Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Март
2022

Новости за 24.03.2022

Столтенберг: Путин направи „голема грешка“ со инвазијата врз Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека рускиот претседател Владимир Путин направил „голема грешка“ со неговата неиспровоцирана инвазија врз Украина. „Претседателот Путин направи голема грешка, а тоа е да започне војна против независна суверена нација. Тој ги потцени силата на украинскиот народ, храброста на украинскиот народ и нивните вооружени сили“, изјави Столтенберг пред вонредниот самит на НАТО. Во Брисел самит на НАТО Тој додаде дека лидерите ќе разговараат за „потребата... Читать дальше...

Зеленски ќе се обрати на самитот на НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска треба да им се обрати преку интернет на лидерите на земјите од НАТО кои ќе се состанат во Брисел на вонредниот самит посветен на руската инвазија на Украина, објави Алијансата. „Претседателот Зеленски е поканет да се обрати на самитот на НАТО преку видео врска. Тоа ќе биде можност лидерите на сојузниците директно да слушнат од него за катастрофалната ситуација во која се наоѓа украинскиот народ поради руската агресија“, се вели во соопштението на НАТО. Читать дальше...

Британија ќе испрати 6.000 проектили за украинската војска

SlobodnaEvropa.mk 

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека неговата земја ќе испрати уште 6.000 проектили и околу 33 милиони долари финансиска помош за војската на Украина, која се бори против бруталната инвазија на руските сили. „Обединетото Кралство ќе работи со нашите сојузници за да ја засили воената и економската поддршка за Украина, зајакнувајќи ја нивната одбрана додека тие го свртуваат бранот во оваа борба“, рече тој во пресрет на самитот на НАТО и Г7 во Брисел, наведувајќи: „Не можеме и нема да стоиме... Читать дальше...

Почнува дводневен самит на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на Европската унија на дводневниот самит што почнува денеска во Брисел ќе разговараат за руската воена агресија врз Украина, безбедноста и одбраната, енергијата, економските прашања, за ковид-19 и надворешните односи. Американскиот претседател Џо Бајден ќе им се придружи на лидерите на ЕУ во текот на првиот ден од Европскиот совет на дискусија за поддршката за Украина и нејзиниот народ и за зајакнување на трансатлантската соработка како одговор на агресијата на Русија. Европа ќе објави... Читать дальше...

Во Брисел самит на НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска во Брисел ќе се одржи состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади. На состанокот ќе претседава генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кој најавувајќи го состанокот изјави: „Ќе се осврнеме на инвазијата на Русија врз Украина, нашата силна поддршка за Украина и дополнително зајакнување на одвраќањето и одбраната на НАТО. Во ова критично време, Северна Америка и Европа мора да продолжат да бидат заедно“. Тој додаде дека каква и да било употреба на нуклеарно... Читать дальше...

Времето денеска: сончево и топло

SlobodnaEvropa.mk 

Сончево и топло со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе биде од 12 до 23 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 20 степени.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *