Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Май
2023

Новости за 15.05.2023

Нема напредок во новата рунда дијалогот меѓу Србија - Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Средбата на главните преговарачари на Србија и Косово во посредство на специјалниот претставник на Европската Унија Мирослав Лајчак заврши без резултат. Главниот преговарач на Србија, Петар Петковиќ,  изјави дека на средбата српската страна повторно инсистирала на формирање Заедница на општини со српско мнозинство на Косово. Тој обвини дека косовскиот преговарач Беким Бислими не дал  конкретни одговори на како што вели важните прашања.  „Бислими не сакаше да даде никакви конкретни одговори на тоа... Читать дальше...

Приведени петмина осомничени за тероризам во Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Косовските власти соопштија дека уапсиле пет лица осомничени за терористички акти. Во соопштението на косовската полиција, на 15 мај е наведено дека полициската акција била спроведена на шест локации во регионот на Пеќ, Приштина и Гњилане, при што беа уапсени петмина осомничени. Тие се сомничат дека сториле кривични дела „поттикнување на извршување на кривично дело тероризам“ и неовластено држење, контрола или држење оружје. Во соопштението не се наведени детали за сторените кривични дела за кои се сомничат приведените. Читать дальше...

Нинова - БСП нема да го поддржи кабинетот на ГЕРБ

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерката на бугарската Социјалистичка партија (БСП), Корнелија Нинова попладнево изјави дека одлучиле да ги прекинат сите разговорите со ГЕРБ за првиот мандат за формирање нова влада во земјата. „Донесовме одлука за прекинување на разговорите со ГЕРБ - ниту за учество, ниту за поддршка“, изјави Нинова на 15 мај пред новинарите во Софија. „Доста направивме, хаосот и лицемерието што го демонстрираат не може да продолжи, барем за нас“, коментираше таа.  Претседателот на Бугарија денеска Румен... Читать дальше...

Лога - Наскоро ќе биде избран обвинител за врски во Европравда

SlobodnaEvropa.mk 

Наскоро ќе биде избран јавен обвинител за врски меѓу Северна Македонија и Европравда( Eurojust), најави на 15 мај министерот за правда Кренар Лога во своето обраќање на конференцијата за започнување на проектот на Европравда – „Подобрување на прекуграничната соработка во кривичната правда во Западен Балкан“ во Хаг. Европравда е Агенција на Европската унија за соработка во кривичното правосудство. „Од исклучително значење е заложбата на Европравда дополнително да се ангажира со партнерите од Западен... Читать дальше...

Радев и го врачи на Габриел мандатот за формирање влада

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Бугарија Румен Радев и го додели мандатот за формирање влада на кандидатката за премиер на земјата од редовите на ГЕРБ-СДС, Марија Габриел. Според Уставот, Габриел има рок од 7 дена да го предложи составот на Советот на министри. Доколку не успее, претседателот ќе го предаде следниот мандат на втората по големина пратеничка група - „Продолжуваме со промените - Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ). „Сакам да ве уверам дека ќе направам сè што е можно во рамките на овој истражувачки мандат Бугарија да има стабилна... Читать дальше...

Ердоган во предност, лирата во пад

SlobodnaEvropa.mk 

На претседателските избори во Турција води досегашниот претседател Реџеп Таип Ердоган, но на 28 мај ќе има втор круг. По гласањето е забележан пад на турската лира. Шефовите на ЕУ им честитаа на турските гласачи за големата излезност. Од Москва порака дека ќе ја почитуваат волјата на турскиот народ.

Цихановскаја по гласините за болеста на Лукашенко - Бидете подготвени за секое сценарио

SlobodnaEvropa.mk 

Свјатлана Цихановскаја, лидерка на белоруската опозиција, која сама замина во прогон, на 15 мај ја повика белоруската јавност и меѓународната заедница „да бидат подготвени за секое сценарио“, бидејќи Минск и државните медиуми избегнуваат да одговорат на гласините дека белорускиот лидер Александар Лукашенко е болен. „Има многу гласини за здравјето на диктаторот Лукашенка“, напиша Цихановскаја, истакната критичарка и политички противник на Лукашенко, на Твитер на 15 мај. „За нас тоа значи само едно... Читать дальше...



Уставните измени се само една од можните сопки кон влезот во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Уставните измени не се единствениот критериум за отворање на втората меѓувладина конференција, велат од Институтот за демократија. Историските прашања, учебниците, говорот на омраза, и сл. се само дел од обврските кои земјава ги презела со потпишување на Протоколот со Бугарија. Од Институтот Преспа пак се убедени дека внесувањето на Бугарите во Уставот се единствениот критериум за старт на преговорите по поглавја.

Почина ученичка, десетта жртва од масовното убиство во школото во Белград

SlobodnaEvropa.mk 

Почина ученичка, која се лекуваше на Детската клиника во Белград, откако беше ранета при пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“, потврдија од Министерството за здравство, пренесе РТС. Девојче беше тешко повредено во масовно пукање во основно училиште во Белград на 3 мај. Тогаш во вооружен напад на 13-годишно момче, загинаа осум ученици и еден чувар. Девојчето е десеттата жртва.

Има ли „кочница“ за банкарските провизии при плаќање сметки?

SlobodnaEvropa.mk 

Прашањето на РСЕ на Фејсбук „Што мислат граѓаните за наплатата на провизија од страна на банките при онлајн плаќање сметки за струја, вода, парно...“ отвори широка дебата. Едни се за укинување, или да бидат симболични, додека други ја оправдуваат наплатата. Најголемиот дел се согласуваат дека „секаде во светот со дигитализацијата провизиите паѓаат, а само кај нас растат“.

Повисоки плати за 78 проценти добиле 1060 функционери

SlobodnaEvropa.mk 

Илјада и 60 функционери за април добиле повисоки плати за 78 проценти, информираше денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Платите на функционерите се зголемија по одлуката на Уставен суд. За повисоки плати на функционерите до крајот на годината ќе се потрошат дополнителни 960 милиони денари од Буџетот на државата. Министерот денеска потврди дека добил плата повисока за 78 проценти. Досегашната плата му била 71.145 денари, а за април му се исплатени 125.960 денари. Бесими смета дека... Читать дальше...

Главниот бугарски обвинител нема да си поднесе оставка

SlobodnaEvropa.mk 

Главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев, нема да поднесе оставка и ќе го заврши седумгодишниот мандат, кој завршува на крајот на 2026 година. Тој ова го најави на 15 мај на брифинг со новинари во Судската палата. Гешев побара оставка од еден од неговите заменици - Борислав Сарафов и порача дека е време народот да го исчисти „политичкото ѓубре“ од Парламентот. Марија Габриел, која е кандидатка за премиер на Бугарија од редовите на најголемата политичка сила во парламентот, ГЕРБ - СДС, минатата... Читать дальше...

Во Брисел продолжува дијалогот Србија - Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Во Брисел на 15 мај продолжува дијалогот меѓу Србија и Косово со состанок на шефовите на преговарачките тимови на Србија и на Косово, Петар Петковиќ и Бесник Бислими. Средбите се во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на Европската унија. Во фокусот на разговорите ќе биде имплементацијата на Договорот за нормализација на односите и анексот на тој договор. Главниот преговарач на Косово Бесник Бислими и шефот на српската делегација Петар Петковиќ најпрво ќе имаат одвоени... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *