.mk 

Во земјава има повеќе вработени високообразовани жени од мажи, но само 19 отсто од високите раководни функции во приватниот сектор се во рацете на жени. Во владата има само 4 жени и 17 мажи, а од 81 општини има само две градоначалнички.

Русија тврди дека отворила хуманитарни коридори од неколку украински градови

SlobodnaEvropa.mk 

Русија на 8 март соопшти дека отворила хуманитарни коридори за да им овозможи на цивилите да се евакуираат од неколку украински градови ,меѓу кои и главниот град Киев. Во меѓувреме останува украинскиот скептицизам по сличните ветувања на Москва кои предвидуваа само евакуација кон Русија и нејзиниот близок сојузник Белорусија. Руското Министерство за одбрана соопшти дека коридорите се отворени денеска од 10 часот по московско време од Чернихив, Суми, Харкив и опколеното црноморско пристаниште Мариупол... Читать дальше...

Минатата недела за третина помалку заразени и починати од ковид

SlobodnaEvropa.mk 

Во периодот од 28 февруари до 6 март регистрирани сe 2.504 нови позитивни ковид случаи, што е за 32,3 отсто помалку во однос на претходната недела. Процентот на позитивност се движи од 9,4% до 18,4%, просечно 14,0%. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје објавен денеска тестирани се вкупно 17.416 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 9,4% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје... Читать дальше...



Украинската вицепремиерка најави хуманитарен коридор за евакуација на цивили од Суми

SlobodnaEvropa.mk 

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук рече дека според договорот со Русија за отворање на „хуманитарен коридор“ цивилите ќе почнат да го напуштаат опколениот североисточен украински град Суми на 8 март. „Договорено е првиот конвој да тргне во 10 часот од градот Суми. Конвојот ќе го следи локалното население со сопствени возила“, рече Верешчук во телевизиска изјава. Неморална понуда за евакуација на бомбардираните Украинци преку руска територија Суми, кој се наоѓа во близина на руската... Читать дальше...

Марш за женски права во Скопје под слоганот сиромаштијата има женско лице

SlobodnaEvropa.mk 

Под слоганот „Сиромаштијата има женско лице“ денеска во Скопје по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март ќе се одржи шестиот Марш за женски права. „На овој марш, заеднички ќе упатиме порака дека и покрај тоа што жените се еднаква половина од населението во државата, сѐ уште не уживаат еднакви права во речиси ниту еден аспект од нивните животи, на работа или дома, во политиката и социјалниот живот. Маршираме бидејќи држава во која жените не се вклучени како еднакви, е држава во која нема напредок! Читать дальше...

Бугарија ќе побара исклучок од санкциите кон Русија за увоз на нафта и гас

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарија, која ги поддржува санкциите против Русија како средство за запирање на руската инвазија на Украина, најверојатно ќе бара исклучок од забраната за увоз на руски природен гас и нафта доколку се даде таков предлог. Ова за Ројтерс го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков, пренесоа бугарските медиуми. Како што јавува дописникот на МИА од Софија Петков појаснил дека Бугарија ќе ги поддржи сите видови мерки бидејќи е против војната, освен двете мерки за увоз на нафта и гас оти во моментов нема алтернативи и земјата е премногу зависна. Читать дальше...

САД и европските сојузници најавуваат дополнителни санкции за Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на Соединетите Американски Држави, Франција, Германија и Велика Британија ветија дека дополнително ќе ја казнат Русија поради нејзината инвазија врз Украина, соопшти Белата куќа на седми март. Се уште нема одлука за забрана за увоз на руска нафта и покрај зголемениот притисок од американските пратеници да го прекинат изворот на приходи на владата на рускиот претседател Владимир Путин. Неморална понуда за евакуација на бомбардираните Украинци преку руска територија Американскиот претседател Џо Бајден... Читать дальше...

Времето денеска-облачно и студено

SlobodnaEvropa.mk 

Облачно и студено време ќе преовладува денеска во земјава. Ќе има локални врнежи претежно од снег и ќе дува умерен, долж Повардарието, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе се движи од 1 до 6 степени. Во Скопје, слично време со утринска температура до -1 и максимална до 5 степени. Во следните денови ќе се задржи променливото облачно и студено време со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *