Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Май
2023

Новости за 02.05.2023

Вучиќ и Курти усвоија Декларација за исчезнатите, а за ЗСО има само Нацрт

SlobodnaEvropa.mk 

По состанокот со косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека состаноците не биле лесни и дека е „многу загрижен“. Тој рече и дека по „клучното прашање“ за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО) е јасно дека „Приштина не сака да ја исполни својата обврска од пред 10 години“. „Мене ми беше јасно. Денеска дојдовме до ѕид. За нив, во Нацртот е неприфатливо поради косовскиот Устав, дека не сакаат нова Република Српска. И тогаш дојдовме до третата точка... Читать дальше...

Османи: Косово да подготви статут за формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство

SlobodnaEvropa.mk 

Официјална Приштина треба да претстави предлог-статут за формирање Заедница на општини со српско мнозинство, изјави на 2 мај, претседателката на Косово, Вјоса Османи. „Не смееме да дозволиме нацртот на таканаречениот Менаџерски тим, кој во реалноста е нацрт на (српскиот претседател Александар) Вучиќ, да стане основа на преговорите. Ние имаме свој нацрт кој е целосно во согласност со Уставот ( на Косово) и обезбедува да не се нарушува суверенитетот, ниту територијалниот интегритет“, рече Османи. Читать дальше...

Бугарија треба да им плати 1,6 милиони евра на Саксобурготски

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарија треба да им плати 1.635.875 евра плус додатоци што може да бидат наплатени на поранешниот престолонаследник и екс-премиер на Бугарија, Симеон Саксобурготски и на неговата сестра, пресуди на 2 мај Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП). Во 2021 година, Симеон и неговата сестра Марија Луиза ја осудија Бугарија за мораториумот на нивните имоти во 2009 година. Со мораториумот на двајцата им беше забрането да располагаат со шумското земјиште до донесување на посебен закон. Сепак... Читать дальше...

Левица преку автентично толкување бара намалување на функционерските плати

SlobodnaEvropa.mk 

Пратениците од Левица на 2 мај поднесоа барање до Претседателот на Собрание за автентично толкување на член од Законот за плати и други надоместоци за именувани и избрани лица. „Со одлуката на Уставниот суд, со која платите на функционерите се покачија неверојатни 78 пценти, цениме дека забуната е настаната при некоректно толкување на членот 11 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Републиката. Односно, Министерството за финансии во циркуларна порака до буџетските корисници... Читать дальше...

ОН - Над 100 илјади бегалци од Судан поради конфиктот

SlobodnaEvropa.mk 

Над 100 илјади бегалци преминале од Судан во соседните земји за да побегнат од конфликтот што избувна во таа земја минатиот месец, изјави претставничката на Високиот комесаријат на ОН за бегалци Олга Сарадо. Таа на брифингот во Женева на 2 мај рече дека постои ризик од хуманитарна криза. Десетици илјади Суданци и странци се уште се обидуваат да побегнат од земјата зафатена со конфликт, која запаѓа во хаос. Во меѓувреме во главниот град на Судан, Картум продолжуваат пукањето и експлозиите и покрај вториот договор за прекин на огнот. Читать дальше...

ЕК го осуди обидот за атент врз бугарскиот државен обвинител

SlobodnaEvropa.mk 

Европската комисија најостро го осудува обидот за бомбашки атентат на главниот обвинител на Бугарија, рече портпаролката на Комисијата, Анита Хипер во одговор на прашање на прес-конференција. „Ова е бесмислен и кукавички чин на насилство за кој нема место во нашето општество. Очекуваме националните власти одлучно и брзо да ги изведат сторителите на овој грозоморен чин пред лицето на правдата. Засега не можевме да претпоставиме кои се причините за таквиот напад“, додаде портпаролката. Нападот... Читать дальше...

Приведен кондуктер во Железници за криумчарење мигранти

SlobodnaEvropa.mk 

Приведен е кондуктер во Железници на Северна Македонија поради криумчарење мигранти, соопшти Министерството за внатрешни работи. Полицајци на 1 мај го привеле кондуктерот на железничката станица во Велес. Кај кондуктерот од Скопје, кој има 28 години, биле пронајдени 1000 евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело криумчарење мигранти, се појаснува во соопштението. Кондуктерот е уапсен, оти претходно на 1 мај, полицијата открила двајца мигранти од Сирија на железничка станица Кукуричани... Читать дальше...



Судскиот совет повторно не избра претседател, судството во „жив песок“

SlobodnaEvropa.mk 

Судскиот совет повторно ја одложи седницата за избор на претседател, со што дополнително ја зголеми загриженоста за независноста на судството. Причината за одложувањето на денешната седница на Судскиот совет засега е непозната.

Можни одговори за неодговорените прашања за „Бехтел и Енка“ зад затворена врата

SlobodnaEvropa.mk 

Сите дилеми и детали, но и одговорите на спорните прашања што се отворија во јавноста, а се поврзани до проектот за изградба на коридорите 8 и 10 ќе бидат разговарани на затворена седница на собраниска комисија. Ова е одлуката на денешната координација на парламентарното мнозинство кај претседателот на парламентот Талат Џафери. Опозицијата треба да предложи надлежно тело и датум за разгледување на договорот. Од ВМРО-ДПМНЕ пак бараат договорот да им биде претходно доставен на увид и да имаат разумен рок за да ги достават нивните забелешки.

Маричиќ - Росвал : С. Македонија треба да се задржи на европскиот пат

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Македонија треба да се задржи на европскиот пат оцениле вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и шведската министерка за ЕУ и Нордиска соработка, Јесика Росвал, на средбата на 2 мај во Скопје. Соговорниците се согласиле дека Шведска континуирано дава поддршка на европскиот пат на Северна Македонија и има голема улога во напредокот на реформската агенда. Вицепремиерот Маричиќ посочиле дека посетата на Росвал за време на шведското претседавање со Советот на Европската унија, е од голема политичка важност за С. Читать дальше...

Опозицијата треба да предложи датум и комисија за Договорот за „Бехтел и Енка“

SlobodnaEvropa.mk 

Опозицијата во Собранието на Република Северна Македонија да предложи датуми и надлежна комисија на која ќе биде претставен Договорот за изградба на Коридорите 8и 10Д пред пратениците, било договорено на денешната редовна координација во Парламентот. Претседателот на Собранието Талат Џафери на 2 мај имаше средба со координаторите на пратеничките групи и претставниците на политичките партии, но на координациите не присуствуваат претставници на ВМРО-ДПМНЕ, најголемата опозициска партија во Парламентот. Читать дальше...

Одложена седницата за избор на претседател на Судски совет

SlobodnaEvropa.mk 

Одложена е денешната седница на Судскиот совет на која требаше да се избира наследник на разрешената претседателка Весна Дамева. Причината за одложувањето засега е непозната. Во соопштението на Судски совет се наведува дека дополнително ќе соопштат кога ќе се одржи следната седница. Весна Дамева беше разрешена минатата среда на јавна седница на Судскиот совет. Директен повод за разрешување на Дамева било нејзиното одбивање да стави на дневен ред нова точка и наводното криење на писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер. Читать дальше...

Младите си одат, кој е виновен?

SlobodnaEvropa.mk 

Невработеноста кај младите е преполовена, долгорочната невработеност намалена, искористеноста за мерките за самовработување расте, но младите повторно си одат. Зошто?, прашува Сотир Габеловски, член на Секретаријат за меѓународна соработка на СДММ

Вучиќ и Курти го продолжуваат дијалогот во Брисел

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на 2 мај вечерта во Брисел ќе го продолжат дијалогот под покровителство на ЕУ . Фокус на средбата ќе биде имплементацијата на договорот за нормализација на односите. Заедничката средба на Вучиќ, Курти, шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, ќе започне во 18:00 часот. Според соопштението на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), на средбата ќе се разговара... Читать дальше...

Лична огорченост и желба за одмазда: Кога и како Путин се решил за војна

SlobodnaEvropa.mk 

Пријателот на Путин, бизнисменот Јуриј Ковалчук, одигра одлучувачка улога во одлуката на Путин да започне инвазија. Тој, според извор близок до Кремљ, го убедил Путин дека Европа е поделена со противречности и дека сега е најдобро време за брза операција





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *